Летово полнење на батериите со позитива,а на есен со нови сили до посакуваниот резултат. Ве гушкам сите
Сега одмори убаво,есента е наша....нема разочарување!Да уживаме во летото со позитиvна мисла.Те гушкам
Откажување секако нема. Пошто моево оди како на игриве левел по левел се надевам дека следниот левел ќе биде последен и успешен истото ви го посакувам на сите што сте тргнати по овој пат. Пред одмориве би сакала да одам на консултации,следниот пат сигурно ќе биде друг тим доктори. Не заради неуспехот,туку заради односот лекар пациент. Имајте сите убав ден ќе биде,еден ден и нашите коцки ќе се поклопат благодарам на подршката. Гали меше,имај лесна бременост
Здраво на сите Веќе 2 недели поминав читајќи ги сите 2045 страни од темава Пред 12-13 години бев член во оваа група и никогаш не помислив дека ке пишувам токму на оваа тема и ќе споделувам искуства со вас.надолго да ве запознаам и се надевам дека ќе се дружиме тука и ке разменуваме искуства. Имам 30 години,веќе 5 ипол години се обидуваме за бебе со мм.стигнавме до собирање документи за прво инвитро.скоро сите клиники ги поминавме (полна со искуства). Лекуваме идиопатски стерилитет со стотици брисеви и спермограми.поминавме 4 инсеминации,стимулации на природен циклус,хистероскопија со метропластика на субсептум,ХСГ,хормони уредни,трансфузиолошки тестови супер,2 инсеминации во Плодност,1 на државно и 1 во Ремедика.планираме Инвитро во Плодност преку фондот.маж ми е хроничен носител на Хепатит Б.пијам Фемибион 1 и Метформин ЕР 750мг 1 дневно,од гинеколог за подобри овулации. Почнавме да собираме документи и прво со спермограм и покажа Астенозооспермија (првпат проблем со спермограм), маж ми пие таблети Мотил.на 28 ми месецов ке го повториме спермограмот и во меѓувреме ке ги направам со нов датум кај мене хормоните на 3 ден и брисевите и 4Д ехо на матка и ке ги подадеме документите. Надолго тоа е.Многу ме охрабривте со вашите коментари,се наоѓам во тежок период од мојот живот и искрено иако се плашам многу, не губам надеж Извинете на долгиот текст,но сакав убаво да објаснам Поздрав до сите
Со среќа Подршката ја имаш од сите нас. Жени сме,борци. Ти посакувам успех од прва. А ако не успееш немој да се разочаруваш. Само храбро и пизитивно,блиску сме до целта
Со среќа, прво и успешно да биде! И што помалку време да се дружиме тука, да се дружиме во поубавите теми за брзо
Srecno mila jas imam pisuvano na temata spermogram kako nie go sredivme so 20posto motilni spermatozoidi na 55posto za 6meseci mozes da procitas ako sakas ne se obeshrabruvaj spermogramot moze da se sredi i ete me so tretoto ivf veke sum 14ned bremena
Ви благодарам на сите за топлото Добредојде. Meckicja досега сите спермограми биле без проблем,незнам од каде излезе ова.се консултирав со уролог и кога го виде спермограмот ми кажа дека повеќе одел накај добар а не лош но таа дијагноза му е ставена на ГАК.јас се надевав пиејќи ги овие таблети и внимавајќи на исхраната дека следниот спермограм ке биде добар. Сакав да ве прашам во Фондот се поднесуваат спермограми со нормозооспермија или може и вакви како нашиот?
@Alishan30 каков е спермограмот, таков поднесете, за во Фонд е уште подобро да не е баш најдобар , а за вас ви посакувам следниот да си биде супер. За во Фонд ви треба уште еден спермограм, со размак од еден месец меѓу двата, не постари од една година мислам. Ќе ви одобрат сигурно, чим имате веќе 4 инсеминации. И ин витрото ќе ви биде успешно, чим е се во ред, ви треба само мало подбутнување, така да се изразам Со среќа!
Јас пак го терав маж ми да прави 3 вкупно спермограми за да бидат 2 нормозооспермија и да ги поднесиме.сакавме на есен инвитро,па се плашев да не ни се пролонгира се. спермокултура тој нема правено,и тоа ни треба во документите?(досега никој не ни спомнал) Во спојлер ви го пуштив спермограмот-брза линеарна пишува 10%???
Што се поднесува во ФЗО за рефундација за клексани, сметките со сметкопотврдите од аптека, извештај од трансфузиолог, друго нешто треба?