Да се пријавам и јас Од утре почнувам со мерионал, по 4 на ден па во сабота на контрола. Доколку ми требаат повеќе кај се најефтини да се земат?
Сите сме биле такви кој помалку кој повеќе депресивни,солзите се лек за болката.Јас мислам дека исто така тешко го доживеав неуспехот,едвај идев на работа сите ми сметаа,чувствито дека те сожалуваат како најоштар нож се зариваше во срцето ама ете помина.Девојки можам од се срце да ве советувам одморете,опуштете се,не било за џабе тоа што препорачуваат да поминат бар 6 месеци од последниот обид,нека се опушти и исчисти организмот и после свежи одморени да си го дочекате успехот.
Нека биде 5-ка за најголемиот успех. Среќно. Среќно мици. Јас последно купував супрефакт, фраксипарин и пролутекс од Грција и таму се поефтини од кај нас, најверојатно и мерионалот исто е поефтин. Само што преку еден ден ги добиваш. Ако ги порачаат денес од аптека, наредниот ден им ги доставуваат па можеш да си ги подигнеш.
Од Косово. @raja мислам пиша оти има 15 за продавање. Ги земала 10 евра мислам. Кај нас се околку 1300 д Грција веќе ги нема. Ги исфрлиле од употреба
Што е прп? Девојки поретко пишувам периодов, ама читам редовно. Честитки за позитивните тестови од срце! Жал ми е за тие што немаја успех овојпат. Во врска со промените на расположението после неуспех е нормално. Еве позади мене веќе 4 ивф, последното со бременост која не заврши добро... борбата продолжува, ние што сме тука во темата не се откажуваме така лесно премногу изодивме за да застанеме тука! Јас сум решена да стигнам барем до еден бебуш и така ќе биде! Имаме тука доста лавици и за сите посакувам успешни приказнине се предаваме така лесно! Ве гушкам сите
Некоја приближна иста цена со теваграстимот беше околу 3000 не ме факај за збор изумив...инаку зависно од одлуката на докторот се прави, нема конкретен ден на ехо прати он и одлучува дали кога и колку.. тоа е мојата среќа толку беше помислив трета среќа ќе е но не беше така ми останува да се надеваме нареден пат да престанат макиве немам друг избор... ни солзи веќе немам само душава ме боли и ми знае..
Со лесно боцкањето и да заврши со успех! Мерионали лани есента купував во аптеката во Систина во Софија. Не можам точно да се сетам колку беа, но беа доста поевтини. Ако сакаш од Ќустендил имам број од една аптека, јави се и прашај колку се и мислам дека барем еден ден однапред треба да им кажеш колку ти требаат за да ти ги набават. Не сум нарачувала, така ми кажаа кога барав таму.
Фала душо. Ќе прашам во сабота дали ќе ми требаат дополнителни, па ќе ја контактирам @raja Фала мила. Пиши ми го бројчето па ќе видам дали ќе ми требаат дополнителни. Тенкс
Jas pravev pred nedela dena na GAK so upat od maticen ginekolog krvna slika i hormonalen status.upatot mi go izdade na 24.04 e sega od togas navaka nekoka promena ako ima ...
Ана, една пријателка успеа со 6 инвитро...исто и кај неа се беше ок. Беше во некоја клиника надвор од мк и и рекоа да испита natural kill cells. Па испадна дека и се покачени а овде никој не и кажал тоа да испита. Дали си го испитала тоа? Само идеа давам.. не знам ни дали се прави тоа кај нас...
Немам правено тоа.. Немаше пријателката ниедна (ни биохемиска) бременост претходно? Пиши мила ако знаеш каде се прави тоа.. А со терапија се средува?
Искрено немам толку инфо...еднаш само онака уз муабет ми рече ако не си го решиш проблемот побрзо оди и надвор негде на консултации...ради тоа што никој не и посочил тоа да испита. И после читав за тие клетки...тие сите ги имаме ама ако се зголемени го отфрлаат ембрионот пошо им е како страни тело. Ако ја видам наскоро ке ја распрашам се и ке ти кажам. А можеш и гинеколог да прашаш...може се прави тоа кај нас. Да со терапија се средува.
Јас ја имам таа мака два пати останувам бремена и ембрионот ми го отфрла плодот како страно тело,а треба да го задржи.
Доста поназад ако убаво сум запомнила имаше членки кои правеле во Бугарија, или им нуделе само не знам..
Терапија е липидна инфузија некоја имало . Околу 6000 ден. "Убаво " било 3 да се примаат ,првата ден пред пункција, втората на ден на трансфер, и третата околку 14 ден од трансфер. Мене Таше на ненаправени испитувања за присутност на такви клетки ми ја предложи. Јас ќе ја примам , здравје , кога ќе стасам до трансфер
@nn@ @Martka Кај нас незнам дали се испитува тоа но знам дека се надминува со терапија. Кај нас се прави тоа и без да се испита зашто од тоа нема штета, напротив го пидмладува организмот. Има 2 терапии, една со озон, а друга со интра липидна инфизија. Мене ми беше тоа предлижено.
Бубче дали само ја прави Таше или прават по другиве клиники во Ск.Мене Дејан Трајков на клиника ми вели да останам трудна па ќе примам интралипидна терапија а треба да се прима и пред.Не знам каша попара ми е паметов.Фала ти од ❤
Да ти кажам право знам дека ја "даваат" на клиника . Ама што како , кои се "условите " баш и не знам . Само знам дека на имунологија и трансфузија може да се земе. Кај мене дека се одложи постапката , не се дораспрашав. Кога ќе имам повеќе информации , ќе пишам. Едит: Редовна цена на интра липидната во Плодност е 8000 ден. Мене Таше некој попуст ми даде мислам тогаш