@mac82, @Baby-hope* ви благодарам за одговорите. За МАКС и јас ја добив таа цена, 28 000 денари, но за природен модифициран мора да се јавам кај докторот. Навистина ќе ми помогнеше ако некој правел на ваков циклус во Плодност, за да имам веќе некоја информација и да знам дали ќе ми каже реална цена и според тоа да знам како да се поставам. Се развиваа цели дискусии околу ликот и делото на докторот, добив впечаток дека дел од членките правеле таму ин витра и дека ќе добијам некаква информација тука. Ама тоа е. Ако се премисли некоја, ја охрабрувам да ми пише во лп Како што ти пишаа погоре, кринон гел вообичаено се прима од пункција .Сигурно пишува на извештајот, провери убаво. 8 мм е веќе добра дебелина, до пункција сигурно уште ќе се задебели. Викаат дека над 7 мм е веќе добар, мада пожелно е да биде подебел. Не се оптоварувај со ендометриумот, докторот ќе процени што како, ако треба ќе ти даде естрофем, но секако ти е добар, не се секирај. @Лаура82 јас бев околу 40 год. и слаба резерва кога аплицирав за прв ваучер, без инсеминации и не ми побараа, ми одобрија веднаш за ин витро.
Прашање. Колку чини, од клиника во клиника, пункција на природен циклус и замрзнување на ембрион? Со оглед дека на природен циклус е најчесто една ј.к. а јас би сакала неколку такви процедури во неколку природни циклуси, како оди цената за замрзнување? Дали секое посебно се наплаќа? Ок, фала
Да си замрзнеш обавезно ако си во можност. Дај боже и да успееш овојпат, ќе си имаш за второ.. Ќе се поштедиш од хормони и сл. Трансфер со замрзнати е далеку поедноставна и поевтина процедура. Со среќа!
@Желба ,во Плодност ивф на модифициран циклус кошта исто колку и класично . Таму пункција ( на каков и да е циклус ) е 600 евра . Трансфер ( на каков сака циклус нека е исто ) кошта околу 900-1000 евра . Ако правиш трансфер со претходно замрзнати ембриони кај нив ,околу 500 излегува трансферот . Попуст можеш да добиеш во смисла да ме платиш некој х статус ,фоликулометеија .
@Желба, мислам дека не може да ти кажат точна цена бидејќи зависи колку дена и која терапија ќе ја примаш, но може да се информираш колку чини пункција на природен циклус и трансфер.
Незнам дали има можност на рати да се направи. . Сепак се оди директно на трансфер? Се плаќа трансферот? Колкава е сигурноста за квалитетот? И за колку време е цената во Систина? Годишно или за неколку години? Еден куп прашања имам ако знае некој би сакала да знам
Прашај си во Систина за на рати.. Директно се оди на трансфер, евентуално некоја припрема, но не стимулации, боцки, хормони.. Се плаќа само трансферот, јас платив околу 30.000 во Систина. Сигурноста - многу се ретки ситуации кадешто имало проблем со одмрзнување, дури тука на форумот што пишувале - еден куп има успешни баш со замрзнати. Систина е најскапа за замрзнување, јас замрзнував таму - 42.000 за 1 година, секоја следна година се доплаќа 11.200 ден.
Фала, после 3 недели ми рекоа докторите од Турска на ехо а матичната ми рече после 2 недели. Поздрав до сите
Ivf кај мене имаше шифра и дел на латински така да не открија дека сум ивф.Ако нема промени сега....Секое добро
Желба, нас ни ја предложи методава и сега чекам на следен циклус да започнеме со постапка. Јас имам нниско амх па сакам да биде на природен циклус,но ќе видиме мислење од докторот. Меѓутоа макс ќе шправиме пред пункција. Вас што ви кажа?
Во право си, но не би сакала да знаат...но кога веќе треба, тоа е, најбитен е резултатот Ви благодарам на сите за поддршката, дај боже сите со позитивни резултати да бидеме . Во сабота сме на ехо, па би требало тогаш да ни кажат за пункција и трансфер...
Женски првата прогестерон депо скоро па и не одеше добро шприцањето... Така зошто е густа? Да не треба да се раствора.. Во стомак ја боцнав јас