Не може. Датумот и содржината од извештајот мора да се поклопат со бројот на примени клексани и датумите на сметкопотврдите. Се' што е надвор од тоа, не рефундираат
. Емка, Кој издава упат за тоа, мојот матичен лекар или матичниот гинеколог?За сопругот претпоставувам неговиот матичен. Ти благодарам
Девојки, дали испитувањето бета хцг оди на терет на фондов или е исклучиво приватно? ако да, само матичниот гинеколог може да даде упат или и општиот матичен лекар?
ќе ти поминат брзо...еве јас сум на 6 ден...и некако си врват деновите...спиј, прошетај, филмче, серија, муабет со овој-оној...поминал денот. со среќа и со позитивен резултат
Зимав од Сејдула но он ме откачи, гинеколози ќе давале. Ви фонд ми рекоа не може гинеколози, само трансфузиолози. И еве овој месец немам извештај. Не знам ни дали да се замарам за уште месец.
Не знам шо е филмот со промениве, едните ја префрлаат топката на другите, за се’ што овозможува државата патот е тежок, па и за ова. Наместо да ја намалат цената на клексанот и да нема потреба од вакви малтретирања, ама можеби се плашат да не се тргува со лековите... Битно е хаос во државниот сектор. За еден месец, ти е гајле, како и да е. Уживај си, важно да е се’ ок со тебе и бебушот! Ние земавме за двајцата од општ матичен за испитување на Кариотип, за трансфузиологија земав од матичен гинеколог, ама мислам дека може и од општ матичен, а за имунологија треба да е исто како за трансфузиологија. За кариотип, да си земете упати за двајцата во исто време за ист датум, термини еден по друг, така и ги даваат. Најдобро направи си ги сите, да биде испитано се’ пред ивф, за да се знае која терапија треба да се даде.
За Трансфузиологија општ матичен не може да даде, барем мене така ми рече. Па земав од матичен гинеколог. @Недопирлива5 баш вчера те мислев, те нема одамна. Како си, што се случува?
Јас се јавив да прашам кај општиот матичен, ми рече дојди сигурно ќе може, па не знам пошо не отидов таму, земав од мат. гинеколог.
Секаков доктор може да даде упут за било каде. И очен може . И секој матичен, и секаков специјалист . Да не се прават на три ипол
Девојки погоре во коментарите прочитав за кариотип. Може да ми објасните кој е сериозен кандидат за тие испитувања? Јас со едно ивф успешно до 13,2 недела, со една биохемисла бременост по природен пат и на крај со второ крио ивф- неуспешно, никој доктор не ми препорача такво испитување. ме пратија само на генетски и таму покажа покачен д-димер и намалена вредност на протеин С кој доведува до длабока венска тромбоза. за нив ќе си примам фраксипарин или клексан, меѓутоа ме интересира дали треба кариотип и што всушност покажува тоа испитување?
Toa e ispituvanje na hromozomite Nie vcera bevme na eho da ja vide Dr postelkata nisko mi e postavena I malku odlepena no Dr kazaa oti ne e problem ke se sredi. bebceto e super ima racinja nozinja si mrdkase so racete I so nozete iako sum 10 ned bremena ova vcera ne se opisuva so zborovi sto go vidovme solzi radosnici imase Ne se plasi I jas gi primam fraksiparin ot I meram ddimeri na 2 ned I ete ja teram bremenosta Kako sto treba
Девојки сакам да одам кај некој добар имунолог на дрзавна. Дали матичниот пишува на упатот што да се испита или само пишува стерилитет па имунологот одредува што да се испитува? Фала!
Со Дејан Трајков (мислам да презимево така беше) од тука членки беа доста задоволни, јас немам некое посебно искуство со него, ама ОК беше. Тој на Имунологија ти ги објаснува резултатите, не знам ни дали има друг доктор кој го прави тоа, 2-3пати сум била и само он бил таму. Термин баш за него сум немала.. Додека на упатот кај мене стоеше што да се испитува, ама пак упатот мене ми беше од специјалист и јас правев плус испитувања кои ги спомнувате тука, така да ќе кажат тие кои биле. Ама се мислам дека треба да стои, тие таму само зимаат упатот и боцкаат, е за зимање резултати се појавувал Дејан
Јас 2015 година прво отидов таму каде што боцкаат (бидејќи тогаш во една зграда боцкаа, во друга беше докторот) на Имунологија, да се распрашам што и како треба. Се погоди еден млад дечко, не знам ни како се викаше, и ми објасни све. Ме викна на страна во една просторија, бидејќи насекаде имаше гужва, ми објасни што све треба за мене и за сопругот, ми запиша на лист што точно да стои во упатот, а потоа со тоа ливче отидов кај матичниот гин, и тој ми даде упат со тие работи што ги пишуваше на ливчето. А сопругот беше мислам кај обичен матичен лекар за да земе упат. Тогаш тој дечко ми објасни и за цените, и за хла и за некои други работи. И многу ми е жал што не знам како се вика. Млад беше доста, дали имаше 30тина години, можно е да беше специјализант некој или така нешто, ама беше многу љубезен. Резултатите се чекаа доста, околу 3-4 недели, е после со нив бевме кај Петличковски на консултација. Сега не знам како е, дали е сменето нешто