Јас денеска си земав мислење од трансфузиологот како и последниве месеци... Не ни спомна дека може и од матичен гинеколог... И копија од трансакциона сметка
Како ти пишале мислење браво јас до директорот стигнав и ми беше објаснето дека имаат забрана од министерство да пишуваат мислења.Минатите два пати кога бев имав и јас мислење ама еве денес нема,да нема забуна зборам за на клиника во Скопје.
А ти беше така на не закажано? Земи си упат од матичен гин. за трансфузиологија, ќе одиш во терминот, ќе те прегледа трансфузиолг, ќе ти земат крв, и во резултатот ќе пишува за клексаните. За време на прегледот на докторот ќе му го дадеш мислењето од гинеклогот кој ти правел ивф. Секогаш даваат извештај вака ако направиш. Врски за вака не ти требаат.
Си бев уредно како и друг пат ме боцнаа во петокот околу 12 часот мм ги зема вечерта резултатите во 19 часот.Кога видов дека нема мислење морав да чекам до денес .Еденес фаќав триста врски за мислење.
Баш ми е чудно што не го запишале тоа за клексаните. А им даде и извештај од гинекологот што ти правеше ивф? Другпат ти давале извештај, а сега не? Стварно ми е чудно... Мене и во дијагнозата ми пишуваше нешто дека ивф... не се сеќавам што точно, ама не беше вака како твоето... Ако е така со право се буниш...
jas imam 15 merionali centrotide i Dhea tableti kupiv poveke za da ne dozivuvam sok od nasite ceni ako seuste vi trebaat kontaktirajte me..jas pred 5 dena gi zavrsiv denes odam na transfer ubav den
Добар ден девојки јас ви пишувам од Турска направив ивф тука вчера имав пункција извадиа 11 јајце клетки денеска ми се јавиа кажаа дека оплодени се 10 ама нема да правам трансфер затоа што побарав генетичко испитување на ембрионот другиот месец трансферот ке биде ако ке останат ембрионите до крај. Сакав да ве прашам колку чини кај нас керонон гелот за да правам разлика од Турска и кај нас и во едно на сите што имат бременост им посакувам школска бременост и на сите други што се на изчекување и на процес ви посакувам срекен крај. Поздрав
Фала многу за одговорот. Поздрав да даде Господ и ти да успеш, можеби ке имаме трансфер двете во исто време. Поздрав
Сподели ако сакаш нешто околу постапката во турцја. Кринон е 170 ден како што пиша @Bubce38 И со среќа понатаму.
Со лесно нека е трансферот, да те огрее сонце за две недели Јас завршив со трансфер, така да веќе немам потреба од тие инекции. Поздрав
Постапката е како кај нас ама многу далеку по професионални, не гледат на парите не дават претпостапка пред време има многу повеке контроли на ехо, по внимателни, по спремни не мора да трчаш по нив за да ти дадат одговор, ке те прашуват ненстоп дали имаш прашање, не ти дават лекови според мислењето од еден доктор, по секое одење на контрола тие ке се соберат конзиларно сите доктори па ке одлучат каква терапија и што понатаму па ке те известат на моб, многу чисто, болницата е како хотел со 5 звезди.имат многу понапредна апаратура. Што друго ве интересира прашајте јас све ке ви одговарам. Јас примав све други хормони и многууу помалку од кај нас со краток протокол имав 11 јајсе клетки само со 11 дена боцење и тоа само на стомак.Поздрав И ова за секое инекција што ке го примиш има посебна соба едукација што сестрата ке те научи све како да се боцнеш, секоја анализа што го имам правено во македонија го имат разгледено по ред, ме прашувале прашање што нашите доктори не им текнале. Ме прашаа колку години сум се чувала за да немам дете пред да останам бремена прв пат?
Мене никој И никој не ми рече дека сум стара затоа немам квалитетни јајце клетки во спротивно ми кажа дека сум млада.
Знам за твојот случај овде докторката што ти кажала дека од што си "стара" немаш квалитетни јк. Не го оправдувам тоа во никој случај. Но факт е дека со возраста опаѓа и квалитетот и квантитетот на јк. Нема што да ме тапша никој по рамо и да ми вели- млада си. Нормално е дека на 40 и кусур години потешко е да се добие квалитетен ембрион ,од колку на 20 и нешто