Девојки да ве прашам нешто. Денес ми е 17 ден од ЕТ, има бременост, бетата се качува, и отидов кај матичниот да види резултат. Ајде вика да те прегледам. Не рече за бременост ништо пошо рано било. Ми виде фолекул непрснат 30мм, ми рече хиперстимулација и ми рече дека сум можела во болница да ме задржат и се исплашив па плачење. Се јавив кај што правев инвитро ми рекоа дека нема потрееба да се нервирам они не правеле преглед на 17,ден,дека тоа било нормално. Немам болки во јајници немам подуен стомак. И сеа незнаам на кого да верувам. Некоја со такво искуство? извинете за долгиот пост.
@Diva_ma Слушај си го докторот од ивф,овие матичните само паника прават. Сите што се со ивф стимулирани нормално е да има некои пореметувања. Јас кога бев кој мојот матичен исто,лееееле колкави ти се јајниците , демек како е тоа можно,хиперстимулација бла бла бла од лошо полошо ти кажуват,немав никакви болки и се си заврши во најдобар ред! Поздрав и не се плаши,стравот нема да ти служи!
Благодарам @Dreams11, ке си чекам 2 недели да поминат и да си одам кај докторот што ми правеше инвитро.Поздрав
Феминки,сакам да замолам да ми каже некој каков е циклусот по прекинување на микрогинон?дали е обилно или послабо крварењето?
Ако имаш хипер верувај ќе знаеш! Јас бев хоспитализирана заради хипер и верувај дека ќе знаеш. Таа болка ќе ја познаеш!
Послабо е крварењето. Јас после микрогинонот само два три дена имав како кафеав исцедок и толку. Немав обилно краварење како вообичаено
ептен слабо крварење имам коа сум на микрогинон три дена три капки кафено со секојдневна влошка минам
Да @kukla21 имам читано за хипер колку толку. јајниците нормално малку ме болат одвреме навремд од стимулациите ама не е некоја болка,докторот од ивф ми рече нормално е тие што не пораснале сега растат и нема проблем. Матичниот ме исплаши дека сум имала хипер со еден непрснат фолекул. А он не ни знаеше дека сум инвитро и после откога му реков како и што па ми кажа дека имам хипер.
Јас имав блага хиперстимулација, не бев хоспитализирана, ниту пак имаше потреба, на ехо ме гледаше прв пат докторката на 10ти ден од инф, ја виде течноста, но заклучи дека нема многу и не знам ти каде беше насобрана, наводно на ,,побезбедно место,, по 2недели кога појдов на прво ехо да видиме гравче имаше сеуште малку течност, потоа за 1недела бев кај друг доктор немаше веќе ништо. Јас имав болки при станување, вртење во кревт, како и течност да си осеќав (ама и многу, премногу вода пиев) штрекање во јајници, подуен, стврднат стомак, нелагодност, нагони за повраќање, без апетит, вртоглавици. Пиј многу течности, ама многу, незасладени секако најдобро, овошни чаеви, домашни компоти, потечно смуди, вода, јогурт исто, Активија би ти го препорачала. И не барај само симптоми одма ќе си ги најдеш, јас веќе знаев дека имам и пред да ми потврдат, но само следев ситуација
Тежок ден денеска за мене. Денес требаше да имам трансфер на 5ти ден,ми се јави ембриологот нема трансфер не се развивале ембрионите. Се ми се одвиваше така брзо и брзо заврши
Благодарам емка ме смири малку. Се мислев и денес да одам на матичниот ама не одам. Денес малку боли десниот јајник ама ајде ќе се тешам дека ќе се намали болката или ке исчезне. На 23 април имам на ехо закажено. А точности едвај една чаша на ден.
Мече те мислев деновиве. Те немаше да кажеш како си. Нека расте бетата како што треба,ти посакувам добар резултат и убава бременост