Znam deka ne go pokriva fondot zamrznuvanjeto no transferot go pokriva a I 92000 se mnogu za odmrznuvanje I za zamrznuvanje ona nemase transfer odma nego posle dva meseci od postapkata
Затоа пред постака треба добро да се инфрмираме за цените. Различни се низ клиникиве. Многу - малку таа е цената....ако е објавена во фицијалниот ценовник, за жал нема ништо спорно. А и јас лично мислам дека е многу, споредено со други клиники. Која и да е цената, не е гаранција за успех. Многу ми е жал за рднината, слдниот пат да и бде успешно.
@PrettyG фала за одговорот Гледам дека сите различно реагираме на стимулации, јас со мерионал имав најдобар одговор, а подобар од фостимон и гонал ми беше и со комбинација на менопур и пурегон. Според тоа заклучив дека освен ФСХ во стимулацијата мора да имам и ЛХ од почеток на стимулација. Дали знаеш каков ти е соодносот меѓу ФСХ и ЛХ на трет ден од циклус? Мене секогаш ЛХ ми е скоро за пола помал од ФСХ, дали тебе ти се скоро исти?
Девојки вчера го утнав времето за микрогинонот го пиев во 16:30 а вчера во 16:55...како да продолжам од денес да го пијам?16:30 или 16:55?
@Ivuska31 како што ти пишаа предходните членки, направи си ново 3Д/4Д. Тоа временски неограничено се мисли на ХСГ и лапароскопија/хистероскопија, бидејќи не е разумно да бараат на секои 6 месеци да се повторуваат. Мене една од докторите за ХСГ ми рече таман работа да бараат постојано да се повторува, тоа е радиолошка постапка, нема да ја тераат жената да се зрачи постојано. @maca# јас би се напила негде измеѓу, во 16:45 на пример и би се враќала кон 16:30, ако е тоа времето што најмногу ти одговара. Не се стресувај, не е некоја голема разлика, не си рипнала цел ден, 25 минути разлика нема да направи проблем
Фала Кај тебе ФСХ подобро изгледа, мене ми варира од 10 до 20. На претпоследното проверување ФСХ беше 17,8, ЛХ 5,94, што е отприлика 3:1 разлика и како што разбрав укажува на намалена резерва. Мислев ќе укапирам зошто реагирам подобро на стимулација со ФСХ/ЛХ, ама уште сум во незнаење Сакам да прашам уште нешто, до сите членки се однесува прашањето, дали знае некој дали влијае дозата на јод во пренаталните витамини на висината на ТСХ? Откако почнав да пијам Фемибион и после Премама, ТСХ ми се покачи од 1 и нешто, на 2 и нешто, највисоко ми беше 2,60, дали е поврзано тоа со јодот во витамините?
@Желба мене тсх една недела после стимулациите ми беше покачен на 3,9. За да денес веќе ( после недела дена пак) ми дојде на 2,1
Здраво женски, ги земав денеска микробиолошките брисеви и за прв пат ми покажува кламидија а треба сега од нареден циклус да почнам со микрогинон и после тоа со стимулации Дали брзо се лекува оваа бактерија и некои совети за побрзо лекување? Фала женички
Во Промедика ми ги земаа брисевите па ги носев во Авицена. А и јас се помислив за истото.Пред 6 месеци чиста бев се , освен на ГАК да не сум ја закачила по време на хистероскопијата
Мене ми рекоа дека е попрепорачливо во втора половина, значи после 14-15 ден иако мислам дека не е проблем и порано.