Сега одмори малку од доктори, но продолжете си сами да пробувате (ако јајцеводите се проодни). Нема откажување. Не знам дали има тема за рејувинација на јајници, но да те поддржам во идејата. Ако планираш, направи ја, не се мисли. Јас правев рејувинација и после тоа, првиот обид со ивф беше успешен, останав бремена. 0,2 е ниско, но сметај го само како бројка, се е возможно. Има случаи при кои амх не се ни детектира, па има природна бременост.
Поздрав драги пријателки! Еве собрав сили и се консолидирав некако, па да пријавам неуспешно инвитро бр. 4 со замрзнат 8-клеточен ембрион. Воглавно помина периодот на тага, разочарување, отсуство на надеж, остана како облак над глава само, па веќе почнувам да размислувам за следен чекор, и покрај откажувањето кое го осеќав после негативниот исход. Чуден е овој пат, не можам да најдам логика и причина, цело време работам на самоосвестување мислејќи дека е до психа, емоции и сл, и пак ништо, но еве се појавува мала надеж што значи дека нема да се откажам. Со оглед дека сум 40+ почнав да размислувам и за опција со гестациски носител, па ќе видиме, да одморам прво малку.. Со среќа на сите кои се во исчекување и во постапка
@@nn@ , ,@Желба , само да ве . Немам како да ве утешам, чувството од неуспех е ужасно,знам. Треба време . Ама ќе надојде сила тогаш кога најмалку очекувате . Мора да се бориме се дури не успееме
Желба, многу ми е жал. Јас сум 44 и знам како се чуствуваш.Одмори малку и пак од почеток. Те гушкам силно.
Истиот совет и поддршка како на претходната членка. И јас сум блиску до 40ка, но се чувствувам како за 30. Верувам и со тебе е така. Нема откажување. Дали земаш суплементи? Доколку имаш можност, размисли за рејувинација на јајници.
Земав досега Овунорм, претходно ДХЕА, Мака, фолна, вит Е, Д.. Генерално јајниците се ок, добивам по 3 добри ембриони, АМХ ми е 1,8..очигледно проблемот е до рецептивноста на матката, затоа и ми се врти во глава за гестациски носител (сурогат)
И мене ми се вртеше се и сешто. Добро те разбирам. Тоа се твои мисли или и доктор така ти кажа? Мој најдобронамерен совет: биди спремна и на тоа, но пробај пак, природно сами секако или со природно ивф. Јас поминав 9, од кои само 5 трансфери и петтиот успешен. Ова го пишувам како поддршка, и за тебе и за сите, и помлади и во поодминати години. Но, на крајот на краиштата, секој знае колку може да издржи, и психички и финансиски.
Не сум се консултирала со доктор, мене тоа ми се врти во глава.. Природно не може, прекинати ми се каналите, а и 4 операции (септум, канали, миоми и полип), а и немам досега постигнато бременост. Имам чувство дека матката ми е исцрпена и не може да постигне имплантација.. Да легнат работите па ќе видам.. Фала ви женички за поддршката
@Hopeful girl апсолутно пиење на Микрогинон не значи долг протокол! Верувај му на докторот кој те води, сигурно претходно си направила консултација и ја знае твојата состојба. Опушти се и без стесови. Ти посакувам многу успех @@nn@ Направи уште една обиколка по нашиве специјалисти за совет, консултација, собери повеќе мислења. Но некаде надвор барем за мислење не е опција?? Тука скоро далечна познаничка се оствари како мајка преку сурогат, на точно 46год. сопругот 60+ @Желба жал ми е и за овој негативен изход Мислам дека нема таква тема за подмладување на јајници, но прочепкај назад низ постовите ќе најдеш мислења, па ќе ги тагнеш членките и допрашаш. Инаку со донирани јк никој не ти понуди да пробате??
Ќе одиш со документ за трансфер. Ќр ти дадат неколку дена до бхцг и ако е позитивно ќе треба на 5ти да одиш со резултатот
@@nn@ жал ми е Кога видов долг пост од тебе помислив дека за убаво пишуваш. Верувам дека за убаво ќе пишуваш следниот пат. Успеваат упорните, не заборавај!
Бубче си нема работа , па си испитува хормони. Да ви ги пишам како се движат секојдневно Можеби на некоја некогаш ќе и "значи " информацијава. Прв ден после стимулации: Фсх 10,2 Лх 5,9 Е2 120 Втор ден после стимулации: Фсх 12,7 Лх 6 Е2 256 Трет ден после стимулации: Фсх 14,4 Лх 6.06 Е2 350 Четврти ден после стимулации: Фсх 17,6 Лх 6,02 Е2 445 Вечер ќе се боцнам со петта доза бемфола и фостимон. Утре на ехо. Доктор вика добро е, утре веќе ќе сме знаеле на што сме Одвај чекам
Јас да ве прашам дали на некоја и се случило на 4 ден од трансфер да има болки во долниот дел на стомакот, ке престанат па пак ке почнат...гргорење на цревата...некако чудно ми е многу ме плаши
@Hopeful girl , не знаев дека се пие микрогинон и со краток протокол, ти пишале други членки од искуство, јас немам искуство со ова, само знам дека најчесто се пие кога се оди со долг протокол. Во секој случај, консултирај си се со докторот, ќе ти објасни се’!
Jas imav i rozov iscedok.. citav malku posto ne sakam mnogu da se zamaram demek probiva embrionot i zatoa imame bolki