Обавезно утре јави се директно кај докторот, ако не ти се јави пиши му порака. Јас за време на стимулација имав грип и исто навечер ми се качуваше температурата. Се надевам не ти е грип, но обавезно консултација со докторот, 39 е висока температура. И не се плаши, се се средува ...
Мм ми беше настинат еднаш со истите симптоми, преку ден ништо, навечер креваше тт, тоа траеше 4 дена и помина. Не е страшно, само повеќе течности и следи како ќе биде од утре, ако не поминува ќе се консултираш со д-р.
@saramila09 Т- 39 не е од бременост, консултација со доктор обавезно! Имаш болки во меше, подуеност, гадење?? @marija@5 жал ми е многу, најмногу, ама живот без правила Потагувај, олесни се, исплачи се, но со усул, собери повторно силите и само напред, ќе застанеш само тогаш кога рацете ќе ти бидат полни!! @Mimmi39 купувај пелени и козметика и радувај се, лошото минало
Обично нели даваат антибиотик меѓу пункција и трансфер за "не дај боже" инфекција од процедурата. Без паника но обавезно јави се на доктор утре.
Да ќе се јавам утре сигурно Да имам болки во меше подуена сум и често ми се гади се чудам зошто и не јадам многу само денес ми беше 39 вчера и завчера 37.4
Да не те плашам симптомиве асоцираат на хипер,претпоставувам и @emkaemka затоа те праша. Ќе се јавиш утре на др.ке ја кажеш ситуацијата,не е страшно се решава и тоа ама убаво е на време да се реагира.
Да но сега ми помина немам температура и вчера исто пола саат и потоа ништо како да не се случило ништо ќе видам и утре дали ќе покачам толку многу Добро мила ќе се јавам утре сигурно Да утре ќе се јавам да видам што ќе ми каже
Јави се и кажи што како, следи до утре ако не појди и на ехо. Немај гајле за малите, во меше се и ако си се заковала за кревет раздвижисе, пиј многу течности
Девојки, имајте убава недела! Имам едно “процедурално” прашање, во текот на постапката, пред пункција, доколку докторот е инцидентно отсутен, дали се заменува со друг д-р? Претпоставувам дека да, ама сепак да прашам некоја членка да каже од искуство. Прашувам конкретно за Систина. Гушки за сите!
Да, мене на една пункција, во сабота беше закажана, наместо Ивановски ми ја правеше Кузеска. Не бев баш среќна за тоа, ама тоа е си викам, да не се замарам најдобро.
Мене ми се случило на друга клиника, пункција ми правеше друг доктор, а исто така имало замени за прегледи. Верувам дека и во Систина е исто, не може да пропадне постапката поради отсуство на доктор.
Се јавив душо итоа рано на сабајле ништо не било можда и од прогестеронот ми рече пошто завчера 37 ми беше е тоа рече убав знак е а за хиперстимулација и да не помислиш дадено тие инекција плус инфузија да не постигнеш до хиперстимулација не му ја мисли многу ми рече уживај малку пиј повеќе течности ако и денес покачам толку да одмам утре на ехо да ме види.. сега сум Добро ништо не ми е а за креветот што велиш јас од првиот ден неможам да се навикнам да легнам со сила мм се караме за тоа што само мрдам и само станувам и се шеткам низ собата по 5 мин и потоа пак легнувам
Да, така е и логично. Фала ви многу. Јас имав многу жешки бранови од прогестеронот, ама не мерев редовно тт, само еднаш измерив, покажа ок и не мерев понатаму. Кај тебе може и да е убав знак. Опушти се и уживај.
Сигурно имаат, така и се очекува. Фала многу. Супер бројка, да се оплодат, да си имаш и за замрзнување за второ/трето, сега две да се вратат во меше и да се фалиш со висока бета.