А што ако ми каже? Ја разбирам повеќе од него? Ги оставам едноставно работите во негови раце и несакам да се замарам со тоа.
Jas kazav I pak ke kazam nemam doverba vo doktorite mnogu dolzni se se da objasnat bez razlika na se sto se slucuva
Се согласувам потполно! Не треба се да се остави во рацете на докторите. Мора и самите да се вложиме. Мене многу ме нервираше кога ми викаа ништо да не читам и да “не се замарам”, да бидам трпелива. Абе луѓе, за ова работа треба трпеливост, не викам не, но штом се влегува во процесот, треба да се биде подготвен, да се чита и да се учи, и најважно да се открие каде е проблемот (ендометриум, јајце клетки, слаб спермограм, тсх....и што ли уште не). Доверба во докторот секако, но со мала резерва. Многу ме нервираше што понекогаш ме третираа како и повеќето пациенти....без да ми објаснат. А јас не сакав така. Ма се си прашував, се сакав да знам, а тоа што не го знаев го учев. И да, сакав да “се замарам”, за да разберам што се случува. Се согласувам, докторот е должен да објасни. Малку ли пари оставаме по тие болници.
Браво за пишано исто мислам...да мора да веруваме во нив дефинитивно мн битно е тоа, но сепак докторите некогаш не по нивна вина од мн пациенти и сл работи губат концентрацијата, забораваат, невнимателни се , неоставаат во прашалници, и поради ова ние мора со се да сме во тек и да проверуваме. Групава колку што знам постои да се дадат совети, разменат искуства и помогне да се даде некаков правец ако "лута" некоја, а на нас останува да одлучиме дали ке примениме нешто или не наша одлука е тоа не е тоа дека сме најпаметни ние ...едноставно секој си го кажува своето искуство за одредена работа ...не е во ред да ни се рече што се замарате толку, ако може треба да се помогне никој тука непишува од арно бара помош, подршка ....секогаш ќе има непишани правила кои негде ќе успеат негде не, но ние можеме да се потрудиме да доведеме некои работи во нормала од она што ќе го дознаеме па што дал Бог, без замерки не се однесува на некој се надевам ќе бидам правилно сватена, и дека сите ќе си помагаме и оние што не сме успеале и оние што успеале ќе споделат некое искуство , ...сепак ќе ни е добредојдено за да и ние да успееме...со лесно на сите и со Господ напред ❤
И баш ме интересира, ако имате друго мислење за терапијата во однос на докторот, ќе се буните? Ќе си ја менувате по потреба спротивно од препораката?
Точно дека групава постои за да си разменуваме мислења, искуства, да се бодриме и подржуваме.... И точно , можда не секогаш треба слепо да му се верува на докротот, да, треба и ние да се вложиме . Но , да се правиме поголеми доктори од самиот доктор не. Ако видам ,осетам дека нешто не штима ќе го мењам докторот и ќе барам друг,некој на кој ќе му верувам. Овде ми засметуваат постови, на пример еве има една членка која е во постапка ,а има пролактин околу 30 мислам. Докторот нејзин сметал дека нема потреба од терапија. Е сега овде и пишуваат и ја советуваат да не ја тера постапката дур не го симне прл на 14,15( зошто тој бил идеален). Епа нема потреба да и ствараме стрес,нервоза и паника ,кога жената веќе е пред трансфер. Затоа и беа овие неколку постови каде велиме дека не треба да изиграваме доктори. Едно е да напишеш искуство, друго е да "тврдиш" и "убедуваш" дека тоа што си го прочитал на странски форум е идеално.
Да. Јас му ја сменив, но тоа на почетокот, кога се договаравме со каков протокол да одиме. Не сакав Фостимон (2 пати немав никакви резултати). Тој ми рече дека не е проблем и може да замениме. Заменивме со Гонал Ф, се согласи без проблем.
I jas isto sega mu ja smeniv terapijata na dr trajkovski mu rekov oti sakam fostimon nesakam merional
за мои нерви, здравје, време и пари колку што можам, да ќе се бунам ми даваше достинекс и цело време ми го прекинуваше пред трансфер и пролактинот ми идеше горе доле, јас видов како ми реагира организмот и дека само моментално ми е ок и решив да превземам друг начин, а останатото на него да оставам зошто сепак му верувам ...и му реков бромергон пијам ендокринолог ми даде се бунеше вака така и прифати накрај и благодарение на мојата упорност сега ми е во нормала пролактинот, а до пред тоа дупло се качуваше.
