Devojki sto smeam da se napijam za nastinkata ve prasuvam oti se bockam superfakt da nema nekoj kontraefekt
Честиткии уште еднаш, ти кажавме да се радуваш, имај школска и лесна бременост и влечи не за носињата да не’ фати мајата сите. *
Долго време размислувам зошто воопшто сум во групава, многу пати у последно време сум поставувала прашања одговори немало еден до два мак...многу тензии, расправии и сл работи повеќе влевање страв отколку помош...апропо искусните од оние што успеале нормално секогаш очекуваш совет, подршка , искуство но за жал во последно време нема ниедна да пише, а сите читаат тоа го видов со расправиите овие три дена одма за такво нешто се јавија - жално...читајки наназад овие денови разни теми ќе кажам истите сте биле и вие ко нас, истите муабети, прашања и стравови сте ги поставувале тука...но веке сте го поминале тоа па оставате впечаток баш ми е гајле мојот ред помина што ке дадам совет , сега се ви делува баш лесно кога за нас се работи! Не коментирам порано дали сте помагале зошто нас што сега се бориме сега ни треба помош... Често ве читам на нашите прашања одговарате со, што се замараме ние, остави на доктор, опушти се или сл работи а вчера ве читав исти сте биле, затоа тој одговор и нас не ни помага ...ние бараме подршка, искуства... Прееска пишав дека не успеав со трансферот, само една членка пиша за подршка и совет, ниедна ве нема а тука сте ...срамота ... ако не знаевте одговор може само подршка да дадете не барав друго...жалам што трошев време на групава, се одјавувам денес, ве молам без коментари зошто како и да е нема да ви ги прочитам,...се надевам никогаш повеќе ке немате потреба да го поминувате овој тежок пат по втор и трет пат. И ова што го пишувам долго време го мислам , денес само се прелеа чашата со последното мое напишано кое не беше подржано како што истото сте го барале и вие порано .. Со среќа и со лесно на сите во постапка бидете јаки и ние ќе успееме поз ве гушкам драги.
Знам тешко ти е деновиве во исчекување, па си поемотовна и овој пост ќе го препишам на тоа. Само јас лично колку лп имам размененето со тебе за било што си прашала. Крајно некоректно е да помислиш, не па да пишеш дека некој не сака да помогне или дека сеир фаќа. Под стрес сум била и јас. Сум имала негативен резултат и јас. Сум плачела. И јас изигравав доктор за време на постапките и се замарав со се и сешто, па не успеав. Кога не се замарав, бидна. Може е коинциденција, ама тогаш имаше успех. Затоа и најдобронамерно кажав да не се замарате многу. Ако тоа не е совет и поддршка, не знам што е.
Се сложувам со скоро се што пиша, освен со едно нешто: Не се одјавувај! Овде не има секакви, и по образование, и по карактер и по статус (каков и да е, социјален, асоцијален....). Се гледа добро по пишувањето. Ти си доволно храбра и имаш поддршка од оној кој најмногу ти значи, сопругот. А овде, и да не добиеш поддршка, не е многу важно. И на крајот на краиштата, не може со сите членки да сме блиски, баш поради разликите. Се надевам ќе прочиташ и ќе останеш овде. . Секое споделено искуство, позитивно, но и негативно е добредојдено. Пишавме прееска со пораки, се надевам повторно ќе пишеме, и за убави, но и за тешки моменти. И........нема откажување!
Лајкот е за подршка ајде мила мора еден ден и ние да успееме.Тешко е знам ама борбата продолжува мислам дека имаш уште замрзнати јунаци ако не се лажам ќе биде само упорност и трпение.Те ' Што ти реков јас честитки мила од имај си лесна школска бременост.
Девојчиња , да ве прашам , нели после испиена кутија микрогинон треба да добиеме во рок од некој ден. Последното апче го испив во петокот, недела дена помина јас уште немам добиено. Денеска и регуларно ми беше ден за добивање. Абер нема, нити па симптоми некои. Што може да се има пореметено?!
Така би требало, јас добив после 2 дена од последно апче. Многу е оскуден циклусот. Да се консултираш со докторот?
Ми кажа унапред докторот дека ќе ми биде оскуден. Мисла ми е зошто не ми доаѓа. Понеделник имам закажано. Ама нерва ме фати зошто не доаѓа. Си правам филм што ако никогаш веќе не добијам. Ако е до тука работата . Климакс да не ме фаќа
Јас после 7 дена добив и тоа ми беше чудно за прв пат.. исто како тебе се нервирав ќе дојде не му ја мисли многу
Извини што ќе прашам нешто сосема што нема врска со ова, но видов дека пиеш Микрогинон. Некои нус појави имаше? Како ти влијае? И не те фаќа климакс, од кај ти текна сега тоа? И другите ако имате искуство со Микрогинон ве молам за одговор. Забележав дека откако го пијам, два часа откако ќе го испијам, почнува да ми студи и после температура ми се качува 37 и не оди нагоре. Шести ден од циклус ми е.
Оли се радувам за тебе заслужи Ајде сега со лесно и да ни се пофалш со висока бета мила те гушкам мила силно силно да се облизниш Господ златен
Баш пред неколку недели пишував на тема микрогинон.Јас многу лошо го поднесував, имав проблеми со срцебиење и немир.Мое мислење е дека многу жени имаат нуспојави и тоа различни.Се додека не ти смета во секојдневен живот е во ред.Во спротивно консултирај се со докторот што ти ги дал.