Искуството со пурегон? Имавте ли главоболки,повраќање и малаксаност?? Ви отекуваше ли местото каде што се боцкавте?
Фала ти. 1 ваучер е 1 обид. 3 следуваат од фонд. Мене ми е 5ивф бидејќи првиот пат ми беше на приватно, а имам уште едно на природен циклус. Позз
Јас само првите денови (2-3 дена) малку пецкање како пчела да ме каснала иначе друго не.. Сепак зависи од организам како ке ја поднесеш терапијата
Добро утро на сите. Потребно ми е некој да сподели позитивно искуство со многу низок АМХ. Мене ми е 0.14, како и да е секој месец имам фоликул. Имам 3 неуспешни инвитра 1. По 3 дена хормонска терапија 4 фолукули премина во цисти тука се запре. 2. Цел циклус хормони ден пред пункција им пукнаа трите 3. Спонтан испешен трансфер, ноне се фати. Потребно ми е некој "памет" да ми даде, кај кој доктор биле и успеале да извадат ј.к., за позитивни искуства, бидјќи стварно не знам каде да појдан. Поздрав
Другото ми е во ред, се што сум слушнала сум проверила . Препорака ми треба кај кој да го фатам патот. Дали Димиров, Трјковски, лазаревски или Ивановски.
За ниско АМХ, или многу слаба стимулација или природен циклус. Димитров е одличен за природен циклус. Има и други добри доктори, покрај наброените. Но, имај си на ум дека АМХ е само бројка. Има многу примери во кои жени остануваат природно бремени дури при многу ниска вредност на АМХ (<0,1).
Мислиме дека си ја оствари долгоочекуваната желба Честитки школска бременост да истераш до крај Во њуборн консултации се бесплатни, така да пред да решиш, оди кај сите доктори кои мислиш дека се ок
Сето ми е јасно поготово кај мене што секој циклис има јајце клетка, но само ми треба некој да ми каже дека успеал кај некој доктор до трансфер, пошто разочарувачки е ептен на тие малку јајце клети да те напукаат со хормони излезат 4 фоликули и на крај им пукнат. На мисла сум кај кој доктор да одам овој пат, па велам да видам некое ваше искуство. Ви благодарам
Те чекав да пишиш дека си трудничко. Ме израдува многу. Со лесно да ти е. Вредноста е супер за денот. Мене ми беше 102 на 11 ден.
Толку беше напната за овој пат, а иако не се знаеме имав чувство дека ќе биде овој пат. Многу пати и сакав да ти пишам ќе биде овој пат не се нервирај. Многу ми е мило, чувај се