Па смени го матичниот. Мене екстра лесно ми иде сораборката. Се на приватно правев и еден збор не рекоа.
Од битола сум, по правило треба да одам таму да ме боцкаат ама имаат толеранција и ми даваат клексан за да се боцкам сама. Ништо немам за рефундирање бидејќи гинекологија ми дава клексан, а врз основа на мојата историја со сите извештаи тие се раздолжуваат
Девојки едно прашање до тие што поднесуваа документи за втор, трет ваучер.Имав пункција на 02.10.2017 ама не дојде до трансфер. Кога најрано може да поднесам за ваучер,знам дека е 6месеци ама мислам дека @Bubce38 имаше некаков проблем ...поинаку го сметале времето во фондот. Исто така од Систина не ми дадоа никаков документ...треба веројатно да одам да земам и од таму некој извештај...?
Јас пратив точно после 6 месеци од неуспешниот трансфер. Така и пишува . Кога после три недели не ми одговорија , се јавив да прашам до каде е , рекоа дека они не рачунале така 6 месеци. Не ми кажаа како рачунаат. И ми рекоа дека следен месец ќе го разгледуваат. Морав да "потфатам" врски. Експресно за 24 ч ми го разгледаа предметот и ми одобрија ваучер. Ти си немала трансфер. Мој свет, земи си документ,потврда од Систина дека немало трансфер и прати ги на 03.04 . Ништо не губиш.
Значи пола ваучер искористи, до пункција и оплодување, така? Не знам дали сум во право, но се мислам дека штом немало трансфер, можеш да направиш ивф на природен или модифициран природен цикус, да си платиш пункција, а трансферот да ти биде бесплатен, од ваучерот.
Девојки на 14 март ден на пункција примив прогестерон депо на 4 дена по пола треба да примам сега мене ми паѓа недела на 18ти да примам а сестрата во систина ми рече во понеделник 19 ти сега се збунив малку ако ја примам во понеделник паѓа 5ти ден сега незнам што да правам
Примај си ја утре , на четвртиот ден . Можеби и сестрата се збунила,згрешила. Обично на четири дена ги даваат. Ретко има и на седум дена што примаат.
Тоа би можело ама ако уште тогаш се договорила со докторот за брзо да прави ивф на спонтан , па така да не го плати трансферот. Кај неа веќе прошле 6 мес , касно е, клиниката веќе ги има испратено извештаите у фонд , а и имаат исплатено веќе. И не секој доктор,клиника би се сложил со ова. Трајковски пример НЕ. Ммм.епа најубаво да си праша пак Кукличке , баш ми е мило што постојано не пратиш овде . до малите
Да, во право си. Треба договор на време. Јас така направив со ваучерот, го делев на 2 пати. Првиот пат, пункција со трансфер покриени со ваучер (природно ивф) и следниот пат терапија покриена со истиот ваучер (пункција си платив, но немав трансфер).
Мене ми пишува на секој 4ти ден по пола е сега незнам дали таа згрешила не може еднаш на 5ти па после на 4ти изгледа се збунила Супер со среќа и за две недели со убави вести да не израдуваш
Стварно не знам никој ништо не ми спомна тогаш.Во право си по некоја логика би имала право на тоа.Баш ќе се јавам да прашам. ќе може ли појаснување за природен модифициран и природен циклус. Ние до сега ништо не преземавме затоа што сакав да го одморам телото од хормони...според мислењето на еден друг доктор сум примила беспотребно многу стимулација а стоп инекцијата не била добро темпирана...