Се исто од првиот . Само плус еден нов спермограм . Не е битно каде се правени спермограмите, приватно/ државно . Може каде сакате
Фала Бубче, а колку треба да има (временски) растојание од претходниот до новиот? Дали имаше ограничување, да не е постар од...? И хсг-то, дали има потреба повторно да го доставувам?
Ти благодарам , мене прв пат ми е па не знам да ти одговорам ама па би требало да се истите документи и по втор пат... мила колку време чекаше за одговор од фондот?
Јас на време добив, за 30 дена точно. Две до три недели се чека, можеш и да се јавиш во Фондот после две недели да прашаш до каде е постапката. Инаку, секоја недела одлучуваат. Со среќа! А спермограмите, колку ви беа стари, прашувам за втор ваучер?
оф какво е пу пу нека е живо и здраво, и вечно ве смее...тоа е доказ дека Бог е само оној најголемиот, и дека и покрај сите маки на крај ќе ни даде среќа да победиме во нашата борба, и ниеден доктор и ниедна дијагноза не е така страшна како што ни се претставува ако он е со нас, треба да истраеме и бориме колку можеме и умееме, фала ти што ми пиша и даде подршка те гушкам пуштај среќа ❤❤❤
Фала душо за советот, ке почекам уште некој ден. Поздрав По неуспешен ивф мене ми дојде после 5 дена ама вториот циклус каснува, мене ми касни 6 дена. А сега на 5 ивф немав трансфер а вториот циклус ми касни 16 дена така што до организмот е како реагира на хормони. Поздрав
После стимулација,не стигнав до трансфер добив циклус на 20дена,значи порано од денот за добивање. Следниот месец после неуспешно ИФВ на природен циклус добив на 3 ден после прекин на терапијата
Не мила, од последниот циклус пред ет до следниот после неуспешниот ет, имаше поминато точно 30 дена. Значи, на време добив. Е сега и да задоцни малку, не е страшно, може од стималуциите, ама не би требало. Ќе си добиеш на време сигурно. Фала ти многу за инфо.
Лелеееее девојчињаааааа !!!!! Само мене ми се гледа ???????? Ихххх ќе умрам , срце ќе ми искочи . Се тресам !!! Четврток -Петок треба да добијам
Честиткии! Бравоо, се гледа и тоа како, леле каква радост Бубче, со лесно и со едно најубаво бебче во раце! Господ е Голем!