јас имам дома, не ги пијам веќе, повеќе од пола се. Можам да ти ги дадам. Од Сити мол ги купив. Само после да им го проверам рокот до кога им е.
Емаема, јас не можам да ти помогнам околу цената на природен циклус во Њу Борн бидејќи имав два обида на природен циклус но во Систина. Таму пункцијата се плаќа 10 600 ден без анестезија, а ако добро памтам, после успешен трансфер доплатив уште 39 000...Како и да е, сакам да те охрабрам зошто мојот втор обид на природен циклус без никаква стимулација беше успешен и еве терам 28ма недела. И јас имав повисоко ФСХ 13 и нешто, иако резервите покажаа дека се во граници 1.55. И @mac82 има успешна приказна на природен циклус без стимулации. Ти пишувам чисто за да знаеш дека не` има, иако статистички шансите се чинат многу мали.
Правев испитување на анти-мулериановиот хормон, се прави приватно, чини околу 100 евра. Исто така, бројот на антрални фоликули не ми беше трагичен, искрено не памтам колку антрални фоликули имав на втор ден од циклус...
Здраво храбри жени, јас само да пишам дали на некоја и треба Неофолик мета имам 3 пакувања, со рок до Јуни 2018 ...значи ги поклонувам, и ќе има време Април, Мај и Јуни да ги пиете ..која ги сака нека ми пише...инаку гледам периодов мн нови трудници имало честитам до сите да не пишувам може да испуштам некоја... Бог ве наградил пред овој голем празник верувам нема поубаво чувство, да си го дочекаме и сите ние што сеуште го одиме овој трнлив пат... со лесно ❤
Јас двете ивф со стимулации ги правев во Ремедика и ми ги даваа сите 30 ампули и не ми ги бараа остатокот а ми остануваат по 3 ампули ко за уште еден ден да боцкам дека боцкав по 3 менопур...кој знае што и како прават..но на извештај видов 80.000 фзо и 2500 сонда фзо и 2550 Кринон гел 15 апликатори што само тоа го плаќав на пулт на заминување
Фалааа ти мн Мила моја, ок сум гурам некако морам, после сите случки со докторот собирам сили да се вратам во игра...те гушкам и јас тебе многу ❤❤❤
Само храбрите и упорните успеваат! Софи, добредојде назад во клубот, ти си храбра девојка, само напред!
Фала ти срце, ... ќе биде кај сите нас, како викаат кога сакаш нема, туку кога не очекуваш..ќе дојде и тој наш најубав ден те гушкам ❤