Не е по пониска цена преку ФЗОМ,и зијан се дека ФЗОМ увек доцни со исплата затоа се зијан дека баш алтруистички унапред даваат се а фондот доцни со покривање,затоа коментирал д-рТаше. Не скокајте одма дека ко роба не гледаат,сепак доктори се не се касапи иако да без финансии нит греење во клиника нит бутур ќе имаат тие и ние ко пациенти.
Кукле и потврда имав и заверка сите документи ама не ми одобрија него кажи ми како да постапам следниот пат.Што да им барам да не сум испуштила нешто ама све беше таму.Не знам каде утнав
Околу измените мене трансфузиологот ми кажа дека од следниот месец, веќе овој ќе важел извештај од гинеколог дека треба да примаш клексани. Само во тоа дека е измената. Дека не мора да зимаш од трансфузиологија. Јас планирав неделава да се распрашам...
Од ФЗОМ добиваат 80 000 по ин витро постапка, веројатно и инјекциите се вклучени, а приватно чини минимум 120 000 без инјекции и не е по пониска цена преку ФЗОМ? Ај не сакам да спорам ниту пак да му кажувам на било кој дали треба да скока и што треба да мисли, ама ќе расплачев за малку од алтруизмот. Верувам дека една половина од парите е на основ на услуга, не потрошен материјал. Фондот касни, но знаат дека парите ќе им бидат исплатени. И поентата на муабетот ми беше дека е неетички во врска со медицински услуги да се зборува за ќар, посебно кога муабетот не ниту издржан.
Се убаво пишано,ама пак од чиста љубов нит се преживува нит клиника одржува во работа. Не змерувај,ама така е. Сепак ние одиме со мака кај докторите и нормално тие да наплатат за услуга така е,нели? И со ќарот треба да подмират трошкови на клиниката и плати и се. Со тој поголем ќар поголеми се платите на вработените а со тоа тие се помотивирани да се пољубезни кон нас како корисници нанивни услуги т.е. пациенти. Си користела услуги од ГАК? Ако да само спореди љубезност и услуга таму и на приватно кај што ќарот придонесува да бидеме треирани таму ко краЉици Јас не се вреѓам некој да ме гледа како ќар доколку ја добијам услугата за која сум тропнала кај нив на врата,дупло од услугата во частење би им оставила и од срце би дарувала,од душа дека така сакам а кој како ќе ме доживее негов проблем.
Ako nema kar nemora ni da rabote . zasto rabote so fondot sigurno ne e vo zaguba so toa sto rabote so fzom
Жално е што на ГАК нема никаква услуга и љубезност. А плаќаме здравствено осигурување! Зошто треба да се оди на приватно и да се оставаат и пари за честење, никако не можам да разберам. Но, скоро сите правиме така, баш поради веќе познати причини (сите ги знаеме). Зборот ми е, сите ги заслужуваме услугите за кои плаќаме секој месец и со години. Ако се пресмета, не се малку пари дадени во фондот. И да бидеме реални, цените за пациенти се повисоки од реалните трошоци, не за џабе фзо ја префрла таа сума. Верувам дека е одобрена од сите ивф-оддели.
@CaraMia не спорам, нормално дека секој работи за пари. И клиниката мора да се одржува, вработените да се плаќаат, да има потрошен материјал и плус да се оствари чиста добивка. Тоа е се нормално, во секоја приватна фирма се работи на ист принцип и приватните клиники се основани како дејност на некоја приватна фирма. И за нив важат истите правила и принципи на работење. И толку поради тоа, нон сенс е некој приватник да кажува дека нешто работи без ќар, а во случајов освен што е нон сенс е и неетички, може да поттикне чувство на помала вредност и несигурност кај пациентите во врска со мотивацијата што ја има при пристапување на нивниот случај. Тоа е се што сакам да кажам во врска со изјавите на дотичниот лекар, тоа е мојата забелешка, ништо повеќе од тоа. Немам лично искуство со докторот, така да може он е најдобриот стручњак и најдобриот човек, но овие изјави според мене не му чинат. @Mimmi39 потполно и за се си во право. Прашањето е навистина зошто? Зошто ГАК немаат пари за една обична вата по интервенција, а да не збориме за се друго? Излегува дека фактички сме принудени да одиме по приватните клиники и да даваме едно чудо пари, а истовремено постојано го полниме фондот со средства од придонесите, за здравствено осигурување. Имајте убави празници и останете во добро и позитивно расположение!
