да, има. најмногу се тие антителата на разни работи, како NK итн, генотип, микроделеција на y хромозом итн. Зависи од проблемот што го имате, тоа ќе ви испитуваат... ние кога првпат отидовме, бевме заради тоа што не ни се оплодуваа јајцеклетките воопшто во првите две ин витра. Од каде купувате Мethylcobalamin односно метилиран Б12? Дали го има во Македонија?
Честитки до сите нови трудници со среќа и лесно,јас бев на консултаци на 18 кај М.Ивановски ми каѓа да испитам мутации за MTHFR, витамин Д серум, гликемија и инсулин, да направам скречинг(мислам лапароскопија ми кажа дека имам на ХСГ хидросалпих на двете туби) е сега сакав да прашам каде се прават овие испитувања, кој дава упат матичен гиниколог или интернист, бидејќи не сум од скопје.
Девојки да не има некоја од вас метилирана фолна киселина таблети да не и требаат ...Ми требаат додека да се организирам за до бугарија да ги најдам
Метилиран Б12 во аптека Ирис Струмица, на центар, или јас си нарачувам на 24apteka.mk. Пиши им порака ќе ти пратат се што ти треба.
имам со рок до јуни месец. И јас сега се организирам да земам од Бг. пиши ми пп ако сакаш ќе ти пратам.
Девојки денес бев на фоликометрија и за 5 дена стимулација имам супер фоликули и со господ напред највероватно во недела ќе имам пункција. Многу сум возбудена и среќна ☺ @Оли со тебе заедно горе долу сме
@mici-22 Тука сме некаде, ти прва - јас по тебе И под рака во Труднички Како се осеќаш од стимулациите?
Искрено многу добро се осеќам. Очекував да бидам нервозна, чуствителна но јас толку сум опуштена и среќна што сите ме прашуваат да не има нешто ново хехе А инаку не сум кажала на никој дека правам и многу подобро ми е вака. А во труднички двете рака за рака во јуни. Ти како си? Што стимулации примаш?
И јас сум опуштена, нервозна воопшто не сум, спијам како топ, енергија имам. Само малку главоболка ми се јавува попладне, но се издржува. И јајнициве што ги осеќам, друго ништо. Боцкањето ми оди добро, ставам Мерионали. Не сум кажала ни јас никому, не сакам да ме прашуваат и да се објаснувам. Функционирам нормално.
Здраво, дали на некоја се селучило да добие циклус а да пие микрогинон, ме чуди рано е за циклус а имам по малку крв, а примам и супрефакт , искуства?читам може да се јави крварење ама ср плашам да не е циклус рано ми е за циклус
Јас би го исконтактирала докторот да му кажам за да знае и да каже што понатаму. Јас добив два дена откако ги завршив апчињата, се изненадив што толку рано добив. Можеби е нормално и порано да се добие. Обавезно консултирај се со докторот за ако го смета како добиено, да почнеш од втор ден со стимулации.
На моменти кафеавкасто , на моменти црвенкасто, пишав и на докторот , од сношти е вака , трет пат пијам микрогинон , прв пат ми се случува ова, затоа се испаничив, ви благодарам многу ***