Јас во Систина, со природен модифициран протокол, платив 10.070 за пункција и 35.625 за трансфер. Беше применета икси метода на оплодување.
Ова со цените за ивф на природен , модифициран циклус, класично ивф се тотален хаос. Во плодност значи ужасно скапо во однос на Систина,Ремедика. Така, во плодност било кој начин да го примениш пункцијата би била од 500-600 евра ( зависело дали ќе сакаш анестезија и колку х.статуси ќе имаш). Трансферот ќе бил рамно 70.000 ден . Цените ми ги кажаа прошла недела. Три пати прашав дали има разлика од тоа дали ќе биде природен или стимулирано ивф . Одговорот беше ДА иста е цената за пункција и трансфер, само можда ќе има разлика дали ќе платиш едно или повеќе еха, и еден или повеќе х статуси. Значи во плодност никако не се исплаќа да се прави ивф на спонтан циклус. Ептен чудно
Цениве да не се од поодамна? Лани во септември, пункција 10600 (без анестезија) и трансфер 37500 на природен модифициран.
Ова ми е од последната сметка, од минатиот месец. Ама јас плакам со картичка од Стопанска Банка Битола, и со неа имам 5% попуст на сите услуги. Инаку тие се цените што ги пиша и ти.
уффф те мислев Ајде меше со среќа Другпат во проверени лаборатории. На кој му дошло да се зеза за bhcg
Vo taa lab ni fiskalna ne mi izdavaa nisto najtesko mi bese da I kazam na majka mi oti pred dve Ned dobi mozocen udar od takvi nepismen I ostana nepodvizna oti I ja prekinaa terapijata za trombozata I se stvori tromb
@Meckicja честитки мила! Жал ми е што се изнаплака за џабе. ... Можеби имаш пишано, го имам пропуштено, каде ти ги згрешија резултатите ако не е тајна? Секаде може да се случи, ама ете ме интересира од радозналост.
И мене не ми е јасно зошто толкава разлика во цената меѓу ин витро на природен и ин витро со стимулиран циклус, кога двете процедури се исти, разликата е во стимулацијата и бројот на јк. Еве, нека имаат и повеќе работа кај пункцијата при стимулиран, трансферот е ист. Кај тие со мала резерва како мене и нема некоја голема разлика во бројот на јајце клетки, навистина ми е нејасно како се формирани цените.
Ајде дури сме на темата за цени уште едно да разјасниме. Во плодност ми рекоа дека кога би имала пункција на природен, на денот на пунктирањето би си ја платила самата пункција. Ако извадат јк и ја дадат на оплодување тој ден би платила и пола од трансферот ( околу 35.000 д) . Ако се оплоди и има трансфер на денот на трансферот би си го доплатила ( уште 35.000). Тоа значи дека ако јк која првично би се оплодила ,а би престанала да се дели , јас сепак би си платила пола трансфер. За во Систина разбрав само ако стасаш до трансфер ќе си платиш 37.000 ден . Така ?! Сето ова го кажувам/прашувам за ивф на природен циклус. Некоја членка по порака ме праша за интралипидна инфузија дали ми предложил Таше . ( Се извинувам по грешка ми се избриша пораката ). ДА бевме договорени да примам три. Една пред самата пункција , втората пред трансферот ( тој ден) и една при евентуална бременост околу 7-8 недела . Не примав ниту една со оглед на тоа што се случи. Цената ми спомна дека " за мене" една инфузија би била околу 8.000 ден . Као редовна цена му била 12.000 .
Според моето искуство од Систина, не се баш такви цените како што читав овде. Еве како плаќав последните 2 месеци: Пункција на природен циклус 12.180 ден. Немаше јајце клетка, значи немаше доплата за оплодување, веројатно тоа би било цената што се плаќа како пола трансфер, не сум сигурна за ова... Трансфер со замрзнати 32.500 ден (со инекција atosiban) Плус инекција tevagrastim 3 дена пред трансфер, со се аплицирањето околу 6.000 (самата инекција е околу 3.000). Поздрав @Bubce38