Не се секирај истото ми се деси и мене кога видов 34 мислам светов ми се сруши и само што видоа резултатите ми рекоа ова не е можно, како не ти побарале одново да ти го направат ...и нареден пат ок е...после пак, и почнав да не му се нервирам ако видам вакво нешто ...
Не е точно! Фсх и те како може да варира . Ако декември ми е бил 6,2 , јануари ми се е качил на 28,5. Февруари ми бил 5,1. Испитувам во "наша " лабараторија, каде апаратот го вклучуваат само за мене . Јас лично ги гледам резултатите кога се испишуваат на екранот . Така да , не мора да значи дека ги грешат резултатите на ГАК.
Па сега по ново не се земаат резултати таму, туку кај матичната ги преземаат од веб (за неколку дена од земање крв).. Поминат беше трет ден, не можев ништо да правам. Следен месец ќе одам на друго место, ама шок, пребледев . После си викам стварно не е можно толкава бројка
Се извинувам на погрешната информација во тој случај. Јас кога прашував, тоа беше пред отприлика недела ипол немаа, сестрата на мојот гинеколог ми објасни дека во Пролече реагенси има многу ретко и кога има тоа е кратко. @охриѓанка
Незнам Бубче дали е така, ако греши Ивановски и мојот ендокринолог кој многу го ценам тогаш и јас грешам...ова се нивни зборови, не мои...јас знам дека може да варира но за еден месец тешко ваква енормна разлика, и со оглед на резерви и сл работи не е возможно..
Јас во последните 15 месеци , на 12 циклуси имам испитувано хормони. Значи скоро секој циклус се боцкам. Два пати во овој период фсх ми е бил качен скоро до 30 , па следниот ќе ми е бил идеален . Јас имам слаби резерви , а еве фсх ми е одличен во 90% од циклусите . Не знам зошто така ти има кажано Ивановски. Мене па баш обратно ми има кажано. И не само тој , и други специјалисти за ивф . Фсх е показател на резерви, но не е меродавен дали имаш ниски/добри резерви . Ич да не се секираш. Испитај си го следен циклус пак. Ќе се смириш
Ете Бубче ова е само едно од моите искуства со тој доктор за жал, мислев единствена сум овде со секакви случки кај него но за среќа што имав пишувано овде искуства со членки кај него што се па видов дека не сум била само јас, на што многу им благодарам...инаку многу пати си викав како може само со мене да е ваков на кој имаше членки тука се "чудеа", но дознав многу сме биле па сега сум со мирна совест да речам
Им звонам на телефон да прашам да не одам џабе, ама никој не се јавува. Да не имате некој број? Јас го имам тој од златна книга. Фала ви женски
Девојки испитував витамин Д и имам вредност 18,1,а референтни вредности помала од 20 е дефицит, дали ова може да биде некоја причина за неуспешно инвитро
Покачени д-димери од 0- 500 е ок а кај мене е 2098,во 6 ГН дали е во ред? Инаку боцкам клексан еднаш на ден и еден аспирин. Др ми е на одмор ќе се видиме во Понеделник а до тогаш ваше искуство? Јас имав намалена вредност на вит.Д и земав додаток пред да почнам со постапка по препорака на др.за ивф.и уште ги земам. Дали има врска за неуспех навистина не знам ама е битен во бременост и има врска со автоимуност на организмот.Најдобро детално да се консултираш со др.и да направиш и др тестови Поздрав
И @joan можеби е во тек. За мене е уште рано, ама моја пријателка има ваучер па сака кај Ивановски, па тие што се во тек ќе кажат во врска со неговиот одмор.