Затоа мислам дека кај ивф-доктор треба да се оди подготвен, информиран, начитан, за да не му се остави простор да манипулира. Штом знаеме дека сме со слаба резерва и за таква состојба само краток протокол со минимална стимулација дава резултат, зошто мора да се прифати предлогот на докторот?? Многу ми е жал девојчиња низ што се сте поминале по тие ходници.
Не ми се верува што прочитав Такво обраќање на пациентка спаѓа во сексуално вознемирување, ненормална работа. Многу ми е жал што си морала да го истрпиш тоа, може треба да го пишеш во #сегакажувам кампањата. Инаку за рејувенацијата има спротивставени мислења, знам, но заклучив дека тие што не ја прават се против, а тие што ја прават ја промовираат, што е нели нормално. Сепак, таквото подмладување дава ефект кај други органи, конкретно знам дека се користи за кожата на лицето, за раст на коса, така да некако гледам логика и за јајниците да дава ефект. Инаку конкретно кај јајници се применува не многу одамна, така да реално и не може да се знае точно колку е успешна. Јас се интересирав за оваа метода уште пред скоро 2 години, тогаш немаше кај нас, контактирав со клиника во Белград и во Атина, но и мене ме одвратуваа дека таа метода не дава баш некои резултати, дека е за помлади жени кај кои прерано се истрошила резервата... После тоа имав едно катастрофално ивф на природен циклус и сега уште едно на целосен стимулиран, со по 5 и 6 Гонал инјекции на ден и резултатот беше 2 јајце клетки, оплодени, но без бременост, така да решив дека е подобро да пробам со таа метода, барем може да се надевам на нешто. Прочитав негде дека до сега се покажало дека дава резулатати кај 2/3 од тие што ја прават, што е доста солидна бројка. @Hopeful girl пишуваа тука членки дека во Цетротид се поефтини во Грција, не знам дали има и во Косово... @orhidea242 ти благодарам за предлогот Првите две ин витра ги правев кај др Петановски, навистина е стручен и искусен, но не знам дали би сакала повторно кај него...
Јас лично никогш кај Петановски, односот негов за разлика од пред неколку години е премногу сменат, сите ги праќа хемолаб кај др кочо на приватно каде што ќе платис 15000 ден, а сето тоа на трансфузиологија би било 2000 ден мак.парите пред се, ние нели како добар доктор кај што оди секој втор доверба глема и накрај сумираш дека се е пара веќе, од маката на луѓето цицат, а сестра Данче мисли дека е шеф на Ремедика и покрај тоа што да не е шеф петановски она не би била ништо освен обична сестра како и другите кои за разлика од неа се прелјубезни
I jas se soglasuvam za Petanovski mnogu rutinski raboti i mislam deka raboti samo na.imeto sto go napravil na vreme jas imav 3 neuspesni kaj nego
Девојки дали достинекс оди на рецепт или може да се земе на приватно без проблем? исто и за тотхема???
Тотхема јас на приватно ги земав, не ми ни спомна докторката тогаш за преку Фонд. Изгледа не одат. Иначе се многу ефикасни, мене за мн брзо ми го средија железото. Мислам околу 400 - 500 ден се, една доза ампули се земаат
Достинекс не одат на рецепт, само Бромергон. Имам пишувано и претходно, ако имаш можност купи си ги од Грција, ги има во секоја аптека, и за таму не ти треба рецепт, само слика од нет од кутијата, за да знаат за кој лек станува збор. Кутија со 2 апчиња е 4 евра (240 денари), а со 8 апчиња 19 евра. Што значи повеќе ти се исплати да си земеш повеќе кутии од по две апчиња. Во споредба кај нас, 1 апче е околу 350 денари и обавезно ти треба розева рецепта бидејќи е хормон, и мора да е препишан од доктор..
За достинексот наефтини во Ск се во Систина аптеката, јас од таму ги земам, не бараат ни рецепт ни ништо.
Zenicki moze da mi kazite da bidam podgotvena... Vo vrska so in vitro pomognato od fzo.. Kolku kosta crl proces pred i posle nego.. Odnosno od samiot pocetok do samiot kraj. . Ve zamoluvam
Зависи дали ќе ти стигнат инекциите што ги покрива Фондот: 30. Еве слика што се покрива Фондот, а си докупуваш инекции за стимулација ако ги потрошиш овие. Ако замрзнуваш материјал исто така би доплатила..
Да точно последното ивф го направив кај неа од 10 ембриони имам 2 со лош квалитет и ми кажа причината била дека сум била стара 33 години а мене АХМ ми е 2, 72. Поздрав
Зависи од стимулациите што ќе ги примаш и како ќе реагираш. Преку фонд се е бесплатно до 30 гондотропини и 22 агониси,испитувања,анестезија,ембриотрансфер. Ако не реагираш со тие 30,ќе ти дадат уште и ќе си доплатиш. Јас примив 20 фостимони и 1 ипол шише супрефакт. Денар не ми зедоаа за ништо.
За таше ќе го напишам со мала буква подобро и не заслужува.Не му ставам ни др,мр не заслужува. Зар е можно толку специјалисти да дрпаат на туѓа мака.Не сум услугата да е без пари ама мнооогу бре дрпање.Немам коментар Баш имав убаво мислење за др ама изгледа кога ќе удрат еврата по глава сите губат тло под ногата.Ми доаѓа да правам 2 ивф на клиника и нема драпање ама дали ќе успеам.......не знам Поздрав храбри жени