@Желба јас пак ќе ти пишам се ти е убаво пишано. Еве тебе те ремети некој да те гледа како ќар,мене не ме тангира,и немам нит помало нит поголемо чусвтво осетено верувај ми. Ако стигнам до целта ништо друго не ми е важно. Ќе чекорам и по скратен и по заобиколен пат и нека ме доживуваат како подвижен банкомат во клиника ама кога ќе ги наполнам рацете веќе нема ништо да ми е важно. Јас те разбирам,ама мислам дека јас сум неразбрана,нема врска. Убави празници и мир и спокој во душа. @Mimmi39 јас напишав дека би частела ако имам полни раце. Досега нит приватно нит државно не сум почастила(значи немам бебуш)но пак и не сум отишла на преглед без препорака да бидам искрена. А на малкуте прегледи кај што сум одлеа без препорака,онака регулар и те како има разлика дали со препорака одиш и на државно и на приватно. Ова е мое лично видување,не сакам никој да се осети навреден,нерасположен или било што.
@CaraMia целта на сите ни е иста. Верувам дека сите сме дале едно чудо пари и ќе даваме се додека не го постигнеме тоа за кое се бориме, те разбирам добро што сакаш да кажеш, но малку исаф и од страна на приватните клиники не е на одмет
Мила нема да имаат исаф додека ние им тропаме на врата. Ние бараме услуга а тие ја наплаќаат. Знаеш ли колку тешко легално стигаат до виртуози специјалисти за стерилност? Не зборам за оној што имаше лажна диплома од Бугарија и водеше лажни бремености Пазарна економија,се се вреднува и наплаќа и често и пренаплаќа. Ама за дете бре се би дала,макар и во колиба да го одгледувам и раснам на крај. Немој да ми замериш,чисто мое лично мислење е. Инаку зошто да не е поефтино се тоа,и мене би ми било во прилог така. Ама имам заклучено за се во животов што е поефтино наплатено е фушерај. Сакам да си платам по ценовник,нека е и прескапо,за дете е,а јас пак ќе пишам дупло ќе почастам зошто така сакам,од срце,од душа.
@CaraMia , во право си за тоа, секогаш има причина зошто нешто е поскапо, не џабе се вика - ако не знаеш што е најдобро, прашај што е најскапо. Има и исклучоци, но генерално така е. Да го резимирам муабетот. Најлегитимно е да платиш поголема сума за услуга од врвен стручњак, секој од нас може да претпостави колку труд стои позади нивните титули и искуство и јас поради тоа имам големо почитување према нивната струка. Посебно за доктори кои уште многу години по факултетот специјализирале и се надградувале. Единствено што ми пречи е кога некогаш некоја нивна изјава или постапка ме тера да мислам дали е се направено за мое добро или дел е направено само зошто така има повеќе заработка или пак обратно, не е направено затоа што не носи заработка или ќар. Ај, широка е темава, како и да е, повторно мора кај нив да одиме, дај Боже сите да успееме. Во тој случај ќе им простам за сите сомнежи
Извештајот со потрошени инекции, описот на протоколот и сите пропратни ствари самата клиника ги доставува до фондот. Така да комотно може да си пише дека потрошила 30 инекции ( и да не е). Конкретно јас потрошив 30 бемфоли ( најскапи се , 22 евра се во Грција) кај нас се 1650.потрошив 2 прегнила и суперфакт. Значи клиниката ја коштав околу 51.000 ден само за стимулации. Остануваат 29.000 д за пункција , трансфер, хормонски статуси , фоликулометрии... Реално малку е , со оглед дека знаеме колку кошта едно ивф на приватно. Па едно обично ехо и хормонски статус да направиш е 8.000 Кажав еднаш и пак ќе кажам . За Др Таше не смеам лош збор да кажам. Направи се што требаше и се што е во негова моќ. ДА , не ми се бендиса кога ми објаснуваше како тоа тој е во "загуба" од фондовските, како ми "раскажуваше " дека ако сакал може да ми даде мерионали кои го коштале 10евра ( по тоа заклучив дека тој / клиниката, си ги набавува стимулациите) , но не можам да кажам дека