Девојки, ако ви е познато споделете мислење, од што зависи со која метода на оплодување ќе се оди, класична ивф или икси? И дали за тоа одлучуваат само ембриолозите или во договор со гинекологот?
Ја не ставав ништо вагинално,посче неколку дена од трансфер ми се појави исцедок обилен,прашав тука сите ми рекоа добар знак.И така си тераме сега 16та недела,и уште си го имам исцедокот. Ти посакувам исто и кај тебе да биде.
Зависело од квалитетот на ј.к. и сперматозоидите, ако се со добар квалитет, се одело со класична ивф метода.
А како "познаваат" дали јк се со добар квалитет? Ај " квалитетен " ембрион разбирам, демек добро се дели,правилно.. Ама квалитетна јк
Зависи од квалитетот на сперматозоидите. Доколку имаат нормална морфологија можат да го поминат зидот на јк и во тој случај е класично ивф, а доколку е послаб квалитетот тогаш се вметнува сперматозоидот внатре во јк со икси. Сега поново е и Пикси метода кај што ги одвојуваат сперматозоидите кои содржат некои протеини кои па покажуваат дека се поквалитетни од другите па со нив ја прават икси методата.
Ми кажаа дека биле со добар квалитет сперматозоидите и затоа оделе со класична ивф метода, ама од 6 се оплоди само една. Па сеа ме јаде мисла, дека можеби затоа само една се оплоди. Веќе е завршено, ама некогаш си враќам филм, од која причина може да бил таков резултатот...
Икси е демек за (по)слаб спермограм, но во нашиот случај спермограмот беше супер и пак одеа со икси. Објаснувањето беше дека статистиката на успешно оплодени јајце клетки им е поголема со икси методата и дека тоа е во прилог на подобар резултат. Дека ќе се оди со икси метода мислам дека одлучи гинекологот, ми напиша на оној листон со стимулации уште откога почна процесот.
И кај мене на шемата за стимулации пишуваше ивф-икси, ама после зошто работеле со класична метода, не сфаќам. Искрено, се изнервирав кога ми кажаа.
Не се мачи со мислите. Мене во декември од 10јк и тоа со икси само 3 оплодија ама не полажаја знаци на делба, освен 1 едвај. Инаку икси се прави кога е причина машки фактор.
Јас мислам дека за да некој каже дека сперматозоидот е со добар квалитет треба многу повеќе испитувања отколку еден спермограм. Сепак сперматозоидот е тој што треба да го пробие зидот а за тоа Треба да има одредени протеини во мембраната.... Ние одевме со икси...и од 19 јк се оплоди ја 6...што и не е лошо...
Кај нас спермограмот е варијабилен, ама секогаш е со дијагноза, намалена подвижност и морфологија, а пак секогаш има солидна бројка на добри сперматозоиди, ова го знам по инсеминациите. При ивф-то сперматозоидите биле одлични и затоа оделе со класична метода.
Devojki za pouspesna implantacija dobro e da se jade puter od kikiriki I po dve brazilski orevcinja dnevno I borovinki isto
Како коцка го доживувам нашиов пат, комбинаторики кои некогаш успеаваат, некогаш не. Не се измачувај со мислење наназад... Инаку квалитетот на јајце клетката исто ја претпоставуваат според морфолошки карактеристики (облик, големина...) но пак е претпоставка...додека не ја оплодат не можат со сигурност да тврдат ништо. Пикси мислам дека ја користат и во Систина за избор на најквалитетни сперматозоиди, но не ја кажуваат како посебна метода, туку како дел од икси.
Јас цело време мислев дека ќе се работи со икси, кога дознав дека со класична, се шокирав. Не викам дека сто посто ќе успеевме и со икси, имавме ембрион кој го оценија со одличен квалитет, па не се имплантирал. И два да биле, можеби и двата немало да се имплантираат. Правила нема... Едноставно тој обид не требало да успее, ама си мислев ќе остане нешто за замрзнување. Па не значи дека и тоа да било така, дека ќе успеало. Можеби треба да се сфати работата дека тој обид не требало да биде успешен. Сепак Господ има план за секој од нас и само Тој знае кога треба да се случи! А, сега при успешниот обид, со која метода одеа кај тебе, мила?