Можеш да ја прочиташ темава за цигарите и бременоста: https://forum.femina.mk/threads/Цигарите-и-бременоста.40/ Најпрвин, сите ќе ти кажат дека цигарите се штетни и се проблем а @DuchessAnn ти кажа на кој начин ги намали цигарите пред инвитро бидејќи сметаше дека цигарите се штетни. Ти сама треба да одлучиш што ќе правиш со цигарите. Како поранешен пушач, морам да кажам дека ако немав прекинато со пушење кога ја почнав борбата за бебе (ги откачив многу пред тоа), сигурно за бебе ќе ги откачев без мислење. Затоа велам твоја одлука е. Еве читај ја темата уште од првата страна и донеси одлука. Ако одлучиш да не ги намалиш, терај со нив. Но ако планираш да си пушиш и постојано да се замараш со прашања од типот како погоре: "A cigarite pretstavuvaat problem?" тогаш фати се за работа и намали ги. Место да уживаш во процесот, ќе се јадеш што пушиш и така повеќе ќе пушиш.
Убаво е мила барем да ги намалиш. Јас пред да почнам со инвитра една година користев електронска, ми помогна да се одвикнам од чад, миризба на цигари.. Не сакав целосно да ги откажам. После една година со електронската, одвикната од чадови палев по 3-4 цигари дневно. Пошто не сакам скроз да ги откажам, и после 3 години оттогаш еве палам културно по 2-3 дневно со кафе, со другарки,.. Ме убиваше фактот дека нема да можам да палам воопшто. Најдобро е скроз да ги откажеш, но и ова моево е варијанта. Не мисли на нив, дај си моменти во денот за цигара, и ќе ги намалиш. Сега можам и воопшто да не запалам и ништо страшно Со среќа!
Комисија има секоја недела или секоја втора. Меѓутоа ако не те нашле дома, писмото не го оставаат зошто мора лично да ти го дадат, па постои веројатност да го вратиле во фондот. Најубаво јави се да ти кажат до каде е предметот. Цигарите се штетни за организмот и во нормални услови. Јас бев пушач, пред постапка ги намалив на неколку на ден. Веќе во постапка пушев една или ниедна во денот. Пожелно е да ги намалиш.
Ние со сопругот првиот пат чекавме,ама ни се виде многу и правец фонд и со бројчето го подадовме на пријавница и кажавме за ивф сме поштата касни и не пријави ја и се потпишавме и го земавме.Ако си од СК.појди и земиси го.Секое добро
Имам 3 кутии Циклопрогинова (Cyclo progynova) што ми останаа, со рок се до 11.2021. Ако на некоја и требаат нека ми пише, ги подарувам. Со среќа на сите што се во ИВФ постапка.
Мојата пункција вчера помина вака 21 извадени ј.к. 13 оплодени Се надвам дека сите ќе се развиваат добро и ќе ги замрзнеме. Поради прогестеронот нема да имам трансфер сега
@Feya со среќа! Инаку во врска со цигарите, мислам дека на сите контрацептиви пишува дека ако имате 35 год. и нагоре и истовремено пушите и пиете контрацептивни апчиња, се зголемува ризикот од настанување на тромбови. Па размислете. А секако, како бивши пушач ќе ви кажам дека животот без цигари е и поубав и поздрав. Јас бев долгогодишен пушач, но пред 10 години ја запалив последната цигара и не запалив повторно, решив поради здравствени причини и издржав. Најтешка е првата недела, но понатаму е се полесно. Сега не дозволувам ни сопругот дома да пуши, бидејќи и пасивното пушење е штетно. Белите дробови се еден од виталните органи, зошто свесно да си ги уништуваме? Плус секако не е добро ни за квалитет на јк, ни за добар спермограм, за ембриони и бебиња да не збориме. Дајте напор и откажете ги, не ви требаат
Докторот вика дека жолтото тело од фоликулот ослободува прогестетон. Тој процес си се случува во јајникот. Поради големиот број на ј.к. кај мене дошло до зголемен прогестерон кај мене 1.40 а требало до 1 за поголеми шанси за успешен трансфер. Барем така го разбрав докторот така ти пренесувам не сум многу стручна
Da da mila sto ponizok progesteron tolku podobro pred et oti vlijae na implantacijata mojot sega za vreme na ivf bese nizok znam oti go merev na gak da ne plakam na privatno
Точно е дека висок прогестерон ја намалува имплантацијата на ембрионот. Најдобро е да е под 1. Но нема правила. Кај мене прогестеронот беше 9,27 превисок. Д-р кажа дека не е добар ама сепак одлучи да има трансфер и испадна успешен. На крај рече кај мене секогаш успева спротивно од правилата
Така е не значи дека сигурно нема да дојде до имплантација туку дека се помали шансите. Мене сега ме мачат симптомите не хиперстимулација. Надуеност и чуство на тежина во стомакот, потешкотии со одење по надвор што никогаш сум немала во животов. Тоа пак е резултат на покачен прогестерон. Пијам терапија. Викаат дека за 11 дена се прочистува организмот се надевам ќе се намалат и побрзо
До кој момент да не знаете прогестеронот не треба да е над 1 или висок воопшто? Пошто нели од трансфер па натаму баш примаме прогестеронска терапија.. Мене само Трајковски ми кажуваше да мерам, Ивановски ниеднаш.
Издржи, ќе помине. Полека ќе почнат да се намалуваат тегобите. Набави си обавезно Изоспорт, има амбалажа од 1750 мл за 100 денари. Комбинирај вода и изотник и многу ќе мочаш. Многу течности, одмарај и внимавај на исхраната за да не ти е потешко од надуеност. Прво прогестерон проверував на втор ден и беше 0.22, а последно проверив ден пред да примам Прегнил и 0.83 беше. Со прогестеронска терапија почнав и пред трансфер, одма по пункцијата почнав со Пролутекс и Кринон, а по трансфер со Прогестерон депо и Кринон.
Да, да, слично и јас и скоро сите. Муабетот ми беше - испаѓа дека низок треба да е до 1 ден пред трансфер, па после тоа да се качува
Во Систина не мерат јас имам правено 2 ивф во Систина и не ми мереа прогестерон. Мене ми беше покачен уште пред пункција. Значи во понеделник ми земаа крв, во вторник докторот ми се јави дека ми е покачен и да се одложи трансфер, а во среда ми беше пункцијата. Незнам точно од кога треба да почне да се покачува.