Прв пат. Прво ми ги препорача докторот мегавир ( италјанско производство) ги барав и во приштина солун белград софија не ги најдов и Стојковски од Ремедика ми рече штом тие неможеш да ги најдеш само Профертил ( наводно накдобри биле ) маж ми пие 2×1 па за 3 месеци ќе правиме пак сперморам. Здравје се надевам ќе помогнат на сите !
Мм веќе ги користи ама не често и со многу добар спермограм сме ама пак ги пие е дали има некоја разлика искрено незнам пошто нема проблем само што докторот инсистира да ги пие бар 2/3 месеци пред ифв валда помага нешто затоа и ги дава
Профертилот се 60 капсули 2*1 за 30 дена. 3900 ден , излева поефтино. Инаку гледав на интернет ги има бо Бугарија,Германија малку поефтини . Составот е ист како што пиша bubce38 и богами најефтина варијанта!
Да и јас истражував до завчера правев милион комбинации проксид спимен или профертил и со третиве е најевтина варијанта плус и др ми ги потенцираше баш тие.
И мм е со нормален спермограм. Но бидејќи е пушач , знае да се напие и по некоја чашка, има годинки кои не се за занемарување,затоа последните 3 месеци пиеше суплементи. Сега го зедов резултатот од спермограмот. Подвижни дури 78%,од кои 49% брзи, 10% во место подвижни, 19% бавни. Подобрување од прошлиот за околу 30%. Исто многу е подобрена и морфологијата. Нормални се 63% ( а беа 40%). Концентрација подобрена од 40 мил, на 55 мил. Просто неверојатно. Покрај суплементи примаше и еднаш неделно по пола ампула прегнил. Ќе замрзнеме сперма сега дефинитивно.За секој случај. Докторот се смее, вика како алва можел да продава од семето Ах да не бев јас волку дотрошена и да можеше и кај мене со терапија да се подобрат јајниците и резервите
Бевте на други испитувања,мислам кој ви ги препиша гоналот и прегнилот. Пак да спомнам дека ние имаме успешно ивф , предходно одевме кај др.Чедо за сопругот ,примаше и тогаш некои витамини+ прегнил некако немаше некое видно подобрување но успеавме на прва. Е сега дадичката сака бебе - " Беше да ми лодиш бебе- Што сакаш да ти донесе дедо мраз.. ...она само сака бебе не бара ни машко ни женско само бебе да е. Срце на мама ! Ке пробаме уште еднаш ако не да сме здрави и живи! И кај секој Господ нека дава знам дека ке бидете нај добри мајки. И уште солзи ми течат од радост кога ке прочитам дека некој успеал во оваа борба,не е лесно да но затоа после е прекрасно! Ве сакам и сакам сите до една да бидете мајки
Тек па ако си порачаш од iHerb поединечно од сите суплементи ќе ти испадне помалку од 1000 ден месечна терапија. А и мислам подобар ефект имаат суплементите и витамините да се земаат поединечно. Едни е подобро да се пијат наутро,други навечер...
Да ви е жива и здрава и да и се исполни желбата д-р Ивановски ни ја препиша терапијата. Зад себе 3 неуспешни ивф. Со Господ напред одиме понатаму, се до целта!
Кои ги пие навечер, а кои сабајле? Мм сабајле пие омега3, ку10, селен, цинк, л-аргинин. Навечер само магнезиум и калциум, а за ручек витамин ц, мултивитамин, б-комплекс. Инаку ни пуши, ни пие, ни има вишок килограми. Вежба, здраво се храни. До последниов спермограм имаше нормоспермија, последниов излезе полош, подвижноста се зезнала, само 4% брзо прогресивни. Бавни 16%, 8% во место и другите 72% неподвижни. Спермокултурата покажа дека нема бактерии. Е, дали има удел тоа што декември малку му беше понапнат месец, декември знае да е стресен на работа.
Наутро пие Аргинин,карнитин и ку10. На ручек витЕ, фолна. Навечер омега,селен и цинк. Некогаш му давам и мака и витД. Пред спиење мелатонин со б6. Карнитин пие само кога е на работа. Во слободните денови не пие. Додај му и витамин Е ,барем 200 мг
Е, да, со витамин Е правеше пауза бидејќи видовме и дека во омега3 има ама изгледа е малку тоа, ќе треба да ми додадам пак да попие Заборавив да кажам дека магнезиумот му е со Б6, а калциумот со Д, тие ги пие пред спиење.
Малку е тоа вит Е во омегата. Јас и мм вит Е пиеме и по 600 мг . Ако не ти се противи, мушни му и мака сега пред ивф-то. А ку10 по колку мг внесува? Е гледаш нема врска тоа баш . Мм пуше 3 кутии, ден нема без 2 виски или шток, не вежба, се храни претежно кафански. Се најлошо,ама спермограм има топ.
Не бе какво противење, се' прифаќа, едвај ќе чека нешто плус да му дадам Ку10 пиеме од 120мг. Малку да не е?
Добро е. А Аргинин колку? Мм 1гр. Штом вежба дај му и карнитин, бар 500 мг. Одличен е за созревање и подвижност на јунаците.
Како замена за проксид плус маж ми пие 2*1 андроситол прашаци од Бугарија ги земаме ,1*1 олигосел комбинацаија од А+Ц+Е+Селен+Циник и 1*1 Iron and Vitamin B complex forte. Олигоселот и Iron&B complex ги земаме од Зегин и не се поскапи заедно од 1000ден но се за 3 месеци мислам. А прашаците се 1200ден за месец. Фармацефт ни ја кажа комбинацијава и наводно е мн подобра и од составот што го имаат и проксид. Значи се што има проксид и плус. Имаме значително подобрување во подвижност и морфологија но концентрацијата не ни ни е подобрена. И од овој месец му земав и мед со матичен млеч па ќе видиме што ќе се случи.
Пак јас Не ме додржа место до понеделник, денес пак им се јавив во ФЗО. Ги разгледале, но бараат уште една инсеминација (три имав). Таман месецов да ја направиме и ќе си го чекаме ваучерот по пошта, нема да ги замарам веќе по телефони
И ми рекоа дека денес или во понеделник ќе ми стигне одговорот по пошта. Кај тебе да стигне ваучер! @em4e_baby благодарам! Дајбоже