нешто погреши во постапката. Додека јас се "Трескав од земја" дали ќе створам фоликули , тој ми зборуваше за пари. Но,добро.... Сам ми кажа дека нема да ми го пушти ваучерот за наплата , ќе чека максимум 6 месеци( толку можел) за да не го плаќам трансферот кога ќе дојде време за него. Но стојам на тоа дека воопшто нема потреба да се објаснува на нас пациентите како тој нема заработка од нас. На моменти ми идеше да му речам ,аман ќе платам само истерај ја работата. Ама на самиот крај толку бев задоволна од сето тоа што го стори за мене / за нас, што греота би било да не го етикетирам како прекрасен човек. За време на пункцијата осетив дека и тој соживува со мојата болка , со секој "убод" при пунктирањето и тој се препотуваше,потскокнуваше. На крај ме погали по чело и ми рече греота е ваква жена да не биде благословена со пород. Мене тоа многу ми значеше. Можда немаат ќар од фондовските, ама ако не работат со фонд ќе немаат ни пациенти. Драстично ќе им се намалат бројот на пораѓање,прегледи,контроли. Така да не се жалење никој од приватниве. Сепак добро е што постојат. Да требаше за се нешто да се лекуваме на државно , отидовме курбан
Најверојатно си имала растојание во датите од извештајот и сметкопотврдите. Само претпоставка ова Прво се зима извештај од Трансфузиолог, па по таа дата купуваш Клексани во аптека и си зимаш фискална со сметкопотврда, па потврда од матичен и во фонд одиш на рефундација. Но ова откако ќе ти истече важноста на изврштајот. Можеш да купиш Клексани пример на 10-05 а извештајот да ти биде од 03.05 и ти трае цел месец тој извештај. Кога сакаш можеш од 03ти да ги купиш Клексаните па се до 02.06, ама ако е обратно нема да ти важи и оние кои си ги купила од 3ти до 10ти 05 ќе неможеш да ги рефундираш. Запази и колку ти пишале во количина отпозади на извештајот, некои Трасфузиолози се ципидлаки па ги пребројуваа кој знае како и каша попара правеа во пресметките. Јас правев вака. Ќе зедам извештај некој ден до недела и 10дена пред да почнам со инф, каде Трансфузиологот пишуваше ,,за време на инф пациентката треба да биде покриена со хепаринска терапија, пример: кога ќе почне со стимулации 1*1, по трансвер 2*1..,,. Во делот за количина секогаш ми пишуваше 2*1 (значи во старт знаеше дека јас таа количина тогаш ниту ќе ја искористам, ниту па ми треба, ама бидејќи е ,,недостапен,, на денот да ми издаде извештај, така ми пишуваше). Унапред не купував, туку си броев, 30дена ако минат, идам пак и барам нов извештај, всушност во старт кога ми го издава првиот извештај јас закажувам контрола за наредниот месец.
Na mene vo sredata mi stigna resenieto za refundacija na parite od kleksan I sega za kolku vreme ke mi stignat I parite inace denes sum mnogu negativno raspolozena blagodarenie na edna zena kako da go prebrodam toa ona imala nekoe loso iskustvo pa sega se plasam I na mene da ne mi se sluce istoto vo vtornik ke treba da odam da meram betahcg pak da vidam dali raste ama vo takov grc sum iako Dr mi vikase oti ne treba ama posle mi vika kako sakas Non stop mi pisese na fb de ta de da ja ponovam betahcg veruvaite mi samo na toa mislam sega
За околу една недела би требало да имаш пари на сметка, иако не е правило, некогаш ниту решение ми стигнало, а пари да. За 1м исплаќаат. За она другото, ете вака на таа жена да и направиш Секој со свое искуство Мече, не потпаѓај под влијание и не си руши празникот. Бета пак да правиш?? Зошто?? Таман ти е!! Гали меше и чекај ден за ехо
А ти зошто си и кажала? Молчи си бе девојче, не мора сите да знаат. Прави како ќе ти каже докторот, не слушај други, особено не негативни личности. Изолирај се, тоа си е твоја приватна работа. Никој нема право да ти кажува што да правиш, да те напнува. Се ќе биде во ред, ќе видиш.