@mac82 многу ми е жал за спонтаниот. Болката и тагата е навистина голема, но за среќа желбата за успех секогаш преовладува и не тера да продолжиме понатаму. Ти посакувам што побрзо да се оправиш и да успееш наредниот пат. Гушки @Aleksandra789 и Трајковски и Ивановски се добри лекари, мислам дека Ивановски може има малку повеќе искуство кај ин витро, но и Трајковски е искусен гинеколог и според мене добро ги води и ин витро постапките. Јас бев и кај двајцата, а и уште кај двајца други доктори правев ивф и можам да кажам од сопственото искуство дека не постојат чудотворци, кај ниеден доктор не постои 100% гаранција за успех, многу фактори се во игра и не зависи се од нив. Најбитно е докторот да биде посветен, да размислува за секој случај како за поединечен случај, да навлезе во проблемот. Во однос на финансиите, ако мериме кој повеќе ги штеди пациентите, др Трајковски води Најдобро е да си закажеш кај кој доктор мислиш да отидеш, ако се двоумиш меѓу два, троица, закажи кај сите и ќе видиш и самата како ќе ти одговара пристапот на докторот, ќе споредиш. Јас за првото ин витро отидов кај троица на консултација пред да одлучам.
Не мораш воопшто да ги читаш постовите кои не ти одговараат. За жал, мојата борба продолжува во темата ивф. А за тоа што треба понатаму да испитам има кој да каже, затоа е докторот фала ти за препораката
Ивановски е стручен ама не е посветен. Гужвата си го направила своето и не се труди не дава идеи, насоки итн, итн.
Многу се чудам кога велите "нее посветен" па како може со вас да нее посветен а со мене да плус и со мноогу други пациенти што се многу задоволни од него..ти верувам дека не бил посветен кон тебе немора да значи со секој исто ќе се однесува плус кај него ужасна гужва има тоа го покажува и успешноста на докторот колку е зафатен и стручен.. се двоумев дали да пишам или не. Немој да ме сватиш погрешно те молам ама така е..
Исто како ти што се чудиш како тоа не бил посветен према некои пациенти, така друг се чуди па како тоа толку бил посветен према тебе . Многу логично, едноставно и разбирливо . Ако ти си задоволна многу нормално е друг да не биде .... Да не се разбереме погрешно. И јас сум презадоволна од Др Ивановски, според мене е супер доктор , но почитувам и верувам дека некој со него имал не баш убаво искуство
Така е.. не реков ништо лошо да се разбереме искрено се чудам како може така кога јас веќе година дена го познавам а ни еден ден не бил не посветен спрема мене... секој си знае подобро сигурно така да се извинувам уште еднаш чудно ми беше па затоа и искоментирав можеби имаш право секој си ја знае својата работа подобро нам не ни останува да се мешаме..
@saramila09 гужвата не е репер дека докторот е посветен, туку дека е на добар глас Добриот глас е сигурно заслужен и треба да се оддржува. Јас конкретно имам впечаток дека токму поради гужвата некогаш нема време целосно да се посвети на некои пациентки, како што беше и во мојот случај, но тоа е мој впечаток и не мора да значи дека апсолутно за сите важи истото. Многу ми е мило што првото ивф ти е успешно, кај него, но според тоа дека ти е прво претпоставувам дека не си правела ивф кај други доктори, можеби затоа ти е тешко да претпоставиш зошто некој би ја споредувал неговата посветеност со посветеноста на други доктори. Сите сме со различни искуства, различни проблеми и различни очекувања и затоа треба да се почитуваат и уважуваат сите мислења, без разлика дали се различни или исто со нашето.
Имам повеќе негативни искуства со него ама нема да ги пишувам тука ти пратив приватна порака не сакам јас да му го нарушувам угледот има зошто го напишав тоа.
Душо неми е прво ифв.. плус прва инсеминација и операција ми беше кај др.трајковски да не почнам да зборувам за него несакам едноставно многу лош впечаток ми има оставено и еден куп лаги изнакажано но тоа остана во минатото секој си има различно мислење за секој доктор а јас несакам да кажам дека трајковски е стручен ама не многу посветен и многу лажго.. да не ги отвараме старите рани.. плус прво ифв ми беше кај др. Поповиќ и тој со преграда на матка голема незнам колку беше сега он инвитро со таква матка ми направил да кажам за него и он беше многу не посветен спрема мене имав пишано и порано јас кога ќе влезев незнам за другите со телефон во рака цело време место он да зборува и објаснува сестрата го правеше тоа..
