Само да додадам: Докторе се е у ред досега (прв преглед пред година ипол-2)-природно ке останеш ми вика,ама и хистероскопија да направиме.Ок -пак на преглед по операција-природно ке останеш -следни прегледи-природно ке останеш ама и 4 тата инсеминација да ја направиме.и таа помина -повторно преглед-природно ке останеш.и му викам докторе 30г имам.и се сепна и ми вика на есен инвитро.значи 1 ипол-2 години природно ке сум останела.кога спомнав дека имам 30г. Му текна колку е саат.епа сега јас не планирам кај него повеќе да одам
И јас до октомври 2017 ќе останев бремена со гаранција од докторот,па ништо. Две инсеминации правев таму. Кога добив ваучер се мислев дали да продолжам или да одам кај Гуржанова на консултации. Останав тука зашто веке имав некоја историја. На трансфер прашувам ембриолог колку ќе враќаме,имав 3 оплодени. Ми вика 2 бластоцисти. Помина трансферот,земавме документите гледам вратени 2 шестклеточни ембриони. Третиот не се развивал. Зошто добив таков одговор они си знаат. Јас знам дека второ инвитро сигурно нема да правам кај нив
да обавезно мила нема откажување никако. Страшно сум психички оптеретена од ваквото " решение" кое само на мене ми е предложено од милион жени, но сепак ќе се борам на ваков или таков начин ќе најдам сили од петти ако треба... јас реков еднаш од есен натаму здравје со нови сили до успех, па на Митко на врата ќе му отидам со бебе и речам види јас си родив бебуле!! На моја мака бизнис да си прават НЕ НИКАКО!
Хаџи Лега. За инсеминациите доагаше и сабота и недела. Пункција на велигден ми правеше. Се тоа ок. Ама одговор на било какво прашање,тешко. Ми кажува колку фоликули имам а колкави не. Ендометриум добар и толку. Трансферот ми го правеше друг лекар,не ми кажаа дека нема да е таму
Штом си донесла одлука да не одиш веќе кај докторот, сега опушти се малку. Релаксирај се, одморче, прошетки, кафиња со пријатели, прави корисно нешто за себе. Одлуката е донесена и веќе не се оптеретувај со тоа што било и како било. Со нова надеж, нови сили ќе одиш кај други доктори да се консултираш, рачунај како да почнуваш сега. Со таква сила оди напред и веќе тргни негативни чувства. Не се навраќај. Само напред! Оди кај повеќе доктори, сама види кој најмногу ќе ти одговара. Доктор што за една не е погоден, за друга може да е вистинскиот. Со успех да биде понатаму!
Софиии нормално нема откажување главата горе после летово наполни батериите и отиди на консултација кај тие што што чисто сакаш да добиеш нивно мислење па тек тогаш ќе си одлучите со сопругот кај кој ќе продолжите Господ е голем сите ќе бидеме мајки само упорност и ќе успееш
Софи би ти го предложила Трајковски од Њу борн отиди барем информативно зошто повеќе феминки се бремени баш со негова помош.Поздравче и секое добро
Па не би рекла дека сите доктори се исти во Ремедика.Се дискутирало многу на оваа тема но тој доктор што ќе ни го најде чарето тој за нас е најдобар.Многу не беа/не се задоволни од Петановски јас сум презадоволна.По 5 ивф само едно не кај Петановски јас по 5год.борба има синче 7месеци.Еве и моја другарка многу блиска прво ивф кај Димитров успешно и тера веќе 13та недела.Зборот ми е дека јас и после секој негативен тест и покрај 2 хистероскопии кој беа во ред и во спат и скречинзи направени јас му верував на Петановски и знаев дека упорноста ќе ми се исплати еден ден.И за второ дете ќе одам пак кај него.Секогаш имав одговор на се.Сме збореле многу на тема кај кој доктор.Треба да се направи консултација бар со двајца доктори и да се одлучи на кој ќе му дадеме шанса.Тежок е овој трнлив пат но едно знам само позитивната мисла и упорност во оваа борба треба зошто еден ден сите ќе сме мајки.Господ е голем.Иако имам дете јас не заборавам на овој тежок пат и редовно тагувам со вас или се радувам до вас во оваа тема.Со лесничко на сите
Не се сеќирај @yes Досадна сум си веќе, веројатно и на другите феминки, сто пати го раскажав истото...но мене ми се случуваше истото, два месеци крварење по неуспешно инвитро, едноставно се шекна ... Дај му време, ќе пројде и не паничи. Секако разговарај со доктор. Мене и на ехо ме гледаа, испитував и тироида и пролактин, се' делуваше ок, а едноставно циклусот шекнат.
Срце и јас крварев две недели докторот рече нормално било, и мене ми текна да го прекинам Аспиринот и дека може да ми е од него и одма ми престана, така да доколку пиеш од него или Кардиопирин одма прекини го, и не се секирај ќе престане.
Петановски ми беше на трансфер и немам зборови за него. Инаку јас циклус добив 3дена по прекин на терапијата,пообилно и многу нечисто
Задоволна си од Петановски?Јас здравје планирам кај него па би ми помогнало доколу споделите искуства.
Петановски ми правеше само трансфер. Прво запознавање во сала и може да кажам дека добро искомунициравме. Еве има феминки што имаат успешно инвитро кај него па нека споделат искуства
Не го бара како неопходно испитување, на пример јас го одбив за брис од уретра и не направи проблем никаков. Тука жениве малку ги збуни, значи ова постои како испитување ама не е неопходно и предуслов за инвитро. Исто како и скриен шеќер - постои како испитување ама никој нема да ти го побара како предуслов за да ти направи инвитро. Помини кај сите и тврдамдека никој нема да ти даде опција за сурогат. Сама ќе си процениш кој ќе ти дад енајмногу надеж. Читај меѓу редови и ти па "Пари на рака, Мара за рака" Зошто да се замараат со тебе когане си им сигурна дека следниот ваучер кај нив ќе го искористиш
Е мене баш тој однос на Димитров каде што ништо не ми објаснува ми годеше и ми донесе успех. Претходно одев кај лекари кои све ми објаснуваа па како ми растат фоликулите па колкав ми е ендометирумот ит итн. Мене тоа ми ствараше дополнителен притисок. Кога отидов кај него прво ми сметаше што ете не ми кажува а потоа сфатив дека треба да се опуштам и се да му препуштам нему и имав успешно ИВФ. Секој нека си го најде лекарот со кој ќе се чувстува најкомотно. Не сме сите исти и нема истот на сите да ни одговара. Со среќа и со лесно.
Дружино неможам да најдам дали има тема за донација спрематозоиди, па морав тука да пишам ако може некоја што одела на ваков начин да ми пише во порака подетално за процедура цена од која банка се и сл работи, во Систина вчера ми рекоа било 3000 евра за три цефчиња, дали знаете како е во другите клиники?
Ima mislam I na stranata na new born klinik kolku e donacijata na spermatozoidi Ne gi zbuniv I kazav za losiot spermogram da si naprave ako saka ako ne nivno si e