Потполно се согласувам со тебе... Јас кога бев во постапка имаше денови кога ми беше страв да отворам баш од овие работи каде докажуваат членки да биле вредностите од толку до волку и тоа страшен страв ми влеваше и само мислев на тоа аха викам не ми е во граница ова или она нема да успеам...но кога читав ради реда и кога реков докторот знае највеќе јас игнорирав се од тука... И со идеален прл сум била ко што кажа @kukla21 па немало успех... @lavica82 а и со висок прл почнав и јас па Достинекс пиев по пункција и еве го спие до мене сега прцулов... А и со крио трансфер пиев Достинекс неколку дена пред ЕТ и по ЕТ... Оваа група е осетлива премногу и треба да се внимава бар малце што се пишува и кажува не секој е јак во постапката...башка што хормоните тогаш ни се до плафон... @Bubce38
Па милеровиот хормон ми е 0,15, а и спермограмот на сопругот не е како што треба има слаба подвижност и др.....
Ние што се’ уште се бориме, нормално е да не сме мирни и да истражуваме се’ додека не успееме. Бараме искуства и совети, за да можеби примениме нешто и во нашиот случај, меѓутоа факт е дека не секогаш докторот ќе ја прифати нашата сугестија, од причина што не сме стручни во оваа област, претпоставува и самиот д-р дека читаме по нетов, од друга страна докторот сигурно дека знае да оцени што е потребно во конкретниот случај. Одредена терапија не може да биде успешна кај повеќе пациентки, јас имав фул терапија кога ми се случи био-хемиска, па се случи и едноставно не успеав тогаш. Кога си подолг период кај еден д-р, следејќи ја состојбата, би требало да ја утврди причината за неуспех и по потреба да смени терапија, се разбира доколку е посветен. Немаме друг избор, освен да му веруваме на докторот, а ако не сме задоволни, имаме право да смениме. Сепак се работи за сопствен организам и здравје, пред се’! Исто така, се случува со една иста терапија да има неуспешен обид, а следниот да биде успешен, што значи не е секогаш и до докторот, едноставно природата така сакала. Господ има план за секој од нас, Тој си знае кога сме подготвени да не направи мајки. Само позитивно и со упорност, без тензии... Овде сме за да си дадеме поддршка и да се дружиме(не да се стресираме меѓу себе), сите со заедничка цел-бебе!
Milerov od kaj tase da si preproveris.mene mi izleze 0,5 a dve nedeli pred mene razbrav za druga devojka mlada na koja i rekol milerov mnogu nizok i istiot mesec trudna prirodno.jas mu veruvav mnogu i odev tamu ama deka e sumljiv so rezultatite e! Krivo mi e sto ne otidov kaj drug doktor vo plodnost sigurno dosega ke uspeev
Жал ми е што толку години поминуваш низ ова, ама кога немаш доверба во д-р зошто воопшто ја почнуваш постапката??? Мораш да ги промениш своите ставови. Ти посакувам успех и да си ја промениш мислата на позитивно
Јас претходно кажав дека втор докторат напишав на темата трудејќи се да откријам што и како се случува. Ама кога тргнав во ИВФ постапката решив дека нема да се замарам со мерења, фоликули и слично туку ќе му препуштам тоа на докторот. Кога се договаравме за терапија ми рече почни со микрогинон. Имав претхондо негативно искуство и му кажав. Тогаш рече оди со јасмин. Ама тоа е ако јас си знам дека нешто не функционирало би требало да му кажам на лекарот. Самиот/самата нема да знае ако јас не спомнам. Исто кажувам на секој лекар дека сум алергична на лидаприм. Тоа е дел од анамнеза. Ама не сум се мешала во одлуки сега или утре пункција, кога трансфер, зошто трансфер сега не утре и слично. Ако не му верувам на лекарот нема да одам кај него, ќе го сменам. Знам дека е тешко кога си во постапка, кога чекаш, кога не бива, кога се случуваат спонтани. Се ова многу боли, остава траен печат на личноста. Само сомнежи, верување повеќе на форуми, а не на лекари нема многу да помогнат. Форумите се за поддршка морална, психичка, емотивна, не се за препишување терапии и протоколи. Со среќа и со лесно.
Темата е осетлива, 2 пати треба да размислиме пред да кажеме нешто. Сите сме со различна цврстина и психичка стабилност. Јас еден период лани воопшто не го отворав форумот заради некои коментари, а искрено не сме тука за да се препукуваме туку да се советуваме како би се чувствувале подобро
Ne nikogas sto posto doverba nema da imam nikogas doverba so rezerva samo Niti sum pozitivna mnogu a niti sakam da bidam