Да, имам читано, меѓутоа во упатството ниту една интеракција не упатува на тоа, односно не е наведено нешто поконкретно, сигурно има логика во тоа што го намалува имунитетот за да не се бори против ембрионот како страно тело. Овунорм по колку пиеш?
Фала мила, и јас ги пиев исто, некогаш препорачуваат 2х1, затоа те прашав. А, друго од суплементи пиеш нешто?
Здраво девојки! Честитки до сите труднички, а на сите други многу среќa! Ве пратам одамна и ви се вoсхитувам на упорноста и оптимизмот. Јас почнав со моето 6- то инвитро(се надевам последно) . Почнав со микрогинон од првиоѕт ден на цикус. Ме интересира дали после микрогинон следи долг протокол. Со мојот лекар се немам консултирано околу тоа. Вашето мислење?
Треба да разговараш со докторот што ти ја води постапката. Не се разочарувај, правила нема, една е доволна, само да се оплоди и имплантира. Верувај во успех и истиот ќе следи!
Декортин Ивановски ми даде и после срцевата акција уште 15дена( со тенденција на намалување) не смеело наеднаш да прекини ради желудочни тегоби. А овунормот ми рече штом го допијам да не купувам повторно. Остатокот од терапијата продолжува. Еве веќе сум 9 +5 , на контрола сме за 3 недели па ќе видиме како ќр биде терапијата понатаму
Си го повторувам и јас тоа ама треба да почнам и да верувам . Незнам до кај си ти, од се срце ти посакувам успех.
Имав неуспешно ивф со долг протокол во Јануари, одмор малку , па здравје Боже. Ти благодарам мила, и јас ти посакувам овој пат да си ги видиш фамозните две цртки и висока бета!
Пиење микрогинон не значи дека автоматски ќе се оди со долг протокол. Јас пиев еден циклус , па следниот почнав со краток протокол ( од втор ден се боцкам суперфакт и стимулации). Така да и ти би можела да бидеш со таква шема. Испиј си дозата микрогинон, и откако ќе добиеш ќе одиш кај докторот. Долг протокол е ако од 21 ден почнеш со суперфакт. Јас правев едно ивф со долг протокол ( од 21 ден со триптофен,без микрогинон) и едно со краток протокол ( од втор ден само со стимулации , исто без претходно пиено микрогинон , а и без суперфакт воопшто) . И двете беа неуспешни. Сега ова ивф го правам сосем различно. Не се нервирај и само опуштено.
Не мора да значи,после микрогинонот ако од втор ден почнеш со стимулации е краток протокол.Мислам дека ако продолжиш со супрефакт па после тоа стимулации е тогаш е долг протокол.
Neka bide 6sreka uspesna,se ke bide vo red,a kratok ili dolg proces ostaj doktorot da proceni ti misli POZITIVNO I samo verba vo sebe deka Sega ke uspees
Девојки, денес потврдивме и преку крв, нема бременост, бетата 2,4. Треба да прекинам со терапијата, освен декортинот, тој треба да се намалува по 2,3 дена, на 1, па 1/2 и на крај 1/4. Јас сум повозрасна, над 40, АМХ пред ова ин витро ми беше 0,20, сега е сигурно уште помало...денес малку се осеќам ко да ми потонаа сите бродови, имав многу надеж во ова ин витро....ај, може ќе ми помине, ќе покушам може уште еднаш. Се мислам дека декортинов не ми одговара, до сега останував бремена кога пиев дексаметазон по шема, а еднаш пред ова ивф пиев декортин како сега и тогаш исто не останав бремена. Плус и некои други работи не ми се допаднаа уште од почетокот, касна стимулација, стимулирање само со ФСХ, а најдобро реагирам на ФСХ/ЛХ комбинација и резултатот беше најлош резултат од ивф до сега. Ама тоа е, сега може да си зборам до сабајле шта би било кад би било, ништо нема да сменам. Дали има посебна тема за подмладување на јајници? Би сакала да прашам за искуства, гледав дека правеле некои девојки од форумов... @Hopeful girl и јас имав краток протокол после микрогинон, прашај си го докторот што планира кај тебе...
@Желба жал ми е Не можам ни да замислам како се чувствуваш, но знам дека ќе се кренеш, ќе пробаш пак, во тоа навистина верувам Ние жените сме најхрабрите и најупорните суштества на свет. Мора да се исполни твојата желба, наредниот пат ќе биде со успех! Одмори од се' и со нови сили ќе се оди напред и упорно до целта.
Zelba zal mi e dusicke jas sega sakav da ve prasam za boleduvanjeto mi zavrsuva na 2 April a betahcg treba da pravam na 5 April dali mora pred komisijata za boleduvanje betahcg ili nemora kako ode toa
Исплачи се, ќе ти олесни, потоа одмори малку и собери сили за нов обид, разговарај со докторот да смените нешто во терапијата, мора да продолжиш и да успееш. Верувај во успех! Ти посакувам следниот пат да биде успешен! Нема откажување!!!
Жал ми е мила за твојот резултат, ама не се откажувај. Знам дека секој пораз во оваа наша борба е тежок. Вложуваме се што треба и кога нема резултат болката е голема. Те . Биди силна, не се предавај. За подмладување на јајници мислам дека @zvecarka имаше спомнато дека ке прави. Така да ако може нека пише искуство и исход
Жал мие Мила навистина собери нови сили и обиди се пак немој никогаш да губиш надеж ќе помине и овој тежок период знај дека ние секогаш ќе бидеме со тебе те гушкам мила смири се изнаплачисе животот и понатаму продолжува