Ајде овој месец нека дојде како што треба,и да ја испратиш следни 9 месеци да не доаѓа. @Meckicja сега уживај,редно е да се олабавиш малку,те влечам за носе за близначиња.
Ти наплатија ли за тоа асистиг хачинг.Мислам оти беше ласерско напукнување на ѕидот од јк за да се отвори обвивката и да се закачи ембрионот за матката.
За во њуборн њ систина мислам прават,ремедика незнам.А мислам оти се прави и на замрзнати. https://acibademsistina.mk/health/i...anite-prasanja-za-vestackoto-oploduvanje.html Еве овде пишува што е тоа. http://www.remedika.com.mk/ginekologija-i-akuserstvo/#asistirana-reprodukcija-so-ivf Едит:Напишале дека прават и ремедика. А најдов дека травар и на замрзнати. еве Е - Assisted Hatching (Метода за Средување – АНА): Е развиена техника која ја зголемува стапката за прицврствување на ембрионот во матката. Во оваа техника, со ласер, со киселина или со технички методи се разредува облогата што го опкружува ембрионот (zona pellucida). Поради немање супериорност еден над друг било кој од овие методи се користат според искуството на центарот. Во денот на трансфер на ембрионот се оценува возраста и историјата на пациентот така што се одлучува дали да се примени овој процес или не. Овој процес може да се користи и во трансферот на замрзнатите ембриони. Со овој метод во оплодените клетки може да ја зголеми стапката на бременост. Сепак, ова прашање не е целосно излезено на видело. Успешно ли ти беше? Извини не памтам а сигуно сум прочитала.И колку плати за тоа?
Девојки, имам голем проблем со столицата од прогестеронот, ама навистина голем. Дали некој од вас правел клизма дома, да ми препорача што да купам? @Meckicja , со среќа и со лесно!
Со успех и висока бета да се фалиш, чекаме радосни вести! Најдобро да се консултираш со докторот што те води, што смееш да направиш. Повеќе супи, компоти, суви сливи, а и магнезиумот помага за ова. Сепак, консултација обавезно.
Парафинско масло, најтопло ти го препорачувам. Го има во аптеки. Магична напивка е. Јас го користев на почетокот од бременоста (сега немам потреба), така што слободно 15-20 mL навечер и ќе немаш никаков проблем.
@Queen8 и @Mimmi39 , фала ви. Јадам постојано супи и чорби, јадев и компот од сливи, многу овошје, но ќе пробам со повеке магнезиум и парафинско масло, се надевам ќе помогне. Ако не помогне, ќе мора со клизма, онолку напрегање како вчера не е на арно, претпоставувам клизма со вода не може да пречи.
Каква клизма, не зафркавај. Ќе ти помогне парафинското масло. Ако не, има чепчиња во аптеките, пробај со нив.
Ја имав исто проблем,др.ми рече природни работи да пробам ни клизма ништо не ми дозволи. Ми помагаше на почетоко топла вода со пола ломон и лажиче мед,суви сливи 4-5 одвечер во вода да стојат сабајле ја пиев водата и ги јадев. Ми се реши проблемот откако ми го прекинаа дабрастонот и депото.
Здраво девојки ...Во врска со Хечингот...Правев второ инвитро пред неколку месеци во Њу Борн кај Трајковски успешно...Првото неуспешно применета само икси метода...За второво применета беше Пикси методот и хечинг и успешно бремена со близнаци сум..Бевме со ваучер и не ни наплатија ништо.. Се надевам на некој од помош ке му е информацијата... мн срека на сите што сте во постапка и лесна бременост на тие што се веќе бремени. Поздрав ако имате некое прашање слободно прашајте.
Дали сама побара или они ти предложија? Изгледа Трајковски често го применува...не знам за Татјана...па се мислам кога ќе правам трансфер да побарам.. Со лесно да ти поминат сега две недели....и таман за Велигден...журка