Во некои клиники ниту мерат прогестерон, не знам зошто оцениле дека не треба да се испитува пред пункција/трансфер. Не се разочарувај, ако треба да успее, ќе успее. Нема правила.
Ќе ти се јават за 2-3 часа сигурно да ја обработат првично..ти пуштам среќа и само смирено ) мора да биде добро. Колку за утеха, мојата ј.к. на последното мерење на ексррадолот беше во критични параметри..личеше дека ќе биде празна, а испадна топ. Некогаш параметрите се само поради хормоните кои ги примаме. Против природата никој не може. Ти ја пуштам цела среќа
Mene mi kazaa deka imam 3 jajcekletki,imav povece folikuli no doktorot samo pogolemite mi gi izbockal,drugite gi ostavil...demek da ne mi se trosat..
Според големината на фоликулите одлучуваат кои и колку ќе повлечат надвор при пункција. Инаку еден фоликул носи една ј.к. и затоа во тој момент ги нарекол ј.к., но вистинска ј.к. имаат после пункција, или природно кога ќе започне овулација таа излегува од фоликулот и преку каналите се движи до матката. Небитно веќе..имаш три к.ј и само седи мирно и уживај во наредниве часови за да ти се јават. Ајде, со нетрпение чекам Ти кажаа ли кога ќе се јават?
Ич не се секирај за прогестеронот. Да, треба да е под 1 за подобра имплантација но нема правила. Кај мене беше 9, превисок прогестерон па успешна имплантација. По некоја недела настанаа други компликации. Но прогестеронот покажа дека нема врска со успешен трансфет. Опушти се и уживај, ќе успееш, а и 2ка вредност ме е висока. Ти посакувам среќа!
Fala mnogu za nadezda koja mi ja davate na site do edna Ke mi kazes li koe ivf ti bese uspesno i kade go pravese?
Зошто ти го дадоа тебе ? И кој ти го препиша ако не е тајна ? Јас го пијам ,на своја рака ,мислам секако по препорака на доктор , но не гинеколог . Јас го пијам ради скриен шеќер , ради тоа што имам веќе 40 год , зошто сум пушач долги години , имам ХОББ..... Инаку ,знам го пијат и ради зголемен хомоцистеин во крвта , а намелена количина на фолна к-на во организмот . Јас не го пиев само кога имав трансфери . Значи двете недели пред тест го прекинував . Пак да нагласам ,ова не по препорака на гинеколог . Секој еден кој го прашав дали да го пијам ,креваа раменици
Не ми го препиша никој, само совет добив поради mthfr генетички наод. Секој со овој наод, би требало да пие метил фолна. Користев и една друга од Бугарија, потоа Фебрион, а сега Кардиовитсминот. Хомоцистеин не измерив бидејќи општо правило е дека заради тој ген обична фолна не врши работа, дури и штета прави. Додадов и витамин Д, по препорака на генетиката. При недостаток на метил фолна и други б-витамини поготово ако не си свесен за овој "недостаток" може многу негативни промени да настанат во организмот. Една е претоксичност на метали (инаку мерев претоксичност преку квантна медицина и испаднав овр доуз на три тешки метали) кои пак понатака можат директно да влијаат на плодот, како и да го, зголемат ризикот за аутизам. А, ако на тоа ги додадам и 40-те мои години, генетска предиспозиција за тромбофилија, мислам дека не грешам што го пијам и го заменува Фебрион (мала е дозата во фебрионот метил фолна плус има и обична фолна) со Кардиовитаминот. Пред да ги направам генетските испитувањата, некако и бев свесна дека обичната фолна не ми врши работа..при пиење ми се лошеше од неа, па многу често знаев да ја скокнам и да не ја пијам. После испитувањето, си се покажа зошто било така.
Денес еве го започнав пак. Шести ден ми е, после трансфер, некако повеќе му верувам нему отколку на Фебрионот
Имав неколку неуспешни обиди, потоа во њу борн успеав 2016г. а пред 4 месеци успеав по втор пат но за жал се прекина бременоста со спонтан абортус.