Мене fsh ми беше високо, и вадев односно имав три анализи со хормони направено. Знаев дека со високо fsh нема да ми одобрат, па така го искористив само оној наод во кој беше во граници на нормала. Подобро е кога има машки проблем и побрзо одобруваат. Фоликули мора да има, а и ендометриумот го гледаат во која фаза е (дебелина) така да добро е неколку пати да се направи 3д снимката ако нешто не чини, пред да се поднесе
Јас за последниот ваучер вадев хормони 5 месеци по ред, на трет и за секој случај и на втор ден, за да "уловам" FSH под 12,5. За 3Д/4Д извештајот замолував доколку се 3 до 4 на пример, да пишат 4 до 5. Еве погоре на членката и пишале 4 до 6, ништо не го коштало да пише 5 до 6, а реално можел и 6 до 7. Толкувањето на ехо снимката е сепак субјективно, а во Фонд ионака не бараат снимки доколку не се составен дел на самиот извештај, веруваат на проценката на докторот. Една до две фоликули во извештај кај poor responder многу значат и може да бидат и одлучувачки.
Ti blagidaram za opsirniot odgovor..fsh mi 10,62 estradiol mi e 36 ama anh mi e mnogu nizok toj rezuotat ne go prakam.
Во чаир, додека правев хистероскопија, еден доктор праша една пациентка, "дали сакаш да ти пишам непрооднос на канали за одма без инсеминации да добиеш ваучер?" Мислам, сите глава не боли од овие параметри кои ги бараат за да одобрат и мене постресно ми беше вадење документи отколку целиов процес. Јас искрено, бев спремна за вадење хормони ако немав уреден наод да пуштам другарка да извади крв место мене само да добијам уреден наод..среќа едно од вадењето крв за хормони искочи уредно и не морав да го правам тоа.
Мојата упорност спие во моментов Дунде на мама Систина беше мојот избор. Прво Лазаревски, ама два пати имаше такви утки со празни фоликули. Читав и бев на консултација во една клиника во странство и заклучокот беше ист - не постојат празни фолилули, туку грешно темпирана стоп инекција. Ивановски е мојот "соборец" ем еден куп јк, ем замрзнати јуначиња имаше. Ескимчето спие сега, а ме грее како најсилно Нема откажување!! Паѓаме, плачеме, бришеме солзи и одиме напред! Ќе дојде денот за радост кај сите!
Секој со своето искуство, кај некој е обратно искуството со истите доктори, шо и не е толку битно, ко што е битен финалниот резултат. Многу ги форсирате одредени доктори, ко да им правите реклама и маркетинг, за кое мислам дека не е ок и може негативно да влијае кај членки што се веќе во постапка кај докторот за кој пишувате негативни коментари, а во исто време од кај истиот доктор се изродиле еден куп дечиња. Ве молам внимавајте на коментарите и воздржувајте се од бришење на коментари кои не ви одговараат! Сепак ова е форум за поддршка, а не за ширење негативна енергија!
Комплетно си ми ја промашила поентата на постот! 1. Давам појаснување на членка која имала 1 јк од многу фоликули. И давам инфо да не се секира оти и кај мене беше така, па по смена на доктор имав комплетно друга ситуација. 2. Никому маркетинг не правам. Тоа е моето искуство. Друго немам за да не личи маркетингшки. самата велиш секој со своето. Ова е моето. 3. Основна цел ми беше никоја да не се откажува. Некој пократко, некој подолг пат ќе оди, ама се дур тоа не води до целта ништо не е битно.
Мојот доктор (бидејќи ова ми е прво инвитро) ми кажа дека многу е битно и за неа и за мене, да не се фиксираме дека ако нешто тргне непланирано лошо, дека би требала да размислувам да мењам диктое или установа. Вика, големи се шансите да при првото инвитро увидиме што може или тргнало наопаку, па понатака да го исправиме, бидејќи секој организам е различен, а они нормално тргаат најпрво од проверена процедура која ја прилагодуваат според пациент. Јас искрено верувам дека ова е точно. И зависно од проблематиката која ја носиме како индивидуи, нивниот осет и професионалност не треба да ги занемариме.
Баш како што имаш пишано, во текот на постапката/ите се утврдуваат причините за евентуален неуспех, па при следен обид да се промени нешто од претходниот обид, а нормално може да се случи некој следен обид кај истиот д-р да биде успешен, а може и првиот кај друг д-р да биде успешен или не, нема правила. А, и самиот организам некогаш се менува и не реагира секогаш исто. Не секогаш е и само докторот фактор за успех или неуспех. Овде се потенцираат имиња и не е прв пат. Едноставно може да влијае негативно кај одредени членки. Не е прв пат! Не сум промашила, веќе се научивме.
