Дрвојчиња, ми треба една консултација за рефундирањето на пари од клексан. Покрај останатите документи (фискална и сметкопотврда, извештај од трансфузиолог) нели треба и извештај од матичен гинеколог за апликација на клексанот. Е сега не ми е јасно, клексанот се аплицира секој ден (сабота и недела) а матичниот гинеколог не работи за време викенд. Јас секако сама се боцкам, но дали во фондот поминува извештај од гинекологот дека пример ми аплицирал клексан од 16.04 до 16.05. период кој вклучува сабота и недела кога ординацијата на гинекологот не работи
Јас колку што знам антрални фоликули се гледаат на втор ден. Оваа препорака за 4д подоцна во циклус е заради тоа што ендометриумот е позадебелен и веројатно подобро се гледа матката. Ова колку што јас сум информирана, можеби сум грешка.
Фала, не знаев дека од стимулациите се покачува, добро што прашав, планирав да престанам да пијам витамини со јод Браво, одличен број на јк, сите да се оплодат!
Mene maticniot na recepta mi stavase pecati tolku kolku so imam inekcii.Primer 30 inekcii 30pecati.Na sekoj pecat datum,po redosled kako so bockam,i negov potpis.Demek tamu me bockale.Jas se bockav sama
Се гледаат и на втор/трет ден, но и подоцна, 20/21. На моите извештаи од 4Д секогаш пишуваше за бројот на антралните фоликули.
ЗДРАВО јАС Имав пишувано за негативното искуство кај Таше лани.Е сега пред некој ден бев кј Петаноски и ми рече дека шансите ми биле 5 посто,а со рејувенација 20 посто....Имам низок амх и бев многу разочарана.После тоа истиот ден појдов во Нју Борн кај Татијана Гуржанова и ми рече дека ке сеобидеме секој месец да вадиме по 1 јајце клетка-пошто имам секој месец по една,и да ги замрзнеме.Имало и потешки слуцаи од мене со фсх од 36 со останале бремени,А мене ми е 10 фсх.Дај боже да биде,ако не одам со донирани јајце клетки...Има ли некој случај како мене?Пишете пзз
Биби ти го прочитав проблемот и мој совет ти е да појдеш кај Др Ивановски во систина затоа што доста членки од фемина се усреќија баш кај него по повеќегодишна борба,барем поиди чисто информативно со сите резултати.Не велам дека Тања не е стручна но мислам дека Ивановски е баш во оваа проблематика,но одлуката е твоја.Ти посакувам успех
Јас Биби успеав кај доктор Ивановски со фсх од 13 кома нешто...Не знам зошто толку те секираат со фсх 10.
@bibiiii АМХ колку ти е? ФСХ варира, АМХ е поверодостојно. Ако е многу ниско, според мене и двата предлога се во ред, рејувенација и собирање јк во природен циклус, можеш да побараш и уште едно мислење. Ако си под 40 г. рејувенацијата би требало да има и подобар ефект. Јас сум со многу ниско АМХ и размислувам за рејувенација на јајници, се распрашав тука на форумов, има веќе позитивни искуства. Да се решам уште кај кој доктор да одам и ќе закажам консултација и преглед. Дали има некој искуство со др Стојковска од Ремедика?