Не знам дали е поради местото. Во рака јас не можев сама да се боцкам. Во стомак е полесно и има малку мекичко што ублажува болка . Не знам дали уште се боцкаш, но ако боцкаш, пробај во стомак.
Во плодност Битола испитав витамин Д и инсулин.ме кошташе 2000 ден.пред 3 години ова.резултатите на меил ми ги испратија
Мислам дека витамин Д на Клиничка биохемија е 80 денари. Јас во Авицена проверив и беше 1800, следниот пат планирам државно да проверам. Само не знам хомоцистеин колку чини, ако знае некој нека пише, сакам и јас да испитам.
ти благодарам, не се боцкав сама! ..иначе, завршив со боцкањето, сега ми останува неизвесноста (старата добра пријателка) до средина на следната недела.. и така..биди ми поздравена, кај тебе што се случува? Се извинувам ама какво е ова испитување на Витамин Д? ..јас спреј користам Витамин Д3 по препорака.. 0
Од крв се испитува.кај мене излезе во немерливи граници.по препорака на докторот примам по 2-3 капки вигантол дневно.Вит Д е многу битен и поврзан за нормална функција на јајниците читав во повеќе студии
Девојки едно прашање, вит д го пиете и сега? Го пиев и јас по препорака на Ивановски. Сега не сум се консултирала, ама матичната ми рече дека во лето не се пие бидејќи има доволно сонце и се синтетизира природно.