Благодарам на сите,тие што ми ја знаат историјата знаеја од што ми доаѓаше таа наптатост.Долги 11 години по овие врати...
Честитки девојко,со лесно до крај! Девојки дали сте запознаени дали има измени во законот за БПО? Демек пак било како порано,пар со едно дете во бракот или од претходен брак,неможел да аплицира за ваучер?
Да си дочекаш што поскоро на твоја глава Само упорност и господ сила да дава за да се изоди овој тежок пат но на крај се се исплати.Јас петото ивф ми беше успешно со пород.Главата горе со добра мисла сите ќе бидеме мајкички ситееее. На сите ви посакувам од се срце да ве видам најбрзо што може во труднички муабети па по мајчински
И јас сум со многу низок АМХ понизок и од твојот и во последните месеци на природни циклуси создавам по 2 фоликули од кои едниот секогаш поминува во циста..чекам одговор од фонд о одам кај Ивановски.Ако правиш приватно оди во Бугарија другарка ми со АМХ 0.01 успеа да замрзне ембрион и два и беа вратени ..сега има синче ..такс да не се разочарувај.
Понизок АМХ од мојот не сум чула, 0,07 и имам скоро позитивно искуство, велам скоро зошто се уште сум во очекување да си го родам јуначето Кај мене беше успешен трансферот со замрзнати ембриони, кај д-р Трајковски. Ме стимулираа со мин доза на хормони, еден месец со Пурегон, еден месец со Гонал Ф.. Секој пат имаше или остануваше еден добар ембрион и тој го замрзнувавме. Така собрав два ембриони кои беа замрзнати, па потоа вратени кога моето тело е најспремно за трансфер. Мислам дека овој начин, правење на pool е добар избор за нас со намалена на резерва, за да не се губи времето и драгоцените јајце клетки кои и онака се во мал број. Ивф на природен или природно-модифициран циклус е, според моето искуство, за нас најдобриот избор, само останува уште да се види на кој како ќе му успее дали со свеж или крио трансфер. Ти посакувам многу среќа, упорност, сила и трпение..ќе успееш
Cestitkii mila ic ne se sekiraj mojata betahcg na 13 den bese 104 pa ete edno devojcence mi mrdka vo stomaceto
Yupiiii.Cestitki i Gospod da ve cuva. Znaev...ednostavno znaev deka ovoj pat ke uspees.Vo sigurni race si
Така е мила само тој што поминал низ многу неуспеси и маки знае како му е, но еве веќе имаш убав доказ дека сето тоа вредело направи еден "Delete" на се она низ што поминуваше...имав многу убаво чувство за тебе овојпат али не сакав да се истрчам пред време и само ти пишав нели никогаш не се знае Честитки од срце некако многу се израдував и уште кога прочитав дека кај мојот нов избор на доктор успеа си реков тука морам и јас да успеам. Ова е твојот најубав ден прославете си го ❤
Фала многу,да навистина згрешив тогаш,но понекогаш бурно реагираме,ама хормоните го прават своето.Сега една по една со позитивни тестови.
Честиткии! Имај лесна бременост и за 9м., полни раце со бебуш/и. И нервозата може да биде еден од симптомите на рана бременост! Сега уживај, опушти се максимално.
Ајде само напред , ти посакувам се најдобро ептен ме израдува. Благодарам за деталниот одговор чекаме убави вести од тебе во скоро време.
здраво ако можи да ми кажите бр од фондо неможам никако да ги добијам не се достапни помина 1месец немаат ништо вратено