Fala mila ovie denovi cekam da dobijam menstruacija I da pocnam so cikloproginova ke odime so ista sema kako prethodno oti se postigna biohemiska bremenost
Здраво женски, ве молам за искуство...треба за 10тина дена да почнам со боцкање со Суперфакт. тие денови додека се боцкам треба да патувам странство.. Какво е вашето искуство? имала некоја многу проблеми да не може да се патува? Што ме советувате? да си седам во Мк или може најнормално да си терам? плус, читам низ форумов различно - некои викаат дека боледување следува после пункција, а некои и кога ќе се почне со стимулации. Кое е точно?Уште не сум ја прашала матичнава, ама чисто да бидам спремна што да очекувам.
Не е проблем да патуваш воопшто. Ќе се боцкаш таму и толку. Само, ќе имаш неколку мерења на фоликули и хормони пред пункција, не знам колку планираш да останеш надвор. Зависи од докторот колку ќе имаш. За пункцијата ќе ти треба само 1 ден, а можно боледување тек после трансфер, а и тоа е индивидуално. За стимулации нема никаква потреба од боледување/лежење и сл. Со среќа!
За боцкање можеш да се боцкаш и додека си на патување. Ќе треба само да де обучат како сама да се боцкаш. Колку долго можеш да останеш ќе треба да си го прашаш лекарот кај што ќе правиш ИВФ не матичната. Процесот го води лекарот за ИВФ. Рачунај дека ќе имаш мерење на хормони на втор/трет ден од циклус и тогаш ќе ти дадат терапија за стимулација и ќе ја прилагодат дозата на супрефактот. Значи тогаш ќе треба да бидеш во Македонија. Потоа ќе имаш уште неколку мерења на хормони и фоликулометрии. Боледување следува после трансфер ако ти сакаш да земеш.
И мој совет е да побараш друго мислење. Јас правев hsg во Плодност, се во ред, а на крајот на извештајот пишеше: за лапароскопија. Со тој исти извештај јас правев 4 инсеминации во различни клиники и добив ваучер за ивф. Да требало да правам лапароскопија сигурно не би добила ваучер. Притоа снимката ја видоа 3 гинеколози и 1 ренгенолог и кажаа дека нема потреба од лапаро.
така и планирав...ако успеам сама да се боцкам. Ме загрижи колешка која додека се боцкаше си зема денови пошо многу и било тешко. Ја болело стомак...местото ја пецкало....затоа мислев дали е тоа вообичаено кај повеќето или не... Не знам од што зависи како ќе реагирам на инекциите...
Не знам. Јас не ни земав боледување после трансфер. Се погодија некои неработни денови после трансферот и останав дома, а потоа од втората недела по трансфер си тргнав на работа. Сега имам двегодишен син. Инаку јас добро поднесов се а имав хиперстимулација на јајниците и ми го одложија трансферот за наредниот циклус. Стомакот наболува нормално е тоа, инекциите по малку печат ама не е ништо страшно. Мислам дека зависи и кој како ќе си ја сфати постапката. Е сега јас сум со висок праг на болка и толеранција на се што е интервенција па може и затоа така си сфатив и така си поминав.
Зависи, секоја различно, мада поретки се тие со болки и сл. Јас сама се боцкав комплет, и супрефакт, и стимулации, и прегнил, и клексан. Немав никаков проблем.. малце црвенило само, ништо страшно/
Девојчиња како што пишав пред 10 дена бев кај др.Трајковски во Њу борн на консултација,ме виде на ехо, ги разгледа документите и се договоривме дека прво ќе го побараме проблемот пред да правиме инвитро. Ни кажа да направиме неколку испитувања и да одам пак околу 23 ден да ме види на ехо. Излеговме со сопругот од таму задоволни и среќни. Направивме се што побара, одам пак да ме види на ехо и да ги види резултатите. Резултатите сите во ред. Е сега доаѓа заплетот. Кога ме гледаше првиот пат беше 13 ден од циклус и немаше фолекул. Како да пукнал. Ми рече да проверам прогестерон на 21 ден и.тој беше ок. Сега кога отидов беше 23 ден и од негде се појави фолекул 14 мм. Докторот ми вика работи сега, бидејки циклус ќе добиеш дури за три недели. Викам докторе нема шанси јас добивам редовно, никогаш не ми касни. И нормално денес 25 ден јас добив. Викам што следно сега да испитаме. И почна да се мисли и ми.вика ај да не бидам себичен да си одиш ти кај Димитров и тамо да си продолжиш. Останав со подзината уста и не ми се веруваше што ми кажа. Викам ама јас сакам кај Вас. Во меѓувреме дојде сестрата му рече дека го викаат во сала и си замина. Јас се извинувам на долгиот пост, ама морав да го кажам моето искуство. Гневна сум, разочарана и стварно незнам што следно да правам
Jas od sabota pocnuvam so cikloproginova od 26 Feb so superfakt Neznam sto da ti kazam mila. jas denes dva pati se slusnav so Dr trajkovski sabajle vo 9 I vo 18 casot mu ja prativ poslednata sema da ja vide oti po nea treba da odime pak
Може и подобро што бил искрен. Послушај го, замини си од таму и размисли кај кој доктор да отидеш. Во опција ти е и Систина. Сепак, Систина и Ремедика се најускусни и имаат најдобри доктори. Не се разочарувај, ќе си ги најдеш правиот доктор.
@Melek 36 Се слагам со тебе дека не е во ред ова што го рекол докторот особено без објаснување.Не знам како би си го објаснила ова, освен дека може мисли дека треба да те следи повеќе циклуси за да го најде проблемот, па да не трошите време и циклуси.
Искрено таков тие трајковски ќе ти каже нешто и оп заминува како ништо да не се случи.. јас топло ти го препорачувам ИВАНОВСКИ прекрасен доктор со многу разбирање и прекрасно си ја врши работата