Место овие профертил подобро земи си ги поединечно: Л карнитин 500 мг ( околу 350ден). По 2 таб Л Аргинин 500 мг ( околу 300) по една Коензим ку 10 од 30 мг ( околу 300) по една Цинк околу 150 ден по една Селен 150 ден. По една Не знам колку коштаат профертилот, ама вака поединечно ти излегува дека месечна терапија ќе те кошта 1250 ден.
А кога ги поднесе документите? Јас точно пред 2 недели и ме фака паника што ќе ми одговорат, ми е страв да се јавам, уште чекам одговор
Во четврток, точно пред две недели. Изгледа во ист ден сме поднеле И мене ми беше страв, но си реков што ми можат по телефон
А доволно е една кутија за цел месец? Нас ни ги препорачаа проксид плус и тие се 3100ден една кутија но за пола месец
Нема скапо нескапо. Вреди! И ние ги земавме вчера ПРОфертил -от од дона фарм од систина и на ленти се продаваат.
@Dreams11 и ние сме со иста дијагноза. Маж ми пиеше 3x1. Скапа е терапијата. 1лента од 20 капсули 1200ден. Кај нас имаше подобрување, терапија ни даде Ивановски. Ама покрај профертил примаше 40дена инекции (20гонал ф и на секои 7дена прегнил). После контролен спермограм и замрзнавме материјал.