Првата пункција кога не стигнав до трансфер бев некако уверена дека ке биде се од прва. На денот на трансферот ми се јавија дека нема трансфер и многу се разочарав. Сега некако сум по лабава,не се замарам. Ако треба да биде ке биде. Ако не биде од октомври здравје пак наново боцки и се по ред...
И јас земав пред околу недела дена Омегазон исто така беа со точки, претпоставувам дека маслото е оксидирано и ги вратив. Ти препорачувам да не ги пиеш и да, цела серија е таква. Купив Омега 3 од 1000 мг на Фарма Витал.
Не ги пијам, чудни ми се. Ама во аптека ме убедуваа дека се такви. А јас знам дека не се. Но не ми ги вратија. Ќе одам утре пак.
Лајк за твојата позитивност!Одиме понатака,се фативме за ова оро ќе го изиграме до крај Сега одмори убаво и од есен заедно ќе се подриме Те гушкам
@0ли ти си најпозитивната и најоптимистична личност на формуов. Сигурна сум дека тебе те очекува прекрасен период во иднина со прекрасни бебчиња
Ајде и јас да се пријавам со негативна бета. <2 . Сега малку одмор од доктори и на есен со нови пак се од почеток
Ќе одмориме од се' и само напред од есен Туку, да прашам колку време треба да се прекинат Б витамини за да се провери хомоцистеин?
Ги пијам не знам ни сама колку месеци. Само нели за да се одреди доза треба да се провери хомоцистеинот? Пијам едно Фемибион и едно Неофолик.
Јас никогаш немам проверено. Пред стимулациите го добив резултатот за мутацијата и бидејќи веќе бев во постапка, не можев да ги прекинам витамините за да го испитам. Претходно на своја рака со месеци секој ден пиев по едно Неофолик, а ми додадоа плус еден Фемибион.
Мислам околу еден месец и повеќе. А која мутација ја имаш? е баш ми е жал... Летото ќе помине за час. Од есен со нови сили и со успех.
Мене од трансфузиологија ме пратија за хомоцистеин на клиничка биохемија. А проверував и афа ипротеин С и Ц на трансфузиологија. Ама тоа докторка ми предложи. И сите ми беа во нормала. А претходно правев и тест за тромбофилија.
Да, ги проверував и јас по предлог на докторката и се' беше во нормала, освен што излезе оваа мутација дека ја имам. Само што не ме прати за хомоцистеин бидејќи не можев да ги прекинувам витамините пред постапка. Си реков сега и онака не беше успешно инвитрово, да не треба да ги прекинам за да проверам хомоцистеин и да може да ми одреди точна доза на Б витаминиве.
Друшке! Ама затоа наесен сите здружно ќе го запукаме форумот со високи бети, @Bubce38 @0ли јас, ти...