Мене пред некое време (пред две три недели) ми кажаа дека од 19 05 до крај на месецот ќе е отсутен. И после на 7 и 8 јуни (само тие два дена)
Кај жени со повисок фсх и понизок амх обично се одои со краток протокол, така се добиваат максимум и поквалитетни јк. Долгиот протокол нема да даде подобар резултат, само ќе губиш време и непотребно стимулации, а ефектот ист. Докторот си знае и слушај го.
Јас имам закажано преглед на 29.05. Значи најверојатно ке ми го презакажат прегледот. @saramila09 ај пиши утре ако можеш точно инфо од кога до кога ке биде отсутен др. Ивановски
Мене после боцкање Пролутекс секој ден ме боли ....веќе ми стана тоа нормално . А веќе 15 дена сум секојдневно со по еден пролутекс.
Јас денес прв пат се боцкав...утре сум на трансфер па ќе видиме што ќе каже докторот...и имам уште едно прашање:дали и вечерва да ставам утрогестан вагинално иако утре сабајле е трансферот? За утре знам дека треба да ја испијам Можам да претпоставам како ти е ама ќе помине се...само храброст и позитивни мисли
Друштво и овој мој трансфер трет по ред е неуспешен 12 ден од трансфер ( рачунајки го и денот), тест преку урина негативен. Јас само да ви споделам нешто кое кај мене мн влијаеше но за жал во резултатот не, но се надевам ќе помогне на некоја од вас, а тоа е следново... имаше месеци кога се борев со тенок ендометриум ништо живо посебно не помагаше, ситно да речеме теваграстимот и толку...но овој трансфер направив ПРП на ендометриум и се деси да ендометриумот за првпат во мој живот е над 11,2 на ден на трансфер...така да совет до сите вас што го имате тој проблем да го направите и ќе се уверите за што зборам...со само еден пат од методава до плафон за рекордно време стана мене не ми се веруваше кога видов, за жал во резултатот не ми влијаеше, но од срце ви посакувам кај вас барем да има !! Со среќа на сите кои сте во постапката ❤
@Софија 88 бета провери или само домашен тест направи? Ќе звучам неписмено можеби, но што е ПРП на ендометриум?
Миличка јас би ја почекала бетата на 14ти ден , но каков и да е исходот да знаеш оти ќе успееш затоа што упорноста секогаш вродува со плод.Кај некој порано кај некои подоцна но успехот нема да изостане.Верувај така е.
Домашен тест но џабе не се надевам дека ќе имам среќа за два дена чудо да се деси не сум таа среќничка јас ...а прп ти е исто што и рејувенација на јајници кога прават е ова на ендометриум ти е, постапката е следна зимаат крв од вена, пола саат ја обработуваат и плазмата ја враќаат одма во матка на ист начин како и теваграстимот се става воопшто не боли и не е комплицирано, а има огромен ефект запрепастувачки ќе речам наводно и на имплантација влијаело кај мене во тоа не вроди плод само на дебелината на ендометриумот но пуштам среќа кај вас барем да успее .. ❤
Сепак бета мислам дека треба да си провериш, не се знае дали не си таква среќничка Ако излезе негативна, тогаш со нови сили до победа, но од срце пуштам среќа да се изненадиш Немам проблем со тенок ендометриум, друга крајност сум јас, мене па ми се задебелува Но добро е ова да се знае, сигурно ќе и' помогне на некоја што има таков проблем, супер што сподели и благодарам што ми објасни.
Да да нема на што тука сум да помогнам за се што можам и знам од срце посакувам некоја што го има тој ист проблем да го примени и да успее , а за твојот проблем се надевам што поскоро ќе го решиш и ти и некој ќе ти сподели искуство негово од таа тема те гушкам ❤
Жалам Софија мила.. Биди силна, позитивна и упорна, и се ќе биде (повтори пак за 2-3 дена, дај боже да е грешка овој тест). Каде го прават ова ПРП на ендометриум, првпат слушам?
Тоа е мила среќата и овојпат не ми беше наклонета за жал, инаку во Систина го прават...Татјана ја прашував ми вика и ние правиме но не влијае вака така не ја послушав, му дадов уште една шанса на Ивановски ја направив и кај мене и тоа како влијаеше првпат имав толку дебел ендометриум, за жал не придоесе да се имплантација случи ...но морав да споделам можеби некоја од вас ќе има среќа и ќе и помогнам што би и сакала од срце ❤