Точно е тоа дека е малку контроверзна употребата на Дхеа, еве и јас многу се мислам дали да ја земам или не.Сепак ако ги земам прво би проверила крв.Инаку за намалување на ФСХ докажано ми помогнаа смоквите со маслиново( ги јадам скоро цела година). @0ли мислам дека нема штета од низок тестостерон.Само високиот е проблематичен
Мила Лазаревски беше првиот доктор кој што ми ги предложи Дхеа да пијам и имав ефект од нивното пиење по 6 месеци така да не може да немаш...што им е на нив на еден едно на друг друго кажуваат...и ивановски се сложи да ги пијам и благодарение на тоа имав ефекти ко што пишав...и еден совет лазаревски ми вика пиј 2 по 50мг на неизмерено... јас мн лошо ги поднесував сомнително ми беше отидов измерив беше мн над нормалата и тогаш ми рекоа и двајцата намали ги на 2 по 25, и од тогаш супер реагирав и ми беше во нормала, така да совет пиј ги обавезно но измери дхеа колку ти е и врз основа на тоа дозата ке ја знаеш .. со среќа ❤
Еве видиш. На секој различно. Скоро се видовме со Лазаревски и тоа е тоа што ми го кажа. Баш ќе испитам понеделник.да видам што ќе ми каже уште еден доктор. Аман. Ако ви се верува само Адамова не сум ја посетила од сите горе што се наведени во анкетава. Наидов на куп контрадикторности. Се испитува дхеа во приватна лаб????
Два пати вчера и завчера ми се јавија од Ремедика ИВФ центарот. Прават статистичка анализа за инвитрата направени таму. Тоа радува, сигурно ќе ги употребат податоците за научни цели и подобрување.
Јас имав позитивно искуство од дхеа. Не го проверив претходно. Немало потреба кај намалена оваријална резерва. Дхеа ги освежува и подмладува јајниците.
Се согласувам и јас дека помага. Важно е да се пие континуирано 3 месеци, бидејќи тогаш се најдобри ефектите.
Дали Дхеа се витамини и дали може така да се пие на своја рака или под надзор и препорака на гинеколог.
Dhea e hormon dehidroepiandrosteron I ne se pie na svoja raka Jas ja ispituvav na ENDOKRINOLOGija I izleze oti e visoka oti imam pcos
А кај тие што имаат неуспешни ин витра, кај нив, ке се јавуваат ли? Треба и нашите искуства да ги чујат за да им биде по веродостојна таа нивна "статистичка анализа".
Зависи што анализираат и на што работат… Таа им била таргет група. Фокусот веројатно им е на успешните инвитра, како се развивал плодот, во која недела е пораѓањето, колкаво било бебето итн. Научен труд може да се направи на безброј теми, не само успешно /неуспешно инвитро.
За научен труд ги собираат тие податоци? Така ти кажаа кога ти се јавија? Хммм....интересно........само се прашувам колку се научно издржани рутински постапки со пациенти? Во секој случај, добро е да има релевантни и јавно достапни податоци, бидејќи малку се знае за оваа проблематика.
Ne mila na 20 Februari imam zakazano kaj Dr TRAJKOVSKI I kaj Dr iskra bitoska endokrinolog ot sto e I togas ke pocneme so IVF
Да, кај Петановски. Ми рекоа дека прават аналитика врз база на статистички показатели. Не знам што има чудно сигурно ќе има некаква примена, не ги собираат да ги чуваат како бројка се надевам