Што не си прожашила и што не е прв пат?! Темава воопшто не е за надмудривање и докажување, туку за споделување искуства. Сите доктори имаат успешни и помалку успешни приказни. За мене бил одличен Ивановски, ама има членки за кои не бил. Секој си го бира докторот кој му одговара по карактер. Не еднаш е тука пишано да се види секој со повеќе доктори и да го одбере оној кој му одговара најмногу на карактер, на муабет, му влева доверба.
Никој не потенцира вака, ко ти. Од прв ден го забележав тоа на форумов, па се провлекува до денес. Немам намера да се надмудрувам, мислам дека треба да се прифати сугестија, како што кажав, за да не им се влијае негативно на другите. Добронамерно.
На темава се зборува и за доктори! За Ивановски ќе зборам добро онолку колку можам и глас ме држи. Човекот ми се нашол пред бременост, за и по бременост. За мене поголем човек/доктор не постои. За мене!
Ти збори си за Ивановски, ама не напаѓај друг, кај кој во моментот има еден куп членки во постапка, си се запрашала ли како ќе им влијаеш? А, немам против да си го фалиш Ивановски. И од кај Лазаревски се родиле еден куп бебиња, општо познато е.
Оф Не можеш да сватиш споделување искуство ,а ? И како јас ќе ти влијаам тоа ако споделам дека Ванчо пример не ми виде септум толкав голем , ми 'извади' само една јк , а друг доктор и виде септум и извади 6 фоликули . И каков маркетинг ти виде ? Ај ако не ,да престанеме да пишуваме кај кои доктори и во кои клиники одиме , само да се пријавиме на темата дека сме во постапка , да известиме кој ден од трансфер ни е и на крај или да си честитаме ,или да се потапшаме по рамо со - ќе биде следен пат
Извини кукла ама не си во право. 1во и препорачуваш на членка друг доктор, а таа сеуште е во исчекување чинам? И тоа поради тоа што имала само една јајце клетка целиш на тоа кај тебе дека било неуспешно и дека кај неа ќе биде? Што сосем не е точно се докажало дека само една клетка може чуда да направи за разлика што и 20 да се извадат да биде промашено се.... 2ро кога еднаа членка пишуваше негативно за ивановски се бришеа постови тука џабе скокаа сите и се бунеа за тоа кога постовите и нивни се бришеа. Он е заштитен во темава за него никој не смее да спомне нешто лошо туку може само да се величи. Туку како викаат кај што има сила нема правдина.
Јас кај кукла не видов НИШТО од тоа што го видов во постовите кај мечкичка . Напротив , ЈАС гледам други работи во постовите на кукла ,многу поразлично од ти што гледаш . Јас не сум кај Ивановски . Нема ни да одам можеби никогаш кај него . Реално ако погледнеш низ последните 2000 страни дали една ,максимум две членки имаат лошо искуство со Ивановски . Дали три се пожалиле од неговиот пристап . Ова ако збориме реално . Ако збориме колку да се најдиме на муабет е друга работа . За мене во моментот Таше е бог , до пред некое време ми беше дно - дна , можеби после извесен период ќе кажам дека Лазаревски е најдобриот . Или Трајковски . И се така во круг . Мечкичка овде проповедаше дека само Трајковски е доктор ,останатите се касапи . Кукла такво нешто не прочитав да напише за ниту еден доктор . Само го кажува своето искуство конкретно со Лазаревски . Погрден збор за него не е упатила Ваљда јасно е
Многу си контрадикторна и немам намера повеќе да се замарам.И за Кукла само Ивановски е доктор, а Лазаревски го направи дека не знае да натемпира стоп инекција!?! Хаха, смешно е.
Воопшто не ми беше тоа намерата. Сакав да кажам дека сум била во сотиација ао многу фоликули, а едвај една ј.клетка, па не било проблем кај мене иако така ми го сервираа. Јас само одговарав на тој дел. Никаде не реков да бара друг доктор, туки да верува дека ќе биде и кај неа. Не знам кои мислења негативни за ивановски биле бришени?! Кога? Имаше едни за сурогат и тие беа префрлени во соодветна тема. Ѕирни таму. За други не знам. Знам @Софија 88 пишуваше лошо и со право.