Аууууу бравоооо!! И тоа како е можно!! И тоа како ни се гледа и на нас, секоја чест за оваа убава вест многу се израдував, со лесно да си го изнесеш бебуш, уживај во најубавиот период!!!
Бубчее, честитки, со лесно најлесно. Се е можно . Сега само позитивни мисли и се ќе си е најубо. Господ леснотија и да ве исчуват
Колку прекрасна вест! Леле ме израдува, се расплакав од радост, ајјјјјјјј шо убавооооо вака неочекувано Имај си лесна бременост И не чекај да добиеш - нема А бе многу ме израдува....ама ептен многу
Леле @Bubce38 богами и јас се потресов,од среќа ова солзи ми дојдоа. Да имав број ке ти се јавев Да си имаш здрава и среќна бременост,и најубаво мало Бубе
Честитки од срце,радувај се и уживај во секој миг следните девет месеци,се да е со лесно и со убаво до целта. Многу сум радосна за тебе и посакувам секој ден да имаме вакви вести од сите борци во темава
НЕ, НЕ ТИ СЕ ГЛЕДА САМО ТЕБЕ А бре срце ми излезе, а бе ме стресе, ме пренаежи Бубче, друшке убава, ти честитам од срце и ти посакувам најубава бременост, да уживате со мажето во секој момент, којзнае колку е и тој пресреќен сега!!! Мнооогу се радувам за вас!!! А бе убавини... Срце полно
Честитки бубче те прочитав во друга тема и трк овде леле се расплакав од среќа .Ти посакувам лесна, најлесна школска временост.
Бубѝѝииии аи срцето ме стрефи мила со среќа да си ја износиш до крај лесна бременост.Влечи ме со тебе.
Господ да ве чува само убавини да ви дава прицезата мило ми е многу мила заслужи долга борба од 15 год ама со убава ќерќичка Честитки од мило ми е за тебе Голем е господ закаснато ама не заборавено Со лесно заслужи мила
А ја се чудам викам абе многу страни наеднаш изнапишани,викам не сум ја пропуштила вчера темата. @Bubce38 честитки убава и лесна бременост,се прерадував до сега на мм му раскажував бубче е трудно
Ви благодарам на сите од срце . И на оние кои ми пишавте овде , и по лп, и во другата тема , и на фб , и на тел . На сите до небо ви благодарам . Не можеме да се израдуваме ко што треба . После се што поминавме , ова баш не размрда . Маже веднаш ме однесе на дежурен. Ама џабе ќе гледа докторката , вика рано е многу. А ко за беља кај нас нешто се расипал "апаратот " за бета . Ќе тррба да се праќа Скопје , а резултати тек за три дена . Ќе фати понеделник . Затоа решив да си чекам преглед до понеделник. Како што не се замарав месецов со упорно правење бебе, така и ова ќе оставам само да си "тече". Имам останато пролутекс , ќе си ги боцкам нив и ќе чекам . Ако е за мене ова бебче овој пат нема каде да бега . Можда досадувам со рефератов , ама убо ми е да си пишам . Можда и не требаше волку рано да се пофалам ,ама не издржа срце јуначко . Да бидне овој пат , тогаш сите ќе е теглам за нос . За сега нека остане само благодарноста од мене до сите кои се израдувавте заедно со мене . П.С Маже испи пола шише виски . И цела кафана частеше , демек роденден му било