utre treba da pravam brisevi ve molam kazete mi ne mi e jasno da ne preci nesto bidejki idam na folikulometrija ili nema vrska
Девојчиња, треба да проверам хормони на 3 ден од циклус, ама ми се паѓа во недела. Дали знаете дали работи во недела лабораторијата на гинекологија?
Работи, само нема да платиш дента затоа што не работат шалтерите. Кога ќе одиш по резултсти ќе си платиш
Фала многу за одговорот, многу ми е мило што си успеала, гушни го Дариа од мене да има долг и срекен живот. Фала за подршката. Поздрав Мене матичната ми кажа дека никаде не прават на државно. Поздрав
Денес бев кај Трајков од Имунологија и го прашувам за метилирана б 12 дали треба да зимам вика не бе врска нема зимај си ги обичните иди најди им нзс како кому иде на една едно кажуваат на друга друго на кој да верува човек.
Нема АМХ на државно никаде. Јас пратив маил во ФЗО минатата недлеа кога прашував каде може да се направи 4д ехо, воедно прашав и за АМХ каде може да се испита на држзавно. Ми одговрија дека АМХ не се испитува на државно, ама дека не го барале на сите, и дека се во преговори да се испитува на ГАК наскоро. Како и да е, во моментов никде на државно. А за 4 д исто ми одговорија дека знаат дека не им работи апратот во ГАК. И да си направам кај матичниот ако има Ете тоа беше одговрот од ФЗО. А и прашав дали прават поврат на средства за 4 д ехо, бидејќи нели не работи, ми одговориле - не
Па и на еден да го бараат треба да има на државно или во најмала рака да рефундираат средства. Во 21 век, еден 4д уред има на државно во приватниве ординации, секоја амбуланта има..
Бев на конторла кај матичниот и на брис ми се појави уроплазма уреалитикум, не ја имам првпат, сум ја имала и другпат... Туку освен сумамед, некој совет за природно лечење. И сеа ... ќе нема трансфер додека ја набркам „гостинкава“, си знам, не се нијавив во систина да прашам, ама што ќе прашувам, си знам Дали ги пиеш тие апчињата Пентоксифилин, за циркулација? (прашуваше за нив пред некое време) Мене матичниот ми препорача да пијам Flebodia за циркулација, биле подобри од аспирин. Ги купив, ама се уште не сум ги почнала, читам по интернетов и за хемороиди ги давале. Јас требад а ги пијам 2 недели мислам, па контрола ми рече, и ми рече после нив и трансфузиологија ќе ме прати... А тоа шо викаш, едни викаат вака едни викаат така за метилиранта форма, и јас сум забележала дека ставот за метилирана е поделен... а матичниот ми вика - е ние порано на секоја витамин Е и препишувавме, па после испадна дека не требало, сега на секоја фолна и викаме да пие и се насмеа. Ја прашав, е сеа да пијам или не ми вика пиј си. крај не се фаќа
И јас прашував за истото, докторот ми рече за витамини да се договарам со гинеколог, само метил фолат 0,8 и аспирин 100 ми препорача. А за клексани, од колку единици ви препишува трансфузиолог? Изгледа сите различно примаат...
Да баш мила...клексани од 0,4 јас примам ми рече ради килажата не смееш повеќе.. хахаха ти викам кому иде на една дај, следната не и така а ние стапот го јадеме ко глувци сме им! Мене едно три пати ми се деси да не се сложат мислењата меѓу гинеколог-трансфузиолог и гинеколог-ендокринолог...ти незнаеш кои фрќи и нервоза кој да послушаш ми идело се да отерам со извинение а јас си трпам стрес еден тон дали правиот доктор ќе го послушам. инаку пијам пентоксифилин да веке два месеци резултатот ќе го видам на следното ин витро имам време пауза правам.. би требало да се ок желудник знам помалку ме боли за разлика од аспиринот, трансфузиологот ми вика ок е пиј си ги имаат и тие добра и друга функција па со Бог напред пуштам среќа
Moze ke ti refundiraat samo kazi mu na doktorot na transfuzija znaat oni kako da pisat,jas pocnav so kleksani od dekembri mesec a na transfuzija imav zakazano januari imase 1 mesec razlika ama mi pisa doktorkata izvestaj i mi refundiraa
Јас побарав од матичниот гинеколог упат за трансфузиолог за да можам да си ги рефундирам клексаните од сега па натака, ги примам веќе 3 месеци приватно. И ме откачи, ми рече џабе ќе те праќам штом од почеток не си се јавила, нема да завршиш работа Точно ли е тоа ?
Не е точно јас исто 1месец ги купував на приватно но си отидов потоа со приоритетен упат кај Др.Елена Петковиќ ми земаа крв за хемостаза и ддимери и ми препиша за цел месец клексани и тие од тогаш со тој извештај што си ги купив си ги рефундирав и се така беше 8 месеци до крај на бременоста... Јас имав земено од матичната општа приоритетен а Др.Елена и да и влезеш без упат ќе те прими прекрасна особа е и на сите помага...топло ја препорачувам...гризлива...стручна...професионалец со еден збор... Јас клексан примав до крај на бременоста и по пораѓај уште 3 цели недели...
Па и јас до крај ќе ги примам. Затоа сакав да си завршам работа. Ама штом може од општиот матичен, ќе завршам работа. Мислев мора од матичен гинеколог.
Може и општ матичен да ти закажи термин или да ти даде приоритетен упат.Не се малце пари за да си кажеш ај немора да рефундирам...но до крај на бременост се многу...кај мене дури и во 7ми месец по 2 клексани боцкав цел месец па тоа се многу пари реално а и башка кога има опција за рефундирање зашто да не си ја искористиме нели?
Никогаш не се мерило висината на димерите за дозата на Клексанот, не се споредувај со други, тука се вклучени повеќе фактори, анамнеза, времиња, плод, плацента, папочна врвца, димерите како бројка некогаш не значат ништо