Мислам дека треба после неуспешна ( скраја да е де). Туку девојчиња да прашам, да не е многу 3 пати неделно што идам на релакс масажи?
Јас го правев првото ивф по грешка на ГАК (неинформираност, доверба во докторот и сл..). Нормално, неуспешно, си фрлив 10 јајце клетки у канта, едвај оплодиле една, 2-клеточен ембрион вратен. Веројатно немаат опрема за оплодување, а и тие ембриолозите ко од Марс паднати. На следните 2 по други клиники баш имавме успех за оплодување (3 од 4 и 3 од 3). Баш би сакала некоја да пише дека успеала на ГАК. Со среќа и не си го троши времето/ваучерот/нервите таму
Првиот пат кога ги поднесов, после две недели ми ги разгледуваа. Ако така направат и сега, поминати ќе се две недели од инсеминацијата Ќе спијам на тоа уше
Нели. Дека мм вика многу било тоа. Демек еднаш неделно е доволно. Му викам - абе девојчињата од форумот секој ден одат. Се смее , ко така јас два пати дневно да сум одела од сега вика
Ќе ти бараат исход од инсеминацијата, таман додека ги разгледаат документите, ќе поминат две недели и ќе им доставиш ако треба, ама јас ти посакувам да имаш успешна инсеминација и да не треба да се замараш веќе со ФЗОМ.
Нај арно ти да дојдеш тука. Ем потопло,ем почист воздух. Плус во Скопје нема шанса да има масажа како у Принцес. Јас ќе ја нишкам момиЧката ти масирај се цел ден ако сакаш
Ај да пробам уште еднаш, Ќе ве молам за одговор по колку мм дневно расте т.е се здебелува ендометриумот ? И која дебелина е најдобра да се има пред трансфер за да има бременост ? фала однапред.
А за колку имаш доставено извештаи? Сигурно те имаат вратено за последнава што нема поминато две недели за резултат. Не е страшно тоа, дај Боже да ти успее инсеминацијата. Времето брзо поминува, уживај сега.