@Софија 88 баш се надевав дека е доцна овулација, те мислев За натака знаеш, стабилизирај се, уживај во летото и на есен со нови сили до полно мешко, со повеќе искуство и огромна позитивна мисла дека наредниот пат ќе биде, мора да биде
Фала ти многу мила на подршката, тоа и ни останува немаме многу избор, сакале или нејќеме нема бегање само напред... се надевам Бог нареден пат ќе ни го осветли овој тежок пат и не однесе на правиот ...те гушкам многу ❤❤❤
@Софија 88 провери за секој случај и преку крв, ти си проверила фактички 11 ден по трансфер. Јас секогаш правам по два домашни теста и еден преку крв кога е негативен првиот, да си бидам сигурна
Тестот ти е на 11 ден, провери на 14ти преку крв, никогаш не се знае Ако не овај пат следниот сигурно. Силна жена си ти, ќе успееш верувам. Бог потешкиот пат го дава на посилните жени, ама никогаш не ги заборава.
Дада обавезно мила ќе направам во четврток ќе треба не полагам ич надеж но ќе го истерам уште до тогаш се што кажа докторот...Богами многу пати сум викала немам сили, неможам и на крај се прашувам од каде ја црпам сета сила за понатаму веројатно можам уште да истрпам, само се надевам ќе ме сочува Господ зошто многу пати имам чувство дека полудувам психички и здравствено...нека не чува и награди за се ова што да кажам друго те гушкам ❤
многу ми е жал ...ама ако трансферот бил на 3 ден-имплантацијата е 6-10 дена после трансфер - така да може и е прерано за тест со урина (зависно од тестот за некои треба и 100 да е бетата за да детектираат а крв се детектира и 1 да е). уште имај надеж
Девојки мојот тест е ПОЗИТИВЕН со висока bthcg Ви посакувам среќа на сите што сте во исчекување да ви се осрвари најголемата желба..
Не мила на 5 ден беше бластоциста и барав хетчинг да се направи, се надевам го направиле и поради ова требаше мн порано покаже, него со било кој друг ембрион...тоа е така требало да биде како и да е фала на подршката ❤
Направив домашен тест на 12 ден од ЕТ на бластоцисти и испадна негативен ..а ми беше прво инвитро со многу надеж и очекувања...
Кој кого да теши работава, ..истата и јас сум ова не е наш ден дефинитивно но еве ќе ти дадам подршка зошто знам колкави ти биле очекувањата да се успее од прв пат, па какви се разочарувањата. Јас по овој мој трет неуспех сватив дека отпрнав нормално пак ќе се јадеш жив но друго е некако можеби и поубаво ќе е за мене веке да не се надевам па да испадне некогаш позитивен резултат...И ако ти е малку бар за утеха ретко кој успеал од прва ептен "среќлија" треба да си, но ќе ти кажам од есен јас и ти со нови сили ќе дојдеме до позитивен резултат, Господ ќе е со нас мора!!!