Многу јаки тие. Мислам дека нормална дневна доза за витамин b12, кај генетски мутации е 1000mcg, a toa e 1mg. Можеби сум грешка, но мислам дека така е. Ако пишува mg тогаш се милиграми, но ако е таа m како ракописна, тогаш се микрограми. Мислам дека количината на витамин b12 секогаш е напишана во микрограми. Нека ни дообјасни некоја членка, ако е подобро запозаена со оваа работа. Јас еднаш пробав да закажам преглед, сакав на консултации да одам, вртев една недела, секој ден, никој не ми дигна и се откажав.
Сигурно ваа ознака е и се има збунето оти не е mcg,не ми се верува да е 1000мг тоа е премногу за метилиран б12,ако не и за обичен.Мене дури ми рекоа дека ми е јака доза и 1мг.
Da da ova e oznakata. jas imam dve mutacii na mthfr heterozigotI dovolno e edno apce dnevno tolku mi kaza dr
Епа од 1милиграм е тоа.И јас имам хетерозогот,и др Елена трансфузиологот ми рече можам и од 0.5 мг или обичен спреј по едено прскање во уста.Земав на солгар од 1мг,па го делев на пола.
Значи ја разрешивме дилемата. Ти благодарам. И мене некако ми е јака дозата од 1мг, и искрено ги пијам на своја рака. Бевме за Бугарија за метилирана фолна, ги видов и овие, па си реков ајде да ги земам, витамини се, сигурно не штетат. Инаку мене ми е хетерозигот MTHFR A1298C. Другиот MTHFR C677T ми е нормален. Др. Трајков, кога бев на имунологија ми рече фека може и обична фолна да пијам. Кога го прашав дали е подобра метилираната, ми рече ако си ја набавиш подобро е таа да ја пиеш. За витамин b12 и витамин b6 ми рече нема потреба со оваа мутација. Си ги пијам на своја рака. Велам ајде и ова да го пробам. Инаку три години сум веќе во оваа борба, имам три неуспешни ин витра од кои само второто беше со биохемијска бременост. После тоа спремајќи се за четврто ин витро, останав природно бремена, но имав missed abortion. Во 9 недела снема срцева акција. Трагедии. Сега повторно се спремам за ин витро со смрзнати ембриони. Па да видиме. Господ е голем
Искрено јас Незнам ни јас сега како ќе биде првиот пат кога правев пред 9 месеци имаа само 2 сега ќе почнам со 2то ифв па колку се незнам
Нема штета од Б6 пиј си ја.Јас исто имам хетерозигот на мтхфр,хомозогот на другиот и уште неколку други мутации,ПАИ и други.Трансфузиологот ми рече и Б6 обавезно,а Б12 и јаспрво на своја рака почнав од што читав на интернет,а предходниот трансфузиолог ми рече немора,па после др Елена кога и кажав оти пијам рече да продолжам,само и Б6 двапати на ден.Кога се пие метилирана фолна и метилирана б12 пожелно е се пие и б6 заедно одело тоа за да нема дефицит.Добро е штом остануваш трудна ке биде се ко што треба.Јас 8 год никако немам забременето ни природно ни со ивф .Докторите креваат раменици незнаат зошто. Ајде замрзнатите нека се фатат овојпат
Не се замарај мила со тоа колку ембриолози се.. Секоја клиника си има свој професионален тим ембриолози, дали се двајца, тројца или повеќе тотално е небитно. Со среќа!
И јас кога бев во систина две жени беа ембриолози,барем така знаев.И еден Боби генетичар,може имаат и уште некој што не сум го разбрала.Макар што немислам оти е битно колку имаат на број туку колку се псветени,а најбитно е Господ да биде со нас
Ти благодарам bebaa на убавите желби, дај боже да се фатат. Кај сите што сме на овој форум да се фати, па да се ослободиме веќе еднаш. Да си ги износиме бебчињата до крај и да се радуваме на нив. И тебе ти посакувам многу среќа.
Најискрено, од сите клиники во Систина најнепосветени ми се чинат. Мене пред последната пункција Ивановски ми ја прати Анита да ми каже дека ќе посветат екстра внимание и дека се ќе работат со икси. Баш се изненадив кога ми влезе во соба, ама кога рече Митко ми кажа, сфатив дека не е до нејзината грижа, туку на докторот.
Како што пишав вчера денес бев во Њу борн кај др.Трајковски. Докторот ми остави убав впечаток и што е најбитно за заинтересира за нашиот случај. За разлика од Др.Димитров кој што креваше раце после секој неуспешен обид а кои беа 3, др. Трајковски рече дека мора да го најдеме проблемот зашто не доаѓа до имплантација. Вика има некој проблем, може е и мал ама мора да го најдеме, па тек потоа може да се прави инвитро. Така да 5 годишната љубов со Ремедика ќе ја раскинам и ќе му дадам шанса на Трајковски.
И јас раскинав со Ремедика. И во мојот случај воопшто не беа посветени. Се чуствував како да сум на фабричка лента, колку ради реда да ме поминат. А за пари да ти извлечат им нема рамен. Ова направи, она направи, се што се прави во нивната клиника, потоа и резултатите не ги гледат. Убаво што си променила. Нова средина, нови успеси. Среќноооо...
Јас па имам прекрасен впечаток од ембриологот Анита во Систина. Едно дека не умре ниедна јајце клетка од моите ретки клетки а друго дека кога ја замолив да ми се јавува таму нешто за празници се паѓаше, ми се јави да ме извести иако не мораше....ама секој со своето искуство, некогаш е како ќе се поклопат работите
За ембриолозите во Систина да кажам нешто, страшно ме нервираат кога ми јавуваат на тел да ме известат дали се оплодиле како напредуваат и сл...вака иде здраво софија овде таа и таа јас да ве известам ....и тука следува драмска пауза од неколку секунди со пуштени крици ко да не успеало и после вика супер се напредуваат и сл ...абе срце у петици ми оди стално кога ми јавуваат, не размислуваат дека ние секој детал го за забележуваме и не погодува ... мн слаби психолози се и ембриолозиве и докториве..
Јас имам две инвитра кај Трајковски, кои за жал завршија неуспешно, немам ништо против човекот, за првото инвитро ми кажа дека ми е висок прогестеронот, а за второто се беше во ред и не ми даде никакво објаснување , ми рече во медицината некогаш има некои работи за кои нема објаснувања, и сега планирам да пробам во систина, имам замрзнато 5 ембриони во Њуборн и незнам дали прават трансфер до систина или незнам како е постапката.