Не добивав ниту јас извештај по секое ехо (одев преку еден ден), ама и во Систина не сум добивала кога биле ехата и мерењата, само по шемата се пишуваше. Имаат и они шеми, оригиналите не ги даваат како во Систина, но копија ми дадоа, па во неа си стои се и на ден на пункцијата добив извештај со која метода е правено инф, кои стимулации, колку јк се извадени.. извештај нешто како и во Систина кога сум добивала кога било ден на пункција. Побарај да ти дадат копија од шемата чим не си добила
Исто, никој до сега не ми дал извештај по секое ехо и проверка на хормони додека трае постапката, само во шемата запишуваат. Во Систина ми рекоа на трансфер да ја донесам шемата и не ми ја вратија, не знам дали заборавија или тоа им е пракса?
Цените зависат и од бројот на замрзнати ембриони. Еве нас во Њу борн ни рекоа прво 24000 и нешто...ама кога замрзнувавме си плативме 30500 затоа што таа 24000 била за до 4 ембриони...па после има до 7 е 30500...и после за секој нареден се доплаќа. А секогаш и секаде ја кажуваат цената само за најмалиот број. Да да...изгледа тој им е принципот. Јас пункција правев во март а тек вчера трансфер и вчера ми дадоа извештај. Претходно после пункцијата ми дадоа извештај за примените стимулации и за пункцијата пошо одлагавме трансфер. Ама ако се е едно по друго на крај е извештајот.
Нека каже некој со поново инф, јас имам 4ри од таму, последно 10.2016та, копија за нив прават, оригиналите се кај мене. Чуваат тие се во твојата папка/историја побарај ја, ако не даваат веќе оригиналот, копија ќе ти дадат
и ние замрзнавме 6 и плативме 30500 - поскапеле . а не им ја разбирам поентатата зошто е поскапо...дали ги делат на две места? повеќе место...повеќе медиум...ништо не објаснуваат.
Драги мои феминки После четригодишна борба, постојано по лекари, непотребна операција на миом од 1sm.на надворешен зид на матка (според др.Хаџи Лега мораше да се извади), после три неуспешни ин витра, во мегу време три хистероскопии, HSG кој покажа целосно запушување на каналите, биопсија на матка, природно забременување со missed abortion во 9 недела, откажување од добро платена работа за да целосно се посветам на борба за бебе, секојдневни истраживања по интернет, секојдневни плачење, цисти, хормонални дисбаланси и да не набројувам повеке, јас се ОТКАЖУВАМ од мојата борба за бебенце. Девојки не можам повеке. Јас по цели денови мислам на тоа. Му ја извадив душата и на мажот ми (а имам предобар маж и голема лубов), и ако така продолжам треба во лудница да завршам. Затоа решив да си се посветам себе си, да уживам во бракот и лубовта. Убаво е да се има дете но кога не сака господ не може, за жал да се менува судбината. Поминав повеке години на форумот, доста научив од вас, и сум ви многу благодарна. На сите ви посакувам многу успех во вашата борба, полни раце дечиња и многу здавје. Поздрав и секое добро
Многу ми е жал за твојата одлука..., но те разбирам поптполно... Мене во вакви моменти многу ми помогна психотерапија...
Те сваќам премногу секој ден сум со мисли, до кога вака, уште колку ќе трае ова, собираш надеж, сили од пети, позитива до наредниот пат , правиш се да не мислиш, и дружење, занимавање, и одмор но што сето тоа кога чим седнеш дома проблемот ти е тука и оп пак разочарувања и тоа трае и трае, нервите попуштаат, само еден куп прашања во главата да не полудиш психички, а и здравствено...Ја велам фала му на Бога што ние што го имаме овој проблем очигледно имаме прекрасни сопрузи и преубави бракови, мн љубов која не држи силни и тоа бар не ни фали ...немам коментар посебен да те утешам, гледај одмори колку можеш се надевам и ти ќе собереш храброст за нов чекор па белким ќе биде. Иако би ти ја сватила секоја одлука, и имаш подршка доколку си на тој начин среќна од тоа нема побитно, јас викам Господе бар дај ми добро здравје, среќа и спокој на душава да не полудам, а бебе како си решил ти така ..со среќа што и да си одлучиш те гушкам ❤
@eta делот каде си преморена од чекални, врати, броење на термини и што ти не ти го сваќам револтот и те оправдувам. Тоа во најмала рака е измачување.. Ама во делот каде се ОТКАЖУВАШ ниту те сваќам, ниту разбирам, ниту пак сакам! Само можам да заклучам дека си преморена, ти треба простор, време, пред се одмор, многу одмор. Дај си време колку е потребно, работа под итно да најдеш, секојдневие да промениш, надвор, шетање, дружба.. 4ри години не се малку, ама не се ни многу, не се за да кренеш раце, години пред себе имате доста, само треба трпение, потребно е големо трпение!
