Инаку се јавив во Фондот за здравство. Ми рекоа дека не знаат зошто трансфузиолозите ширеле дезинформации кај пациентките, ништо официјално не било сменето, и признаваат само извештај од трансфузиологија. Извинете за дигресијата, ова ако се сеќавате на муабетот дека имало измени и дека ќе можеле гинеколози да даваат извештаи за рефундација на Клексани.
И јас слушнав од трансфузиолог дека сега може дури и општ матичен да издаде извештај врз основа на извештајот од спец. гинеколог, колку е точно ова не знам.
A kako zakazuvate na transfuziolog koga nema slobodni termini vo drzavna bolnica, moze vo voena ili poranesna gradska bolnica?
Па нели во лабораторија спремаат услови и раствори за ембриончињата да растат на сличен начин како во тубите и матката. Е па ми рекоа дека не е точно. Вчера се јавив. Дека можеби имало некои преговори, но дека официјално ништо не е договорено. Па јас одвај стигнав до трансфузиолог. ... Два месеци по ред он самиот ми закажуваше термини за контрола...и последниот пат ме откачи културно со тоа што ми рече не доаѓај веќе кај мене сега може и гинекологот да ти пишува извештај, има нов договор со Фондот...и сега и јас се чудам што да правам. Се мислам онака да му се појавам наредната недела, ако стигнам на ред од гужвиштата.
Mene denes mi stignaa parite od kleksan na smetka a na rodninata tase I zemal 92000 den pokraj vaucerot za zamrznuvanje odmrznuvanje na embrionite posto I bese odlozen transferot zaradi hiperstimulacija
Може да го пријави, ако смета дека неосновано и наплатил услуга. Инаку замрзнувањето не го покрива фондот, без оглед дали е хиперстимулација или не. (Колку што знам јас) Цените за замрзнување се различни во секоја клиника. Ремедика е околу 40000 ден за 5 год, систина мислам 11500 за една год. Зависи која цена е во ценовникт на Плодност, таа сума требало да и ја наплатат. Ако и издале сметка, навистина може да пријави, но ако нема сметка, не сум сигурна дека нешто може да направи.
Ова за Плодност прв пат слушам да е вака, на денот на пункцијата да платам за пола трансвер абе ај, демек работеле, а тоа што докторот треба да извади максимум, да погоди право време, да стимулира внимателно, да внимава при пунктирање, ембриолозите да внимаваат при оплодување па многу ми е нормално по завршена успешна работа да се бара надомест, вака што @Желба премногу си платила во Систина, ти верувам дека толку си искеширала таман работа да правиш лажги со опашки за ова. Јас пред некаде 2.5год имав приватно инф во Систина со долг протокол. Целосна сума доаѓаше некаде 13.000ден. (пункција) + 98.000ден. (трансвер) за трансверов не сум баш сигурна да беше толку ама тука некаде. Сега сигурно имаат качено нешто цени, ама сепак не би биле драстично изменети. Јас бидејќи веќе имав доста услуги претходно направено си барав попуст, со тоа што платив 13.000ден за пункција и 69.000ден за трансвер, значи вкупно ми дојде 82.000ден. Хормони или било што не доплатив, било какви инекции од кај нив не користев, стимулациите се башка. Платив цела сума по трансвер. Пред 1год во Њуборн платив цела сума околу 92.000ден, колку беше пункција, а трансвер не знам, иако плаќав по пункција, по трансвер, ама сум изумила. Нешто плус не доплатив, а одев секој втор ден на ехо и хормони. Муабетов искача како ќе ти се падне
@irencule1980 да, кај тој доктор, 6-то ивф. Во Њуборн правев едно целосна стмулација, ама со ваучер и доплатив само за дополнителни апмпули мерионал и цетротид, така да не знам колку е приватно ако плаќаш, имаат на страната нивна цени и емкаемка гледам пишала. Потоа правев уште две, со замрзнати 36.000 и едно на природен, пишав предходно, плативме околу 32.000,имаа промоција, но ни вратија 12.000 или 14.000, така нешто, зошто немавме трансфер. Според моето искуство, Њуборн имаат прифатливи цени и не се трудат дополнително да извлечат уште нешто, дури др Трајковски те препраќа по државниве клиники за да спасиш нешто од пари...така да се изразам @PrettyG со иста стимулација сме биле, само ти со помала количина и одлично си изреагирала, можеби и кај мене ќе беше подобро да одиме на ист начин. Дали памтиш со кои лекови беше стимулирана на долгиот протокол, кога бил мал одговорот? Многу ми изгледа тоа, околу 60, 70 ампули... @emkaemka 13.000 (пункција) + 98.000 (трансфер)=111.111,00, 20.600 (пункција) + 91.000 (трансфер)=111.600,00, ми се чини врти заврти, цениве пак искачаат исти, едно намалиле, друго зголемиле. Во мојов случај најмногу ме одраа поради тоа што истиот ефект ќе го постигнев и со природен модифициран кој е упола цена. Ви благодарам на сите што одговоривте за Плодност, ќе размислам убаво
Девојки да ве прашам...гледам во правилникот на ФЗО во документација вика дека лапаро&хистеро,хсг и 4Д не се временски ограничени...Е сега некоја од вас поскоро што поднесувала да не и барале случајно 4Д не постаро од 6месеци?Да знам да го направам и тоа да не ме враќаат џабе.Друго ...дали да ги приложам и дополнителните испитувања што го правев:генетски мутации,кариотп и тестови за тромбофилија?
Имаше тука неколку членки на кои им бараа ново 4Д, а доставеното било +6месеци. Така да ново направи си најдобро, да не тапкаш и да не се нервираш. А хсг, лапаро/хистеро да, може и постаро да се достави. Другите испитувања немаш потреба да ги доставуваш
@irencule1980 ништо не кажа докторот, не го ни видов по ивф. Ти благодарам за желбите, со среќа и на тебе, се надевам дека сите ќе успееме
Јас во систина имав замрзнато јк неоплодени,и неплатив ништо за оплодувањето (неуспешно).Ми се јавија ми кажаа не беше успешно трансфер нема да има,ги прашав треба да дојдам да платам нешто рекоа не.
@Желба со долгиот протокол бев стимулирана со мерионал и пурегон. И супрефакт нели. А пред стимулацијата микрогинон. Кога ги потрошивме тие 30 ампули што ни следуваа од фондот, докторот додаде и гонал ф кои сами си ги купувавме. Мислам дека дури кога гоналот го вметна, тргна малку од малку работата. Но не заврши како што треба. Кај мене мислам дека комбинацијата на гонал ф со цитротиде даде многу добар резултат сега последниот пат кога одевме со природен модифициран протокол. Дури и докторот беше изненаден.
Да еве мене ме имаа вратено за 4д постаро од 6 месеци.Така да направи си обавезно. И не ти препорачувам да доставуваш дополнително документи за да немаат и други причини да те вратат.
I mene me vratija za 4d najubavo e da se naprave na 21 den od ciklus Mene taka mi rekoa trojca ginekolozi