@желба , кај нас цетротиде не е 2850?! Јас летото кога прашував толку беше. Разлика од 1000 ден. Затоа ги зедов од Солун. И да , и јас ги платив 32 евра. Инаку имам останато 3 цетротиде.
Bubce38, мислам дека и јас ги плаќав лани околу 2.800, но денес прашав во аптеката во Систина, ми рекоа дека се 2.610, тоа доаѓа отприлика 10,11 евра разлика, зависно од курсот. Јас не сум сигурна дека ќе примам Cetrotide, ми ја пишаа шемата само за 6 дена и не знам ни дали со Gonal ќе продолжам понатаму, за Cetrotide прашував чисто информативно, ме интересираше разликата.
Женски, од кај купувате шприцови од тие малите од 1 мл? дозата ми е 0,3, и со големите од 3 мл нема шанси да се снајдам. Вчера барав во неколку аптеки (Зегин, Еурофарм) и не најдов. Дури и во Зегин ми рекоа дека воопшто не ни имале такви.
Се извинувам што се мешам во темата, ама може да земеш шприц од 2,5мл со него можеш да извлечиш 0,3мл.
на крај изгледа ќе морам така, ако не најдам од помалите. Мислев убаво да разбарам прво. На овие знаеш дали се закачува таа малата игличка?
Здраво, јас сум нова на форумот. Се спремам за ин витро и почнав со суперфакт. Добив ваучер преку фондот. Ке правам во Ремедика и ми рекоа дека се е бесплатно. Е сега читам дека некој партиципација плакал,друг Гонал трет незнам што. Ми дадоа лист што е се бесплатно. Ги прашав дали треба да доплатам нешто ми рекоа не.
Зависи од стимулацијата што ќе ја одреди докторот. Ако не ја надминува оваа количина од Фондот, нема да доплаќаш ништо. Ако е потребна појака стимулација, ќе докупуваш. Ќе ти каже кога ќе почнете со стимулација. Со среќа!
Се е бесплатно до одредена количина. Значи ако ти требаат повеќе од 30 инекции за стимулација истите ги докупуваш, ама за тоа дали ќе треба нешто да докупиш ќе ти кажат во текот на постапката. Со среќа и со лесно.
Devojki proverete ubavo. I bez dodatna terapija participacijata e 6000den. Ubavo se sekjavam...ama sepak proverete
Зар е можно така, ова прв пат слушам? Значи сепак да си пазиме сега, што го знаеш, а ние ама сме си опуштени дека нема шанси да биде ехее Инаку денес решив да ве читнам малку во темава, убави лански спомени ми буди периодов, овој период ги добив двете најпосакувани цртки на тестот после ивф-то, ви го посакувам истото чувство на сите со што помалку мака, и сите да се префрлите во труднички муабети што поскоро *
Не знаев, јас кога прв пат правев хсг еден канал беше запушен. па правев хистеро и лапаро, и тогаш ми го отпушија, стварно бил запушен, па имав природна бременост по 4 месеци, ама неуспешна за жал, па после цела година никако не биваше, и пак направив уште едно хсг каде се установи дека сега па двата канали се запушиле, ама тогаш ми рекоа дека не би требало веќе да се измачувам со интервенции, и така дојдовме до ивф
Исто и мене. Во Систина ХСГ правев, еден канал запушен, и потоа на лапаро и хистеро и двата проодни. Изгледа мн сум се стегнала за ХСГ и така испадна (бар докторот така ми кажа). И онака Господ го видов на ХСГ...
Девојчиња, ваше мислење? Ваква е ситуацијата: Направено е проодност на канали, десниот тотално не прооден, левиот ок. Следено на ехо, десниот создава поише фолекули од левиот. Хормони: Естрадиол 60.1 Фсх 9.73 Лх 7.18 Пролактин 30.9 (терапија достинекс) Тсх 2.229 Дхеа со4 143 Амх 1.38 Терапија: премама, овунорм, профертил Спермограм: нормозооспермија Суспектен мал ендометриум. Моментално подготовка за инсеминација со терапија: гонал ф, кломифен, естрофен. Кај доктор Ивановски Ме интересира што значи ако фсх и лх се ок, а амх низок? Дали има поента да се прават инсеминации со стимулација на вака ниско амх? Или е подобро да се оди директ на инвитро поради слабата резерва?
ФСХ добро е да е пониско, не е баш идеално, а АМХ е ниско, но не е трагично. И со пониско АМХ се постигнува бременост, и тоа природна. Ако фоликулот/фоликулите се на проодната страна, зошто да не пробате IUI (барем овој пат).