@eta ме расплака Сочувствувам со тебе, но откажување не смее да има. Одмори колку и да ти е потребно, но со нови сили после тоа, откажување нема додека не си ја исполниш желбата
Во Систина даваат извештај и од пункцијата, дека е посебна процедура, без разлика дали би имало трансфер или не. Пишува дека е извршена и кој е исходот, заедно со терапијата.
@eta секоја одлука е разбирлива, секој најдобро си знае до колку може да издржи, но некогаш и ние не знаеме за што се сме способни и колку можеме. Јас на пример имам доста години, премала резерва и планирам за година, две да се откажам доколку не успеам, не само поради тоа што ќе немам веќе со што да пробувам, туку и поради етичката дилема што ја имам во врска со годините. Ова се однесува лично за мене, доколку некој е полн со енергија и потполно здрав, не гледам зошто да не биде родител и во подоцнежни години. Но сепак и јас убаво би ја преспала одлуката, би ја оставила да "отстои" пред да биде дефинитивна. Истово ти го препорачувам и на тебе, одмори се, нека ти одлежи малку одлуката за да бидеш сигурна дека е донесена со ладна глава Можеби во моментов уморот, разочараноста и хормоните мислат наместо тебе, дај си малку време, па потоа види што како понатаму.
Мислам дека за новото ивф има и нов штембил број.А да кај нас секогаш сложено место да биде просто ама тоа е.Поздравче и ти посакувам успех
,,ponuda za so podmladuvanje jajnici ,,jas neznam sto ke mi pravea celo vreme se cuvstvuvam kako na raspit sto i da napisam a spodeluvam samo kolku sum platila (zboruvam privatno)jas spored vas za da ne gi vadam devojkite od pamet ke se isklucam na site devojki im posakuvam pozitivna energija mnogu sreka i mnogu decinja..od stce backi za site devojki
@eta, отспиј си, одмори се и продолжи напред. Тешко е, да. Мачно е, да. Ама вреди секоја минута во чекална за едни две очички кои се смеат кога ќе те видат. Јас верувам дека ова ти е напишано во афект, од умор, од се!!! Ќе се вратиш ти. Тука сите сме борци! И победници
После трите ектопични бремености , едното неуспешно ивф, една неуспешна иуи, хистероскопија , "страшното" хсг , реков ДОСТА е , не можам веќе. Но, за кратко се издигнав продолжив . Следуваше уште едно неуспешно ивф, па една биохемиска по природен пат, дојде на ред и трето ивф. И знаете , се случи "лошото" со мм. Е тогаш веќе навистина толку паднав , што желбата за дете ми исчезна во секунда. Сакав само тој да биде добро. Му се молев на Бога никогаш да не ми даде бебче, само него да го поживее. Но! За брзо време пак станав , се "врати " и желбата и борбата . И се уште се борам. И ќе се борам! И нема да се откажам ! Господ мора да чува нешто добро за сите нас, та не сме го мавале со камења . Така да @eta верувам дека ова ти е само момент на слабост. Мора да најдеш сила да продолжиш да се бориш. Во спротивно животот ќе не "изеде"
@eta Немам што поразлично да пишам од другите форумки зашто потполно се согласувам со нив. Пишав само да знаеш дека и јас би сакала да продолжиш..... верувај ќе успееш. Девојки, оние кои имате по едно детенце, не трошете нерви ако за второ не успеало, ќе успеете како што сте успеале и првиот пат. Господ сите да ги израдува со по едно душиче, па потоа да се смилува и за друго. Обидите за прво дете се далеку, далеку постресни. Жени со години се мачат за прво.....Затоа чувајте нерви и гушкајте ги душичките покрај Вас. Бог Ве благословил еднаш и Ве насмеал, тој има план за сите нас.
Мислам дека грешиш,ова е форум и мислам дека баш за тоа служи да се споделат разни искуства и никој не треба да биде погрешно сватен.Очигледно е дека има голема разлика во цените дури дупла разлика што не е за занемарување.Верувајте дека кај многу од нас цените се пресудни за изборот на клиниката,некогаш и за најефтиниот избор на некого му е потребно и кредити да подига па да може да направи да биде дел од клубот на мајките.Сите сме писмени и реални за стручноста или успешноста кај сите клиники ама ете не секој може све да издржи финансиски.Реалноста е таа и болат зборовите кога некој ке рече па за дете све се прави ама човек кога и црното под ноктите ќе го извади за успех болат тие зборови.Имај убав ден и никако искључување
@eta само да ти пуштам една голема прегратка и да те охрабрам во одлуката. Може е моментална може е конечна ама сега за сега е твоја. Ако си одлучила да престанеш со терапии обиди и слично сега одморај и уживај во животот. Никогаш не знаеш што следи понатаму. Знам дека желбата за потомство е голема ама сосема се сложувам дека не треба да биде по цена на сопствениот живот и бракот. Постојат и опции како посвојување што е исто така прекрасна работа. @Stara за второ е полесно се сложувам веќе имам дома едно на кое се радувам. Ама и за тоа едно потрошив многу време и нерви затоа и знам колку неплодност остава траги и барем кај мене очигледно печат за цел живот. Со среќа на сите.