Trajkovski mi pisa Ogtt,insulinska rezistencija. Jas vo Hemolab ispituvav toa,ama da ne odam za Sk pak
Ми требаат ваши искуства. 11ден после трансфер на 4-ти ден (осумклеточен ембрион), тест Sure chek испадна негативен. Ќе правам бета во понеделник, само ме интересира дали на некого со домашен тест ми покажало позитивно на 11-ти ден?
Девојки, дали некоја членка има искуство од Плодност, во врска со новиот ембриоскоп што го имаат, како и во врска со спермограм со ДНА фрагментација и анализа и селекција на сперматозоидите со Ивф-Икси Макс методата? Зависи кога настанала имплантацијата, индивидуално е, може да покаже, а има и исклучоци, затоа докторите не им веруваат на домашните тестови. Можеш да го повториш утре, а во понеделник бета хцг за сигурно.
Благодарам за советот. Искрено, очекував и да не покаже. Викенд е и не знам како ќе издржам до понеделник, па затоа и пробав со тест. Може да ми подобјасниш каква е оваа метода и анализа?
И јас прашувам за искуства, колку што читам ги детектира заболените сперматозоиди, кое не може да се утврди со класичен спермограм, а со тоа се спречува оплодување со неправилен/заболен сперматозоид, кое пак може да доведе до неплодност или спонтан. Вака ми има логика, ама сепак друго е некоја членка да сподели искуство.
Во Њу борн има метода Пикси. 100 евра чини и се употребува за изолирање на сперматозоиди со подобра морфологија. Мм има одлична морфологија и бројност, но има проблем со "лепење и спојување" на сперматозоидите, аглутенација повеќе од 80%. Дали оваа метода која ја спомнуваш е подобра од Пикси или? Каде може да се прочита нешто за неа?
ПИКСИ е при самото ивф, а дна фрагментација е анализа посложена и пософистицирана од класичен спермограм, која ги детектира заболените сперматозоиди пред ивф, а потоа се оди на ивф икси макс за сортирање на заболените во посебни магнетни полиња, за со цел да не се употребат. Има некоја сличност со ПИКСИ, во смисла дека и со двете се прави селекција на сперматозоиди, со ПИКСИ ко што кажуваш(претпоставувам од искуство) на квалитетни, а со МАКС ко што читам, на заболени, е сеа од која има поголеми резултати, не знаеме.
Ако оваа метода која што ја кажуваш е еден вид спермограм, тоа значи дека сепак (или не) само е анализа. Ако е анализа и со метод на селектирање пред инвитро, тогаш оваа метода може да даде придонес само ако си во Плодност? Прашањево ми е, дали ако си пациент од друга клиника, би можеш да имаш бенефит да се прави?
Анализата можеш да се направи и претходно, а за методата, сега и други клиники применуваат нови методи, не само Плодност, така да и до среќата е. Јас прашав конкретно за оваа МАКС методата, дали има некоја искуство.
Еве, ние двете развивме полемика и дискусија околу ова, па добро е ако знае некој нешто повеќе, да ни одговори. Баш сакам да чујам нешто повеќе, ако некој знае или ја применувал, како и за кој машки проблем конкретно
Разликата во лековите е во хемискиот состав, сите ние имаме различен проблем, па докторот одлучува кои ќе ни го даде. Јас имам примано различни, но повеќе од докторите ми кажаа дека треба мерионал. Се зависи од проблемот, возраст, амх, полицистич. јајници, овулации и тн.
Си се консултирал веќе со некој доктор или? Би требало од утре, или покасно секако ако си долг протокол. Јас бев краток и бев од втор ден добиено, ама претходно веќе бев на разговори со избраниот доктор и знаев дека од втор ден почнуваме
Здраво на сите. Нова сум на форумов,и покрај тоа што долго ве следам. Имено,после неколку години обиди, и операции и интервенции, правевме ИФВ. Ми извадија 20јк, 18 се оплодија, а 12 преживеаа, меѓутоа поради тоа што имав хиперстимулација,и висок естрадиол,морав да ги замрзнам. Да ми помине циклусов, и ќе правиме трансфер на приоден циклус. Некоја со искуство како моето да сподели,совети,мислења. Ви благодарам,и со лесно на сите.
Хееелп Јас уште не добив..до денес 14 (0.5) дена сум со супрефакт, веќе четири дена со 0.3.. ова абер нема за добивање.. правев тест негативен..што може да биде..страв ме фаќа.. И случајно некоја да не има број од Др. Трајковски од new born..
Мислам дека можеш да им свртиш на сестрите. Основниот број што го имаат, само на крај 444 бројките. Во недела телефонот е кај сестрите, ко дежурство непто