И мене ми остана повеќе од пола терапија неискористена. Кај мене се ампулите. Тоа ни следи од фонд. Ако веќе се враќаат зошто не ги даваат на тие што треба да докупат? Кога започнав ми кажаа тоа што ќе остане ќе го вратиш,а веќе сум при крај и ништо не ми спомнале
Ниту мене ништо од тоа што останало не ми спомнаа.. сакав да им ги побарам ама си реков што ќе им правам нека им ги дадат на некој што ќе има потреба и така имав замрзнато и не мислев многу..
Jas se si iskoristuvav do kraj,no znam prijatelka sto I ja dadea terapijata sto I ostana I si ja iskoristi za slednoto invitroto no toa e prwd pet godini ne znam kako e sega
Тоа и ми беше мислата. Да ги задржам за да не ми притребаат,да не чекам 6 месеци во случај да е неуспешно.Ако е се во ред ќе ги поклонам на некоја што и требаат
Mene Taman mi dojdea tocno a vo sistina prethodno mi ostanaa dve ampuli ili tri taka nekako bese ne mi gi dadea
Само Ремедика ги даваат сите стимулации уште на почеток. Во другите клиники на секое следно ехо даваат по точно колку и требаат на пациентката.
За ова се дебатирало и претходно! Не е дека Клиниките каде одите ,,тргуваат,, со вашите останати стимулации, не е дека смеат да ви ги додадат на рака неискористените, па вие подоцна да ги искористите, поклоните, продадете. Тие доставуваат листа на потрошени стимулации до ФЗОМ за секој пациент кој бил фондовски, уредно со кој протокол се почнало, што се потрошило, порано ,,обврска,, беше на пациентот да достави извештај за успешно инф, сега тоа го доставува самата Клиника. Порано Клиниките сами ги купуваа стимулациите и чекаа ФЗОМ да им ги повратат сретствата, но сега имам информација дека ФЗОМ им ги набавува, па Клиниките само ги ,,трошат,, за да немаат заробени пари. Политика на работење која нас и не не засега, битно ни е да ги добиеме. Како ова Ремедика го има изведено бидејќи ги дава сите 30, без разлика колку си искористил, не ми е познато.. Иако тука има доста членки кои имаат кажано дека не им ги дале или им ги дале па на крајот разликата им ја побарале да ја вратат.
Мене Таше последно вака ми кажа: мене фондот ми исплаќа 80.000 ден од ивф. Јас дали на пациентот ќе потрошам 5 или 30 инекции него тоа не го интересира. Затоа немал многу аир од фондовските. Ќарот од нив му бил само ако им останат инекции, па он да ги продаде. Исто он ми кажа дека има информации дека Ремедика ги даваат сите стимулации на "рака" ,требало не требало. Се чудеше каде им е математиката. Ова не е мое мислење . Само "пренесувам" што ми кажа
Мислам дека емкаемка е во право, клиниките рефундираат или наплаќаат, не знам како им оди постапката, за тие инјекции и услуги што ги извршиле. Значи ако потрошиле 20, рефундираат за 20. Би било навистина чудно ако за сите пациентки пријавуваат по 30 инјекции, се знае дека барем кај тие што постои ризик од хиперстимулација даваат помалку. Мене и во Ремедика и во Њуборн ми ги даваа сите 30 наеднаш, но според шемата јасно беше дека ќе ги потрошам сите и ќе треба и да докупам. Не знам дали на сите пациентки им ги даваат сите 30. За второто ин витро во Ремедика со мене на пункција и трансфер беше жена што поради ризик од хиперстимулација ја стимулирале со по 1 или 2 фостимона, не можам да се сетам, но памтам дека кажуваше дека не и ги дале сите инјекции и беше револтирана поради тоа. Тоа беше пред околу 2,3 години и не можам да тврдам, но мислам дека им се даваат сите 30 инјекции на тие на кои се знае од напред дека најверојатно ќе ги искористат сите и најверојатно кај некои пациентки се прави превид и им остануваат инјекции. Така би требало да биде, но не можам со сигурност да знам како работат сите клиники и зошто на некои им даваат повеќе од што е потребно... ФЗОМ кога дава ваучер ги набројува услугите кои се опфатени, но тоа не значи дека мора се да се направи или употреби, туку колку најмногу фондот ќе покрие од услугите што се потребни. Во листата стојат и три проверки на хормони, па мене секогаш ми правеле најмогу две, супрефакт стојат по 2, јас користев само една....не се само инјекциите тие што остануваат неупотребени. Можеби, но навистина е некако нелогично и за фондот да не прави проверка што се троши и како, мада кај нас ништо не ме чуди и за Ремедика да не сака да ги искористи некако лековите што им остануваат...
Ја имам 2 ивф во Ремедика, за првото ми даваа по потреба,не ги искористив 30 останаа 7,не ми ги дадоа. За второто од сам старт ми дадоа 30,ми останаа 10 не ми ги побараа назад. Така да нема правила,а верувам не одат во загуба тоа сигг.Така да ми има логика муабетот на @Bubce38
@Tukituki никако не се во загуба. Тој Таше сум го слушала на емисии, постојано повторува дека нема ќар од ин витрата преку Фонд, но не верувам дека е во зијан, сигурно не ги прави од чист алтруизам. Многу неетички ми звучи доктор да зборува за ќар или зијан, сите одиме на лекар со идеја дека нивниот мотив за лечење е од хумана природа, не колку ќар или зијан имаат од пациентите, како да се они трговци, а ние роба. Не дека сите не не гледаат кроз призма на пари, но помалку боли кога не кажуваат отворено. Да немаат ќар од фондот нема ни да ги прават. Ќарта според мене е што со помош на фондот сепак земаат повеќе пари од што би зеле инаку, им се зголемува бројот на извршени ин витра, па макар и по пониска цена да биле, пак имаат повеќе обрт на средства и сигурно на крај и повеќе заработка отколку да се ослонат само на приватните ин витро постапки, кои не можат сите да си ги дозволат, уште па и 3 по ред. А тоа со инјекциите навистина ми е мистерија, ама нека прават што сакаат, само нека работат одговорно, без разлика дали одиме преку Фонд или приватно.
Ништо не е изменето. Пред 2-3 дена поднесов. Ти треба: фискална/и сметка/и, извештај од трансфузиолог (копија поднесувам), потврда од матичен гинеколог и копија од трансакциска сметка. Секако и Барање за рефундација, го симнуваш од страната на фзо.
Јас се зезнав за клексаните иако не ги примав многу.Требаше да ги рефундирам 1800денари и не ми ги рефундираа.Ивф то беше во њу борн а се боцкав на дежурниве поликлиники а сум требала на трансфузиологија или во 8 ми септември но не знам дали овие клиники се 24 /7.Малку нелогично ама тоа е.Следниот пат на ум.Но кога ќе се земе паркингот на клиника што не личи на паркинк некако пола пари од наш џеб.Само да се краде на туѓ грб.