Јас со 0,5 амх останав бремена. Така, остани си позитивна и добро е малку пауза што си направила. И јас правев паузи од 1-2 месеци, па пак почнував со суплементи.
Кажа др Татјана дека го прават ама не кажа цена(вајда оти е висока Зошто од фондот да не плакаат и вакво испитување кај пар со идиопатски стееилитет кога плодот на пр три инвитра не се имплантира?
Девојки дали одобрат ваучер во фондот за донирани јајце клетки со амх 2, 57, и како оди таа процедура, сама требаа да најдеш донатор или тие од болницата ти го дават тоаа? Поздрав
Незнам дали ќе ти одобрат зашто амх ти е одлично. И не разбирам зошто со донор јк кога имаш сопствени? @Lavica2602 Убаво ти напиша @Mimmi39 што да земаш, јас ќе ти кажам уште дхеа суплементи.
Се извинувам што ќе се умешам, знам дека мене не ме праша, но скоро и јас сакав да купам. Јас кога барав, имаше во Сити Мол најгоре каде што продаваат за билдери и разни суплементи. Само што беа од 50 мг, а мене докторот ми рече од 25 да земам и да пијам двапати дневно. Башка што барав од Свансон и никаде не најдов.
Девојче мило кој те убива у поим?Кој волку те тера да размислуваш за донирани кога имаш шанса за со свои?Извини ќе си дозволам убаво да те искарам!Јас правам се на светов да можам да се оплодам со мои јк,не дека имам нешто против за со донирани ама жена како жена ќе помине седом гори и долини ќе преплива и седум мориња дур не стане мајка.Нормално секој сака свое биолошко но ако нема веќе шанса се оди со донор. Ако тоа веќе преостанува единствена шанса да се стане мајка само тогаш. Не знам зошто ти размислуваш за оваа опција. Извини можеби премногу си дозволив да се мешам ама верувај ова е добронамерно вака би ја советувала и сопсвената сестра. Е сега вака: Дали фондот ќе ти одобри ваучер за до донор не знам имаш добра резерва. Инаку постапката е вака: ако добиеш ваучер за со донирани ќе ти кажам за њуборн дека јк се набавуваат од банка за јк. За 4јк ти го плаќаш само транспортот и чувањето а тоа ќе те кошта 2500е. Оплодувањето и трансферот го плаќа фондот. Клиниката ќе ти даде да бираш вероисповед на донор,боја на кожа,крвна група.Ова е нешто што јас малку знам па го споделив со тебе ама јас ти посакувам веќе да си забремениш и да не си се мачиш мило женче ниту да те мачат.Позз и извини уште еднаш што дозволив да ти се мешам но најдобронамерен совет е позз.
Не е исто . DHA е омега-3 масна киселина, а DHEA е дехидроепиандростерон. Сосема различни соединенија. @Lavica2602 до скоро немаше DHEA во МК, но, како што ти кажа Оли, ги има сега во City Mall. Значи таман ти е, една таблетка дневно И јас ги најдов во City Mall, на истото место кое го опиша.
Фала многу за советите, јас размислувам за донор затоа што моите јајце клетки не се квалитетни, направив 3 ивф ниту една не фати на секоја имав по 15 јајце клетки сите се оплодуват ама не се делат и во последното ми кажа тоа било заради годините немам квалитетни јајце клетки, ама сите анализи ми се добри немам никаков проблем ни со хормони ама никако не бидува. Затоа реков да чекам за џабе а годините си минуват па мислев со донор да видам дали ке успее. Фала за се, Поздрав
Јас пак ке ри речам да смениш др барем за консултација,да чуеш и друго мислење.Кај некоја докторка од плоднис или ремедика беше така?
И кај мене не доаѓаше до делење ама последниот пат со добра терапија добивме квлитетни ембриони. На кој начин и да одиш ти посакувам среќа. Но секако побарај второ и трето мислење. Мислам дека планираше за во Турција пробај што и да треба за да се оствариш како мајка.