Здраво на сите. Дали во Систина само на мене ми е кажано дека Gonal-f не иде преку фзо или и други сами си го плаќале зошто гледам дека во Ремедика го даваат на тие со ваучер?
Здраво девојки, имам прашање до вас, дали некоја од вас имала лошо искуство со микрогинонот? Јас еве веќе по 1 недела имам покачен притисок,немир и не можам да спијам( навечер се будам слушам како силно ми чука срцето и не можам да заспијам).Ова последниве 3 дена. Да напоменам пијам и Profertil Female и Femibion. Денес ги прекинав микрогинонот по препорака од др но ме интересира ваше искуство.
Како бе вака ако одат преку фонд значи и за Систина важи истиот правилник. Еве @Ano спомна дека ги примала и одат преку фонд. Значи овде изгледа важи АПП(ако пројде пројде) @Spiritus распрашај се убаво и немој ни случајно да плакаш нешто што ти следува
Значи само Систина не ги дава Gonaf f како најквалитетни, срамота а ние си веруваме и кој знае за што друго не мафтаат.
Нека сподели некоја членка, ако примала Гонал ф со ваучер, без разлика во која клиника правела ивф. Чудно е ова, зошто би било така, треба да се праша во Фондот.
Gonal F се најдобри. Јас со нив успеав, но на приватно бев. Да прашате обавезно во фондот. Ако го покрива фзо, побарајте си Гонал место Фостимон (ова, особено за оние со ниско амх).
Денес дознав дека Ремедика ги дава, другарка почнува со постапка преку фзо прво ivf и и ги дал Петановски.
Не. Правев ивф во декември 2016 цо њуборн. Прво примав пурегон, па ме префрлија на гонал ф. Се на се примив околу 22 инекции ако добро се сеќавам. Единствено логично ми е дека примив помалку од 30 инекции кои што следат од фондот иако не би требало - или покрива или непокрива, ненби требало да игра типот на стимулација улога.