Апсолутно се сложувам со @Bubce38 Ако се прави споредба за цени треба да се пише: колку кошта преглед во една а колку во друга болница, и тоа не секој преглед е ист! - колку е пункција колку е оплодување со специјални методи колку е трансфер колку е замрзнување (различен број на години) има и други постапки што ги нудат болниците, како хистероскопија, лапроскопија, скречинг, донрани јк, донирани сперматозоиди, донирани ембриони, подмладување на јајници итн. и лекови, стимулации, витамини, лекови за после ИВФ. Инаку стварно ќе сме збунети и нема да ни биде јасно што и каде ни е наплатено и колку „фаќа„ едно ивф.
Ти се јавија да платиш или како? Јас зимото бев, ама Сале ми кажа што се замараш, ако треба да платиш ќе те бараат, глеј си сега детето.
Здраво девојки. Ве молам за информација кои документи се потребни за второ ивф преку фонд? Разгледував на нивната страна меѓутоа не ми е јасно што со оние документи кои претходно сум ги пратила (инсеминации, хсг итн)
Значи од нив да носам копија А нови се 2 спермограми, хормони на 3 ден,крвна слика, микро, ПАП и хепатити и СИДА, ако не се лажам.
Не начекаа таму пункција правев на природен, а годината таман помината, па ја прашав јас сестрата дури бев во соба и одма дотрча еден Мозе сега вика да платите мозе и понатаму Е ај викам сега таман сме тука. Претпоставувам ќе се јавеа за некое време и да не се погодев таму
Јас не пратив копии од иуи и хистеро. Си ги имаат тие оригиналите во досие. Извештајот од претходното ивф да го пуштиш . И тоа е тоа . Среќно
Оригиналите ти ги земаат а на фотокопијата ти ставаат печат од ФЗОМ и тие понатака ќе ти бидат доказ и оригинал.Затоа пред да ги земеш провери дали имаш печат на сите фотокопирани документи.
Да да знам, ги имам старите со печат. Само мислев дека нема потреба да се праќаат старите бидејќи по некоја претпоставка би требало новите документи да се праќаат по стариот архивски број. Ама оваа наша чудесна земја и се е можно
Женски ми треба совет/мислење од вас.Мал вовед само-обиди скоро 2 год,со м.м имаме по 30 год,кај мене е се во ред,редовен циклус,прегледи исто,хормони супер,АМХ ми е 23pmol значи и резерви ок,канали проодни,овулации исто редовни. Е,спермограмот беше лош пред некој месец,дијагноза астено со само 17 % вкупно подвижни.Бројката беше голема,брисеви чисти...Терапија се прима и на крај на месец ке се повтори,за да се утврди дијагноза. Во Јуни имаме термин во специјалистичка клиника,па ке ни кажат што ни е опција. Од она што читав,најпаметно е ифв со икси,а и над 80% од оплодувањата се вршат со оваа метода.Инаку сум во Швајцарија,овде здравствено покрива 3 инсеминации,но не и ифв. Истото чини околу 6-7000 евра,со тоа што икси е поскапо,и пред се зависи од стимулациите(500-2000 е).Се мислам дали да пробам и да ги искористам инсеминациите или да не си губам време и да почнам ифв... Се извинувам на долгиот пост.. Ве пратам сите и ви посакувам што поскоро успех
Здраво мој совет ти е да си направиш инсеминации со нив не губиш многу време можеш месец за месец да ги правиш (барем јас така правев)не губиш ништо само можеш да добиеш и безболна варијанта ти е мислам без процедури и многу лекарства ...Сепак ти одлучи си и со СРЕЌА
Од прашања на кои никогаш незнаеш што е правиот одговор. По некоја статистика што мене ми ја кажаа успех од инсеминации е некаде околу 2-5% така што јас не се ни надевав многу и сите 4 кај мене беа без успех. Сепак одлуката е на тебе.
Женски нешто не ми е јасно,немам ама баш никаков документ од њуборн дека таму нешто ми правеле,никаков извештај ниту шема пункција,ништо. Кога почнав ми побараа се од документи што имав шеми извештај од секој преглед.... А од њуборн една обична празна папка! Ваши искуства?
Неможе да немаш провери да не испаднале документите. Ако не можеш да ги најдеш оди побарај нови да ти пратат или на маил па ке си ги испринташ. Треба да имаш извештај за се што се работело, се што си примала и што треба да примаш. Само да напоменам дека документите ги даваат после трансфер односно на крај на постапката.
Ке се јавам да прашам секако,во систина добивав со секое одење извештај а тука ништо,ајде си мислев на крајот на трансферот де ама кај мене крајот беше пункцијата,сакав да слушнам други мислења малку ми е чудно за тоа!
@Dreams11 на крај, по трансферот даваат извештај во Њуборн, со цела примена терапија и плус препишана терапија по трансфер. Мене и во Ремедика и во Систина на крај ми ги дадоа извештаите, мора да ти дадат извештај на денот кога правиш трансфер. Ти имаше трансфер или си уште во постапка? П.С. Сега прочитав, ако ти е последно пункција, побарај си извештај. Јас имам извештај и од пункција, кога ни престана со развој ембрионот и немавме трансфер.