@Nina 2014 ајде со лесно овој пат и без сопки да мине се @A&Z галкај меше и чекаме за 2недели да не израдуваш со висока бета @Софија 88 до каде си ти, што е следно, одмор првин или ^^ во однос на доктори ставот ми е ,,како ќе ти се погоди,, сите се арни и сите се за никаде! Најдобар ќе е оној од кој рацете ќе ни бидат полни! Не мора да е ,,најдобриот,, многу побитно е вие со докторот да имате некоја хемија да речам, ако ја немате џабе и најдобар и најлош. А сите некако станаа ,,турни ме да кинисам,, МОРАШ да бараш и потсетуваш и тоа е тоа.. Инаку во однос на Трајковски некогаш имав лошо мислење, не за стручноста туку за ставот и односот, сега ми е баш криво, човекот сакал само да се ,,дружиме,, и да ми помогне Ама ја оправивме
Za doktorite jas ke kazam samo edno od sekoj Dr ima da slusnes I pozitivni I negativni iskustva site nie sme razlicni so razlicni karakteri I so razlicni baranja Jas konkretno ke si go kazam moeto iskustvo jas se sama pravev ispituvanja se sama posle vtoroto IVF za trajkovski konkretno ke kazam oti on I na mene mi pravese dve inseminacii .I ne vide na hsg oti imam pregrada na matkata Dr jadranka Georgievska mi pravese laparoscopija I histeroskopija I ne vide isto oti imam septum Dr tase vide ama posle IVF toa mi go kaza Dr lazarevski isto .no sreca Dr trajanova go vide septum na hsg I go otstrani imav septum I toa 13 milimetri
Секоја жена своја приказна,секој доктор со своја среќа,водење на бременост стручност,пороѓај во државно или приватно пак среќа да ти се падне ЧОВЕК пред све па после доктор.Ама во Македоничето имаме проблем што кога ќе го снема ЧОВЕКОТ,ќе настапи нечовечноста,алчноста,нетреливоста,нетолерантноста,љубомората...
јас го купив естрофемот со рецепта од Еурофарм во центар - кај Дерма медика во зградата. Ама го купив пред една недела мислам
Со среќа нека е мила! Ти посакувам лесно да ти поминат двете недели што следат а потоа да си се радуваш на висока бета. Сега уживај си и гали меше
Здраво Мила, фала ти што се сети на мене..добра сум одмарам малку ...инаку статус кво уште ми е работата...чекав циклус и сега за некој ден одам на консултација кај Ивановски да ми каже што ќе ми понуди како последна опција ( барем по него уште таа единствена ни останала да се проба ), доколку може овој циклус да се прави ок, ако не прво одмор ќе истерам, а во меѓувреме можно е да го заменам со Т.Гуржанова некако ми остави впечаток на консултацијата што и бев, но не сум најсигурна уште што би правела... За доктори јас го имам следново размислување ...од моето искуство до сега нема најдобар сите се стручни, за жал нема премногу за избор и поради гужвата они стануваат невнимателни и стресови ни ствараат...јас првиот пат пред да се одлучам се нај нај читав за Лазаревски човекот ни ј.к не ми извади, ..после за Ивановски се најдобро читав он од прва извади ј.к но не успеав, не се имплантираат и ете муабетите дека нема да може да ми се задржуваат ембрионите и да ги износам...така да јас би рекла за нас најдобар ќе е само оној кај кој ќе успееме не е битно да е зборен или фален докторот...затоа и ме лутат во групава кога ќе се истепаат за "нивните"доктори кај што успеале, а не сваќаат дека немаме сите исти искуства и сакаме да си ги кажеме и лошите, и би рекла дека среќни се сите оние што од прва па и втора успеале кај нивните најдобри доктори и поради тоа нема да им ја видат и онаа нивна друга страна кога креваат раце, фаци кога прават и не стресуваат до небо. Фала ти мила уште еднаш ❤❤❤
@Софија 88 мој совет ти е само не брзај, ако се чувствуваш одморено, психички спремна, почнувај, ако не уживај првин во летото, собирај витамин Д, убави спомени па старт. Односно секогаш е и опција и во сред лето на најтолото да почнеш, во зависност кога докторот ќе ти биде на одмор. Ама кој и да е повеќе од 2-3недели нема да е отсутен, така да изводлив е и тој план секако. Само позитивно и со мислата ќе биде
Женски Т.Гуржанова кога бев на консултација ми ги препорача за циркулација мислам дека беше акупунктура, озон терапија и вагиналети вијагра(овие за др.нешто беа веројатно)...па ме интересира дали некоја имала било какво искуство ( добро или лошо) со овие наведени работи , дали воопшто влијаат некако...и ако да каде сте ги правеле, колку пати и кога ( пред за време или по ин витро постапката ). Исто и некакви масажи за матката веројатно но не прашав како да ги правам, ако знае некоја ке ја замолам да ми пише. Фала однапред.